Ама во бременост логички е да се здебелиш. Како да не знаев дека сум здебелена па мораше они да ми кажат.
сто кг да качи некој нема да речам такво нешто. ако речам си ослабела рачунај дека те сметам за личност со која немам конструктивен муабет у превод глупа си и од култура да се најдам у муабет ај..
Јас каков коментар добив.. ааа со првото ептен беше разубавена и сега не си лоша ама сигурно е машко втф? Не е нешто страшно ама од такт вадат муабетите за полот
Совет од една 'културна' како тебе. Што и да правиш не дозволувај да те вовлече во расправија зашто ти ќе се нервираш после тоа и ќе кажеш ствари што не сакаш. Само враќај и строго со една реченица и да се затне. Најдобро е да и кажеш да си ја гледа својата работа и толку. И јас си добивам коментари зашто ќутам нонстоп, еднаш пукнав и кажав премногу Не е убаво така.
@Jana06 Во право си. Вчера бев премногу нервозна, дали од хормониве, дали е навистина до толку работава.. еднаш сакав на мм да му кажам, ама ајде ќе испаднам ко дете мало. Од сега со неа на такви теми не разговарам. Ако зборува за себе само ќе ја слушам и не коментирам, ако зборува за мене ќе и речам да нема гајле, за моето бебе има кој да се грижи
Те сфаќам како се осеќаш. Едно е да ти каже како поминала на доктор, каде и зошто ќе раѓа, а друго е да ти го каже сето тоа со некој тон дека ти не носиш правилни одлуки за детето. Приватни болници, мало бебе... Мислам зашто? Знае дека си загрижена и чекај да те дотепам. Не му кажувај на маж ти ама гледај да се погоди ситуација сама да си се покаже пред него. Какви луѓе еј.
И ја си добив пред некој ден коментар Леле колкава си, голем ти е стомакот машала и тоа од другарка кој пред 7 месеци се породи и изгледаше како топка. Имам добиено и други слични коментари, иако верувајте дека само стомак имам, се ми е во стомак, нозете ми се слаби како и претходно. Затоа не знам дали овие коментари се злобни и намерни или ненамерни.
За муабетот со автобусите - станувам на трудници во автобус иако треба со големо внимание пошо еднаш кога станав за една да седне, се навреди - се осетила како да ја правам неспособна. Не мислам дека треба да се расправаат трудниците ако некој не ги пушти преку ред. Секој брза, на секого времето му е важно, не знаете во каква ситуација е другиот и само затоа што е трудница не значи дека е привилегирана. Ако некој го отстапи својот ред, тоа е добра воља, а не обврска.
Во контектст на недоличните коментари, ептем ме вади од такт муабетот: ајде, кога дете, што чекате? Имам една комшивка редовно ме прашува да не има нешто ново, здебелена си, ослабена си и сл. За да биде трагедијата поголема, во моментов поминувам низ спонтан, и пред некој ден го добив истото прашање, проследено со молчење, као чека одговор, мислев дека ќе ја убијам во моментот...
Нема крај на коментарите, секогаш ќе ги има. Еве уште непородена со првото, ако нешто не сум направила ми викаат ајде здравје за второто Јас не знаев и едно дали ќе имам... Не им се замарајте, ако можете возвратете безобразно за да не им текне веќе.
Секогаш ќе има луѓе што се мешаат кај што не им е местото. Јас да сум трудница и некој да ми ја коментира тежината би го задавила.
Многу сум среќна што не сум во мк во моментот. Последен пат кога бевме, бев 6ти месец, и на прво видување сите право во стомакот зјапаат, да видат дали и колку пораснал. А за коментари немаше многу, оти тие што пред за забременам се осудија да коментираат "ајде што чекате", "ајде и кај вас да замрда некое", си го добија поштено и после не се осудија пак нешто слично да кажат.
Мене највеќе ме нервира свекрва ми, постојано ми спомнува некоја нејзина внука како правела во бременоста, па ми кажува што и како да правам јас. Постојано се слушаат на телефон и секој пат и кажува што и како правам, а таа од таму не треба така. Што сум јадела, што не треба да јадам, што да пијам и слични некој работи. И секој пат поќутувам и викам кој како сака и му е убаво така нека прави, и така ја затворам темата. Ама некогаш толку ме вади од такт тоа, и ми се иде да и речам фаќајте патот и ти и внука ти не ме интересирате воопшто.
Јас инает и терав на свекрва ми. Ако она јадела јаготки (на пример), не значи дека и јас треба да ги јадам. Или кога ќе ми речеа други - Мачкај се. Ќе имаш стрии. Јас им одговарав - Сакам да имам стрии. Бог да чува се луѓево. Леле колку си се поправила. Ама се чудни. Што треба да направи трудница? Да држи диета во бременост? Не дека нешто се замарам со коментариве, ама изгледа луѓево немаат попаметна работа. Ама една комшика ме изнасмеа. Додуша, за плачење беше работата. Ми вика - Јас се пораѓав во ......(името на болницата). Да знаеш дека таму има супер јадење. Јас и викам - Не јадам јас тоа.