Недолични коментари кон трудници

Дискусија во 'Бременост' започната од Delgadina, 21 октомври 2012.

  1. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    377
    Здраво,

    Нова сум на форумов и тазе трудничка :$ , не знам дали до сега е отворена ваква тема (простете ако трупам дупли теми) но мислам дека ова е многу важно.
    Мене лично (не знам дали е поради хормоналните промени) многу ми сметаат недоличните коментари кои редовно почнав да ги добивам од колеги на работа без осет, непознати, познаници, "пријатели".
    Колега:"Еј абе сега као бољи ви е сексот со маж ти?"" Му смета на бебето кога ќе му го види на маж ти"?
    Колега2: Леле сега колкава ќе се направиш да почнеме да криеме храна.
    Познаници: Еј па не ти се познава, сигурна си дека си трудна? Леле колку изгледаш уморно? Леле едвај чекам да почнеш да се тркалаш по улици!

    Минатата недела двајца од колегите во иста канцеларија беа болни и забележаа дека не сакам да ми се приближуваат за да не настинам и јас, дојдоа до мене се иссекнаа и побараа да видам чиви мрсули биле позелени. Нормално дека го пријавив овој случај кај претпоставените, но сепак останав навредена од инфантилното однесување.

    Се надевам дека не сум единствена на која и се случува ова, затоа што ако сум нешто не е во ред со мене и имам некоја енергија што повикува на вакво однесување од околина.

    Искерно мислам дека бременоста е прекрасна работа и уживам кога сопругот ќе ми каже дека сум прекрасна и дека му зрачам. Од него го добивам целото внимание од овој свет. Веројатно не треба тоа да го очекувам и од околината.
     
    На Dr.Zzz и 1209 им се допаѓа ова.
  2. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    751
    аууу, па ова е нешто страшно не култирно, и да не си трудна со нешто слично да те вознемируваат ке те надразнат нервно не па ли за вакви глупости ц ц цц срамота. Јас да сум била на твое место ке ги пријавев кај надлежните за вознемирување и навредување.
    да не бидам оффтопик и мене ми сметаат некои кометари од типот леле колку килограми имаш ставено? мрда ли бебето? малечко ти е мешето за месеците, треба да си поголема :tmi: има еден куп глупави коментари и прашања, ама обидете се да не ги приметувате, за ваше добро, да не се нервирате. И уживајте си во бременоста :*
     
  3. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    163
    И мене ми се има случено да добијам недолични коментари. Со мм купуваме сендвичи од кај Вили и околу и други чекаат нели, кога еден вол ми вика пред сите, КО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО, нити го знам нити го познавам човеков- дај ма погледни се во огледало види се колкава си, колкав ти е стомакот и ПРЕСТАНИ ДА ЈАДЕШ ВЕЌЕ ЕДНАШ!!!!НЕЛИ СЕ СТРАМИШ КАКО СВИЊА СИ!!!!!!!!! Ауууууууууууу........хорор....Како сум се пострамила. Ми се одјаде, ми преседна и сендвич и се. Луѓево кои веке сватија дека сум бремена почнаа да се смејат, некои и дадоа коментари во смисла види го љубоморен е што не може да биде и он труден и слично..но , глобално гледано се утепав плачејки пола ден.
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.006
    Значи вакви ненормални од секогаш имало и секогаш ќе има, луѓе без осет.
    Мене мешето уште рано почна да ми се познава и бев доста поголема за месеците, па обично тоа беа замерките, забелешките, коментарите.
    Но, имаше и многу од типот “леле колку си поправена“, “колку килограми качи“ и сл. Од почеток ми сметеа, си плачев , си се нервирав, но подоцна си отрпнав, сфатив дека нема потреба да им придавам значење на секакви будали.
     
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.748
    Мене па мало ми беше мешето, а на други со некоја недела зад мене каде каде поголем од мојот стомак. А на крај сепак родив здраво право машко дете од 4 кила.
    Најмногу што ми сметаше беше што 90 % не стануваа во автобус да седнам. Е тоа смрт. Прашањата за кг иако не ставив многу, кој пол ќе е детето, име, абре нека ми е живо и здраво друго мање битно.
    А после бременоста на место да прашаат како е детенцето, големо да расти, ти како се чувствуваш, тие ’А имаше компликации? Бременоста како ја помина? Пороѓајот со или без компликации? Колку качи малото од кога си дојдовте од болница?’ И ајде сега бери им го умот.
     
    На valjaaaaa и wolf4e им се допаѓа ова.
  6. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    604
    Пол:
    Женски
    Сега за сега нема искуство од ваков тип,но се уште е рано,па не очекувам дека ќе ме одминат :^) Инаку,да,има луѓе без осет што се вели...некои љубопитни `пријателки` знааат да нафрлат некое глупо прашање од типот Сигурно сега сексот ви е фантастичен? Кои пози сега ги работите? Многу јадеш,ќе се здебелиш! На ова само ќе се насмевнам со пола уста и ги оставам без коментар...зосто нели сите прашања не заслужувааат одговор :!:
     
  7. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    377
    Знаев дека не сум единствена :whew:

    Секогаш кога ќе добијам некој недоличен коментар, во моментот не ми текнува како да вратам, некогаш од шокот на прашањето, некогаш едноставно не верувам дека може некој такво нешто да праша/искоментира. Кога ќе дојдам дома ми текнуваат милјон и еден come back на глупите прашања и коментари.
    Не ми е криво што не сум вратила веднаш, затоа што најчесто такви идиоти во такви ситуации че те спуштат на нивно ниво и пак ќе те победат на нивни терен.

    Фала ви на советите :* :* :* , целосно ги прифаќам, игнорирањето на идиотите е најдобро.
     
    На Cliona, valjaaaaa и wizardess им се допаѓа ова.
  8. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    74
    abre ima nezdravi bez oset dali nekogo ke navredat,mene vcera edna mi vika lele u 9ti mesec ke bides kako trokrilen ormar,edna aaa dosta si se rasirila itn ama ja samo ignor i neka pasat treva
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    280
    Јас првпат слушам дека и вакви коментари може да има за трудници :o Јас од блиската околина а и пошироката имам само убави комплименти и коментари во врска со изгледот, зрачењето, разубавеноста,никој ништо погрдно не ми кажал, напротив од сите позитивни реакции си се убадив сама себе дека сум многу убава трудница и со некое килце плус. :$ Плус и мм секој ден сам ми кажува дека сум му најубава и после тоа никој и ништо не може да ми расипе расположение.
    А на работа и јас си имам некои колеги што си имаме полежерен однос и што ме зафркаваат дека не памтам кога секс сум имала последен пат :lol: или навикнати цел живот да ме гледаат во штикли и сега наеднаш во балетанки, па има малку сеир за тоа каква женска сум била со штикли, а сега каква тетка сум била во широка облека и рамни чевли, ама знам дека е зафрканција, во едно уво ми влегло, во друго ми излегло. Дури некој сеир ако ми е смешен, кога ќе дојдам дома му го кажувам на мм, па двајцата се смееме. Ништо лично не ме подогодува.
    Исто еден колега секој ден ми вика дебела, па јас му контрирам дека он е дебел, дека јас за некој месец пак ќе бидам женска ипол, а он ќе си остане дебел засекогаш и после тоа си се смееме двајцата :D
    Доколку би почуствувала дека некој навистина нешто погрдно сака да ми каже, би му рекла гледај си ја жена ти, не мене да ме гледаш, или ако е женско ќе и речам ќе те видиме тебе ко ќе бидеш трудна на што ќе личиш или нешто така, не би оставила да се осетам навредено без потреба, без да дадам до знаење дека некој е невоспитан со коментарите. :@
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    21.502
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас добивав само убави комемтари додека бев бремена од околината 8)
    а и побуцка убавко и си се осеќав , иако само имав ставено во мешето .. лицето исто ми се збуцка
    и после пораѓај цела се стопив ,сите вишок килограми ги стопив наеднаш

    ама па нема и смисла да се коментира лошо на бремена ... дека е здебелна премногу итн итн
     
  11. LaChiquita

    LaChiquita Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    350
    коментариве што ги добивам не би ги ставила во недолични, но морам да признаам дека ме понекогаш ме нервираат.
    „Лелееее ич не си здебелена...јас колкава бев кога бев 6-ти на кај 7 ми месец...одиш ли редовно на контроли?“ :@
    „измисливте ли име за бебето? ајде ајде кажи барем кои ви се во игра“
    „каква си разнежнета“
    „јади си јади, ти треба за 2-ца да јадеш“ :envy: е од ова ми иде да пукнам...
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    50.142
    Не ми се верува што читам ,какви луѓе постојат :|
    Мене секоја трудница ми е убава,мислам зрачат на некој посебен начин.
    И ете сега ве читкам дека ви сметаат малку прашањата од тип-кој пол е,смисливте ли име и колку кг качи,да знам да не ги прашувам веќе другарките :lol:
    Иако незнам друго што би ги прашала,ако не прашаш ништо-па ќе испадне дека уопште не мислиш на нив :?:
     
    На M-1207, Domino, SimonaTino и 3 други им се допаѓа ова.
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    1.063
    Мене свекрва ми ми рече дека знаела за една многу ефикасна диета која ќе ми била од корист кога ќе се породам.
    И реков важи фала многу сега остави ме да уживам уште 2 месеци. :^)
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.727
    Допаѓања:
    46.345
    Пол:
    Женски
    Мене не ме нервираа прашањата за килограмите, полот или името, што друго и би прашале трудница?
    Мене ужасно многу ме нервираше некој кога неповикан ми го допираше стомакот, како буда да сум па ќе ми го трља стомакот за среќа :@
    Ми се случило многу пати и тоа од луѓе кои штотуку сум ги запознала, како стомакот да ми беше државна сопственост па секој да има право да ми го допира :swear:
    Тоа само ме вадеше од такт, прв пат кога ми го допре стомакот една комшика рипнав назад два метра, ќе се утепав, немаа луѓето осет за нарушување на личниот простор или гледаа дека ме нервира тоа па намерно го правеа :^)
     
    На MarchelineAmaru, Луцидна Луција и violetmoon им се допаѓа ова.
  15. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    280
    И мене ме нервира допирање по стомакот. Освен најблиските навистина не е пријатно други луѓе да пуштаат раце.
    А за муабетот за диета, една пријателка на мајка ми ми рече: Штом ќе се породиш првите 2-3 месеца да јадеш само гриз со малку млеко и стомакот одма ќе ти спадне, како да не си била трудна :o
    Хелоу кој те праша за диета, кој совет е тоа? плус како ќе дојам бебе ако основна храна ми е гриз??
     
  16. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    377
  17. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    3.828
    Пол:
    Женски
    Знам дека на бремените жени малце хормоните им "лудуваат"значи не го кажувам ова за да навредам некого,ама можеби треба и вие бремените жени да се запрашате во себе дали коментарот до вас бил со цел да ве навреди или чисто муабет и покажување на грижа.Како што читам некој се навредува и ако му речат ич не си се поправила,па тоа јас би го сватила како комплимент.И зошто недолично прашање да биде какво е бебето?Или мрда ли бебето?Јас на пример тоа го прашувам од милост и радос кога некоја моја блиска е трудна.Обидете се да не се нервирате за се и сешто и потсетете се какви прашања сте поставиле вие на некоја трудница кога не сте биле трудни сигурна сум дека ако ништо друго кој пол е бебето сте прашале :).Има да прашања кои оние подалечните како на пример спомнатите колеги за сексот кога прашуеле тоа не е во ред да,или леле колкава си се направила,ама некои работи се сосема во ред да ве прашаат во друга состојба сте (блажена)и неможе а да нема никакви прашања во врска со тоа.поздрав и се надевам ке дознаам наскоро дека и јас сум трудна :)
     
    На Dream-Girl, Espadrila, calliope и 7 други им се допаѓа ова.
  18. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    до сега недолични коментари немам добиено од никој, сите ми велат дека не ми се ни познава дека сум бремена во 9месец се што јадам кај синко оди па јас не сум поправена ни малку, само некна на свадба ме изнервира госпоѓата што седеше до мене, јас 9месец а таа искоментира во стилот оставете го "трајко" со него муабет не се прави станал татко, јас само ја погледнав чудно и се направив дека не слушнав ништо, после вечерата кога почна синко да мрда она ме прашува па ти не си породена, и викам не во 9месец сум, и она леле извини преска што искоментирав дека си се породила па не личиш на бремена кај го носиш тоа дете, мене навистина незгодно ми падна и цела вечер ме болеше глава ми го "изеде" газот, едвај чекав да дојдам дома од свадба и да се измијам со крстена вода. Исто и некна едни девојчиња на автобуска чекаме автобус и едната искоментира леле тетката е бремена само во автобус да не ни се породи ама ни најмалку не се навредив и јас се изнасмејав со нив
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    808
    Секакви луѓе има, нека си коментираат што сакаат, глупаци. Јас не би се нервирала,ќе си гледам мое здравје и здравјето на бебчето. Никој друг не ме интересира. Игнорирајте ги и свиркајте си...
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    6.117
    Допаѓања:
    31.246
    Пол:
    Женски
    Значи не сме само ние кои не сме останале бремени а сме во брак на мета а? Коментарите од типот кога? што чекате? работите ли на случајот? ме вадат од такт :@

    Туку имам ситуација кога ми коментираат: Кога ти ќе останеш трудна ќе се тркалаш, само ќе си јадеш :@ Добро остај ме да останам бремена па после коментирај, важи :@ Значи кој ти е филмот, што сакаш да кажеш, да не останувам бремена затоа што ти така мислиш :x Физичкиот изглед во овој период не е битно тебе да ти се допадне, туку да не и претставува на мајката проблем, ако го сфати тоа комшиката нема да има проблем никаков. Косата на главата ми се крева од такви демек муабети за доброто на мајката и детето :@