ние многу сакавме девојче и дури и име имавме и пресреќни бевме кога ни кажаа дека желбата ќе ни се оствари. Арно ама имало начин на тоа како се гледало дали е машко или женско според тоа дали го носиш горе или доле дали си заоблена или само стомак имаш како цуцка дали си убава или си огрубела во ликот и сетоа тоа блаблабла. И сите кога ќе ме видеа јас така разубавена, нормално екстра естроген во мене, и само стомак напред имав и сите лелеле машко, а пусти мм многу се нервираше.значи од продавачка, комшивка па до роднини сите коклу пати ќе не сретнат сите не препрашуваа дали сме сигурни дека ќе биде женско бидејќи сум личела како машко да носам и многу сум била убава. Мм вриштеше од нервоза ко тој да е труден не јас.И на крај се роди една убавица и му викам имаше ли причина за нервоза, се разбира не.Така да за второто истото беше ама сега не се нервираше.Остајте луѓето нека си зборат што друго ќе прават
^ И мене сопругот ме зафркаваше дека кога јас ќе останам бремена, вратата нема да ме собира а на фотељата ќе требало да и ги отстрануваме страничните делови Потоа дека нема да го оставам на мир, во однос на купи ми ова, сега ми се јаде ова (јас бев таква пред да останам бремена). И покрај тоа што цел живот бев на диети,си го оштетував организмот со тоа што спречував да јадам тоа што ќе посакам, до пред 1 месец јас немав ни стомаче, сега почна значително да се познава, јас сеуште ги носам истите пантолони, а вратата ме собира и фотељата си е во иста положба . Малку ме нервира кога луѓево ми велат, ааааа си се поправила, е како да не се поправам кога за неполни 2 месеци јас ќе се породам. Битен ми е физичкиот изглед, но не премногу, затоа што овие 9 месеци се само мои,можам да му удоволам на организмот да пробам се што сакам(во дозволени количини) затоа што јас формата и линијата кога тоагаш ќе ја вратам,а овој период е единствен и неповторлив.
На мене не ми пречат коментарите од типот - ама си се поправила, леле колкав ти е стомакот, и др. Тие коментари не ги ни сметам за недолични. А сум ги добила од комшики, другарки и не гледам ништо лошо во тоа. Мислам дека не треба да им се придава многу значење на ваквите коментари.
Зошто толку осетливи? Why so serious Никакви прашања не ме нервираа, и така се повторуваа цело време, истите. Ќе се нервирам оти ми рекле поправена си, или што пол е, како да не. Другарките кои не биле трудни до ситници ме испрашуваа па се им одговарав. Исто и за совети, што не се изнаслушав во тој период што и како треба да правам, па само ќе климнев аха и толку.Никој не напаѓа трудници, посебен третман добиваме во тој период да бидеме искрени, а туѓата љубопитност ќе ја задоволиш онолку колку што ти мислиш дека треба.
гледај се колкава си и ајде веќе зошто не излегува се за мене коментари кои се недолични во моментов и ме вадат од такт! Божем од мене зависи излегувањето! Не сака!
Недолични коментари немам чуено во теков на бременоста... Но, можам да се наречам јас недолична. Некако на почетокот, кога многу ми се лошеше (2-3 недели така) страшно се нервирав... И кога ќе ми речеа "епа трудна си, ќе трпиш за дете, мајка си..." полудував. Мислам, само што дознав, не сум уште свесна, а одма ми солеа памет дека тоа е, жртва од мајка за дете... Бла бла и слично... Исто така се нервирам кога ме фаќаат за стомак. Кога ме гњават за име... А кога ќе кажеш кои се во предвид даваат коментари дали им се допаѓа или не... Мислам, кој ве праша, дали вас ви се допаѓа името, сериозно?? Ме нервираа забелешки дека дефинитивно ќе имам гојазно дете оти имав вишок килограми и пред бременост... Па дали држам диети и дали редовно пешачам... Дали внимавам на линијата и слично... Па совети, едно друго... Дефинитивно ме нервираа моменти кога ќе имаме некое име во предвид, и луѓето прашуваат "како е (работно-име-на-бебе-сеуште-во-фаза-на-одлучување)?" Од кај да знам како е.. "еве добра, ве поздравува..."... ??? Хормони се знам, се надевам дека ќе поминат и дека целиот сарказам на крај ќе се претвори во љубов, ама дека ќе се "лигавам" и "мекнеам" само за да глумам, некако... Стварно не можам.
Мене единствен коментар кој ме нервираше, и не ми се верува колку голем број навидум урбани луѓе после прашањето: Дали знам кој пол е бебушот? Јас насмеана им кажувам – девојче. И пазете го коментаров, со утешувачки тон: Епа ај здравје второто машко ???? дури тажни. немам коментар после ова. Прво мислев дека не ја сваќам шегата, ама ови озбилни бре – свашта.
Во различни земји и култури, допирањето на стомак на трудница различно се толкува. Веројатно секогаш со одобрување од трудницата. Eдна пријателка која живее во Италија ми рече дека таму е нормално да го протриeш стомачето на трудницата и да му посакаш нешто имаше во врска со fortuna (среќа)... не ми текнува како беше. За многу блиски особи можеби да, но за останатите???. Многу се чувствував непријатно кога бев така допрена од особа што не ја познавам доволно, но за жал не се случи повторно за да ја грабнам така за задница со полна рака. Па во ред е нели, се додека тебе не ти смета тоа што ме допираш, зошто пак тебе би ти пречело. Некои луѓе едноставно заслужуваат така.
@mamita83 мене пак за машко кога ќе кажам, некако фаца искривена и ај нека е само живо и здраво. Јас не се ни сексвам како сум реагирала претходно.
Освен еден другар на мм што ми кажа „леле ама си голема„ друг коментар лош не ми кажале. Се супер коментари си добивам, дека сум убава трудница, не сум била многу здебелена итн. Баш мислам дека многу луѓе се наклонети кон трудниците, повнимателни се некако.
@mamita83 Леле да, ... На почетокот баба ми со тие старите сваќања - ајде па машко да е. И викам - живо здраво, па после ако бирам, сакам девојче да е. Од толку што ми викаше машко, ја излажав дека е сигурно девојче уште пред да видат стварно, само за да замолчи.
Што знам,не се сеќавам дека некој кажал лош збор ...дури и комплименти добивав дека имам чекор како турски војник,дека не сум многу голема со оглед на бременоста.Такви пипкања не сум имала како што кажувате ,за полот ме прашувале ама не кажував,за првото знаев дека е машко а второто не сакав да знам. И така...одамна беше...
Морав ова да го споделам, иако не се работи за коментар додека бев бремена, туку отпосле. Среќавам пред една недела другарка на улица со која се немавме видено од пред да се породам, и ми вика- што бе вака згодна? И јас целата прашалници....и ја прашувам зошто. Ми вика- па незнам, ја као очекував да бидеш многу поголема (читај подебела)! Значи ако си родила дете автоматски треба да бидеш дебела
Пак јас тука, еве да се надоврзам со новитети. Ќе речам, може е пак до мене, и јас сум недоличната, но деновиве вријам кога некој ќе ме праша - има нешто ново? До кај си...? И не е само прашањето, туку и коментарот - "добро, планира да излезе? Што направи бре... Ц ц ц... До кога ќе чекаме...?" Ок, разбирам ха-ха коментари, но мајку му бре, кои сте пак вие тие што толку чекате... Комшии што ви е скрос реално неважно?? Јас сум таа што чекам највеќе, јас сум таа што сум во неизвесност, што не знаев што ќе правам за нова година, што не спијам навечер од стомаков како лубеница и киселините кои ме прават да се осеќам како аждаја оган што фрла... Хесус! Недела дена веќе се бара да одговарам на прашање кога планирало да излезе детето. Мислам... Луѓе бе, аман!
Не знаев дека нормални, секојдневни прашања упатени кон трудница во врска со бременоста ве нервираат и ги сметате за недолични. Јас како што ги читам постовиве во темава вас нема нешто што не ве нервира. Не знам што сакате да ве прашаат луѓето, а да биде прашање на место според вас. Нормално дека некои прашања се наметнуваат кога седиш со трудница. Од култура ќе потпрашаш нешто, да се најдеш во муабет. Пол, име, а со поблиски трудници може да се разврзе муабет и за тежина, прегледи, термин итн. Тоа се прашањата. Сигурно дека нема да прашам кога точно и каде го зачнавте. А па да не прашаш ништо, глупо би било, тогаш љубоморна ќе излезеш, или лоша дека не те интересира. Сигурна сум дека се работи за хормони, ама сепак да си знам од сега апсолутно ништо да не прашувам, којзнае како ќе си го сфати тоа другата страна.
Daydream donekade i hormoni se vo prasanje,no veruvajte i da ne si trudna ete trgni od sebe,dali ne te nerviraat ponekogas klise prasanja postaveni radi red? Ne se raboti za histericno nerviranje ama ete porano von bremenost mene od sto mnogu cesto postavuvano,mi se smaci od prasanjeto"ajde sto cekas,"..za mazenje. Ne se nedoicni kolku sto deka se cesti dosasuvaat. Vo pravo si deka nesto mora covek da prasa. Mene licno dali deka tek na polovina,zasega ne mi zasmetalo nesto posebno. Samo koga na tolku problemi nekoj ke ti se javi so od kurtoazija so od zagrizenost da te prasa kako si na kraj ti vika ""More glej tamu se da bide vo red samo"..ne deka mislat nesto loso,ama sto da gledam jas,kako da gledam poveke od ova koga cetiri meseci od krevet ne mrdam a doktorite samo gledaat da se pobijat vo mislenja eden so drug,i duri pravat da se cuvstvuvas vinovno deka si so patoloska bremenost.. Me nervira koga eden veli lezi,drug stani "bremenosta e uzivanje ne patologija"..pa dobro odlucete se ili barem dogovorete se nekako. Mada i niv gi razbiram.Edna ista dijagnoza kaj site trudnici ne isto zavrsuva,taka da... I nam ne ni se pogoduva.Imame potreba od poveke vnimanie,sakame razbiranje ama nemame sili,volja li sto li ke e ,da i nie gi razbereme drugite..
Во последно време и на мене се почесто ми зборат за мажење. Особено сега откако се ожени на дечко ми братот, и знаеш сега како иде тоа, ајде и вие другата година. Ама не, не ми сметаат тие коментари, воопшто, само кажуваме има уште многу време за нас, ќе се изначекате и толку. На постариве тоа сега им е најголемата радост, сите тоа чекаат, свадби, внуци, правнуци итн. И само тоа блебетаат. И дома веќе почнаа да си прават муабети за кога ќе имале внуци вака ќе правеле, така ќе правеле. Не треба да ги земате здраво за готово коментарите, општо за што и да се работи. Од најблиските луѓе знаеш дека се со најдобра намера, а од другите - од едно уво влегло, од друго излегло. Ама разбирам дека не можете некогаш против тоа. Јас во ПМС кога сум знам да се изнервирам за глупост и да сфатам целосно погрешно, а не пак бременост, кога хормоните се превртуваат во тебе.
Коментар како "ајде што направи ццц нека излага" и слично е недоличен од проста причина што кај на трудницата и е тешко и мака па сеа и да и коментираат и нагласуваат дека долго се чека. Мене ми сметало и тоа "ајде што чекате" за дете. Од кај знаеш бе дека немам некој медицински проблем и не можам да забременам. И јас одговарав со "чекај млади сме" а всушност поминував низ спонтан абортус. Долично е сега да ме прашаш што чекам јас за бебе? Или зошто уште не сум породена? Може имам миљарда маки со тоа, не ми требаат ојлевци да се понашаат како нив да им се смачило. Фино би било да се каже "ќе биде, убаво му е кај мама" кое е исто клише ама не е недолично
Јас во принцип сум шегаџија и сама си правев мајтап на моја сметка. Зошто би се лутела? Леле ко балон сум, уште малку ќе пукнам.... Леле не одам веќе по патот туку се тркалам.... Колку сум огрдена, уште метла ми фали... Косата ми се згусти толку да во машина ја перам.... Што има да се лутам?