Здраво феминки мо доцни 4 дена а пред 3 дена правев Бета ХЦГ и беше 274 а докторот не можеше ни да ја види црната дамка има ли место за паника или е сеуште многу рано ?
Не се секирај сеуште е многу рано. Барем 10+ дена треба да поминат. Јас 3 пати бев на ехо на почеток дури да ми потврдат бременост, па да видат ембрион. Немај гајле.
Здраво на сите. На 27.05 бев на гинеколог (7+5недели од последна менструација), плодот е одличен одговараше на 6+1 и беше 4.3мм, но немаше срцева реакција. Ми кажа да почекаме и бев денес 01.06 (8+3 од последна менструација) плодот пораснал 7мм одговара на 6+4недели, но се уште нема срценце. И докторот се зачуди има напредок а не се појавува срце. Ме испрати на второ мислење на ГАК во среда (ми кажа да му дадеме фора до среда, бидејќи пораснал во големина, но доколку срцето се појави после среда ќе биде доцна...бидејќи детето ќе имало аномалии. Доколку доцнело срцето сите органи потоа доцнат.) Матичниот ми кажа дека и во среда ако не слушнеме срце да прифатам чистење. Ве молам за слични случаи да ми пишете....многу сум тажна
Здраво...ве замолувам да ми кажете мислење од вас за една ситуација што и се случува на моја блоска личност...значи забремени се беше добро додека не прокрвари во 5та недела,беше на лекар и рекоа дека крварењето е од тоа што бил слаб делот каде што плодот бил прикачен на матката и и дадоа терапија со добростан и прогестерон,на следната котрола немаше сеуште срцева акција но плодот беше пораснат за неколку мм...вчера пак беше и сеуште немаше срцева акција и и рекоа дека плодот почнал да се намалува и да го снемува,на ехото не се познаваше многу плодот,но кога и провериа bthcg беше 536 што одговара за 6та недела(а она треба да биде 7ма недела),и докторот беше малце збунет и му даде на плодот уште една шанса до понеделник дали ќе се избори и ќе добие срцева акција или ако не успее да чека самото тело да го исфрли.Дали некој имал слична ситуација да ми каже совет,и дали кај некој срценцето почнало да чука покасно????
Може е покасно останата бремена. Јас затоа закажував во 8ма 9та недела прво ехо. Така се зафркнав со првата бременост. Многу рано на ехо. Па да дојдам за 3 дена, за 5 дена. Се вагинално ехо по 100 пати. На крај се случи крварење, не ми дадоа никаква терапија и нормално без терапија се случи спонтан.Ако и предложи чистење,нека оди на уште едно мислење освен ако нема симптоми на спонтан.
Здраво девојки, според последна менструација треба да сум 10 недела и 3 дена, но доктурката ми даде една недела понапред бидејќи не се знае кога е зачнато и ми рече 9та недела, но плодот е мал за оваа недела одговара на 8ма недела, дали има простор за паника или се ќе биде во ред, ве молам за искуство бидејќи многу се вознемирив
Не се секирај доколку има срцева реакција неделите не можи точно да се предвидат неделите сега рано е уште..си имала покасна овулација и покасно си останата бремена..
@Hely97 нема простор за грижи се уште е рана бременост. Сите испитувања што треба да се направат понатаму во бременоста ќе си ги направиш, без прескокување.
Здраво на сите, денеска бев на гинеколог, јас сум според последната менструација 16недели и 3 дена, досега секогаш имало нормално 3, 4 дена разлика плодот како и што е нормално, но сега пишува дека одговара на 15недели и 5 дена, незнам дали е во ред тоа, но докторот не ми кажа дека нешто не е во ред, рече се е добро со бебето, ме плаши многу тоа што сега имам такво не совпаѓање со неделите
Прво, во друга тема една од членките толку ти објасни, дури и ти прати слика од нејзин ехо преглед за споредба, само за да ти докаже дека е нормално. И во 5 други теми да пишеш ќе ти го кажат истото, дека е нормално. Варијации до +/- 2 недели се сосема физиолошки. Растат и се развиваат со различна динамика. Второ не знам зошто би те "лажела" докторката кога ти кажала дека е се во ред. Овде е ок да смениш мислење, но гинекологот секако дека го има последниот збор. Олабави со паниките, стварно.
I moeto cupe biometriski e 36ta nedela a spored posledna menstruacija sum 38 ama bebeceto si e super si napreduvam bez sekiracii
Здраво потребен ми е совет или некој ако имал слично искуство. Би требало да сум бремена околу 7 недели. Пред 12 дена ми рекоа дека ќе имам абортус зашто плодот бил одцепен , и крварев (малку не обилно). Бидејќи не бев сигурна отидов на приватен доктор. Тој ми даде прогестерон да пијам и по 7 дена ми направи ехо. Рече дека бебето е мало, касни околу 2 недели и дека не е отцепено и има срцева реакција, но сепак има шанса за абортус и дека треба да чекам уште недела две за да се знае што е работата. Веќе 5 дена не крварам и никогаш немав болки во абдоменот. Дали некоја имала вакво или слично искуство? Дали е подобро само да лежам и одмарам или нормално да функционирам? Се трудам да сум смирена и без стрес но тешко оди.. Фала ви.
Здраво девојки/мајки. По менструација сум 8+1 пред ндела дена кога бев на преглед бев 7+1 и на ехо не можеше да се види плод туку само жолта кеса и делот од каде ке се храни плодот, ми рече да почекам и за две недели да дојдам тогаш би била 9+1. Испитував бет и на 7+5 беше 5820 а за 48 часа беше 6338 некако многу малку порасната за тој период, што мислите вие чисто ми треба совет и искуство