Абе девојки јадете за двајца што тоа ве нервира? Филмски глумици што биле бремени внимавале на исхраната аа како не, земете го фотошоп и вие ќе си бидете слаби. А да сте трудни со 3јка или 4ка ќе ве прашам. Читам горе не сте сакале да ви го фаќаат стомачето, де де ко за коса да ве кубеле. Многу голем чекор ви го фатиле мешето. Да знаете да го цените вниманието кое го добивате нема да се нервирате. А се нервирате кога не ви посветуваат внимание.
@buba4e89 Постои правило наречено "приватен меур". Спојлер Во контекст на фотографијата - си постои граница кој до каде смее да се доближи, за допирање од непознати да не правиме муабет, може да се третира дури и како вознемирување. Во поцивилизираните земји може да те пријават и во полиција за таква постапка. Нејсе, туку ти како би се осеќала кога некоја непозната жена дојде и ти рече: "Леле што убава г'за имаш!" и те докопа онака со полна шака? А стомак, а задник!? Исто ќе му дојде.
Аууу, ич не ми треба внимание ако тоа значи лигавење ради реда и без потреба...мразам работи што луѓе ги прават само затоа што се очекува од нив... Си има нормални моменти кои се подразбираат, прашања кои се долични и искрени... Кога дете мрда интересно, сама нудам да ме фати некој за стомак... Ама кога нема ништо, некој да ми се подаде за мевот и да ми го протрие како волшебна ламба ми е недолично. Прашања за име до некаде ок, ама коментари за име што го одбрале родителите вакво било или такво, нема смисла. Кој ве врти, ако не ви се допаѓа, не си го викајте така вашето дете. Ајде, ќе ве видам и јас вас трудници со хормони што вријат колку ќе бидете трпеливи за многу работи...
I jas neznam dali e do hormonite ama stvarno nekoi muabeti mn me nerviraat. Jas nosam zensko i edna sto rodi masko mi vika -jas nikogas ne sum sakala zensko, znaev deka ke imam masko. Druga koja kerka i ima masko mi vika - zensko pa ako ako - demek ne e masko ama ajde. I onakvi komentari od tipot lele zensko pa ko ke pocne da seta pa deckovci i toa se od tie sto imaat maski hmmmmmmm. Samo se molam da mi e zivo i zdravo gospod da ne cuva a dr. nisto ne mi e vazno. A hormoniteee ah i vo 6 mesec mi doagaat solzi neznam zosto
Единствен коментар кој ме нервира е еј поправена си. Мислам ало, непознавам трудна жена што не се поправила. логички е, нели. А инаку не сум нешто многу, сум имала животни фази кога сум била и подебела од ова во моментов.
Мислам дека имам пишувано, не ми пречеле прашањата кои се нормални за трудница, пол, тежина итн ама многу ме иритирало кога некој ќе сака да ми го допира стомакот, кога ми го нарушувале персоналниот простор. Исто ме иритирале со вториот син кога бев бремена кога као ме утешуваа со ај наредното нека е женско. Со ќерката кога бев бремена бидејќи се одлучивме да не го знаеме полот, кога прашуваа и им кажував дека не знам, веднаш коментираа дека сигурно е машко па затоа не кажувам.
Ja ne se zamaram so muabeti od drugi, sekoja trudnica e ubava na svoj nacin oti e blagoslovena, nesto vo ocite sjae, nekoj mir i sreka,sto mislam deka nikoj nemoze da gi narusi! Edinstveni dva muabeti sto me imaat iznervirano, se eden od svekrva mi koga rece deka sakala bebeto da lici na nea, a ona e kako magare u faca, i drug muabet e koga vo petti mesec edna neprijatelka mi rece mnogu mi bil golem stomakot, a jas edvaj dve kila imav kaceno, i doktorot mi rece deka imam ppreubavo stomace i deka zenite se mnogu ljubomorni na trudnicite, i deka toa e samo od ljubomora!!! Uzivajte si vo bremenosta i odbivajte na toa sto ke vi kazat ko komentar, vasata radost e mn pogolema od nivnite negativni komentari!!!
Мене многу ме нервираше колешката (за среќа веќе месец и нешто не работи со мене) ,ко ми се запна колку сум била здебелена. Е ај јас ,идиот ко идиот ,и викам две кила досега. И таа - Нема шанси да се само две ,ти лажеш ,види се колкава си ,само јадеш ,ете цел леб го изеде ( ?!?),на сите кои доагаа кај нас на работа им раскажуваше анегдоти како шред да останам бремена ништо не сум јадела ,сега само во храна ми бил умот ( кој ти враг бре ,пред да забременам дома си појадував ,пошо ,нели ,имам искомплексирана колешка и ме нервира некој да ми ги брои залаците и да ми се запира јадењето),па колку сум била нервозна ( а како и да не бидам ,кога во моја непосрена близина имам дебил кој мора да го трпам 8 саати дневно) . Еден ден ,кога така бурно изреагирав на одлуката на директорката да не ме осигурува ни во текот на бременоста ,истата таа идотска колешка ми вика - А кој ѓавол те тераше да остануваш трудна ,кога знаеш дека не си осигурана! - и тоа онака ,на врекнато ,демек јас сум била крива и не знам што уште друго. Фала му на Бога ,од неа се спасив. Од дното на мојата брутално искрена и ,на моја лична радост и голема гордост - оправдано скапана душа ,и посакувам ....некој ист ко неа ,да и го загорчува животот до максимум и назад. Друго ,ужасно ,ама ужасно ме нервира кога некој ми го гали мешето. Полека бре народе ,ами што си замислувате ,ако го погалите и од него дух ќе излезе и сите желби ќе ви станат реалност? Матер му ј***м!
Мене не ме нервира ништо ако речат враќам...додуша уште не можат да препознаат луѓето ако не му кажам за потаму ќе видиме.Сега беше актуелно дали е машко или женско и сите знајте ајде машко да биди и јас само се насмеав и реков извинете ама нешто ми вели дека ќе ве зафркнам сите. И по некој ден бев на контрола и ми рекоја неофицијално женско. И кога се вратив реков 80% ве зафркнав Спојлер Не дека не сакам машко да биди ама свекрвица има речено дека е љубоморна на тие ќерка шо имаат а таа 2ца синови подруги биле машките и да сме имале машки за да ја сватиме ко ќе бидиме свекрви и да доживеела да видела.И јас на тоа реков дај Боже да доживееш па да видиш каква свекрва требаше ти да бидиш А желба ми е да бидам и баба и свекрва во иднина.Ама тоа е друга приказна....
Мене ме "нервираат" душегрижници кои првпат во животот ме гледат, кои никој ништо не ги прашува а сами зборуваат, коментираат и советуваат. Кога одам на фризер веќе психички се припремам на коментари кога ќе ме видат: аууу, ти се фарбаш?!? Или, па последното вчера беше. Јас спремна за игнорирање нормално, седнувам и чекам на ред, фризерката ја работи жена, а таа видејќи ме мене започнува муабет со фризерка како ете она кога била бремена не смеела да се фарба, па си изнакажа цела историја се без некој да ја праша воопшто. А дали навистина се грижат сите тие за мене и моето бебе? Сигурно не, ама менталитетот секогаш да се забада нос во туѓи работи. Е па врв беше кога малку покасно млади жени ме буквално натераа да земам чоколадо кое што го јадеа, и покрај сето мое негодување дека навистина не ми се јаде, и тоа не да ме натераа туку ми кажа една од нив: "да не ми фрлиш нешто, нејќам да ми излезе чмичак на окото, во сабота сум на свадба" . Демек ако сум ја гледала а сум сакала ќе и излезел чмичак на окото, или дури бебето ќе ми се родело такво Катастрофа. Млади жени, демек образовани. Се почуствував навредено, ќе сум и фрлела нешто Кога и се насмеав во лице и кога им кажав дека јас не се бавам со магии, уроци и сујевериа и не верувам во тоа, една од нив почна да ме убедува дека ете знае да се случи кај некого и тоа. Само и кажав дека ако верува така, така и ќе и биде и си заќути. Ете, аман, подобро бремена да не излегувам од дома. Понекогаш имам чувство ко да имам куга, или благо речено не сум нормална, а не дека сум бремена.
mnogu me revoltira koga nekoja tetka, strina so nazadni svakanja, koga ke kazis deka cekas zensko pocina da te tesi "sto cekate ? -devojce... i ona na toa, aj kakvo saka neka bidi, bitno da e zivo i zdravo, aj vtoroto masko.... abe sanki za skraja da e nesto si kazaal pa te tesat. Pa ako ne e bitno so prasuvas de. Jas imav eden spontan znam sto preeziveav, i koe razocaruvanje mi se sluc... so ovaa bremenost letam vo oblaci deka se e vo red, i koga ke vidam nekoi faci koi kako da te sozaluvaat mi ide da im gi razmatam.
Не ми сметаат коментари од типот како напредува бебето, до кај сте и такви слични работи. Тоа ми е секојдневен муабет со блиски луѓе. Ама страшно ме вадеше од такт што на самиот старт на бременоста добив коментари(предупредувања повеќе беа) од типот спреми се психички дека ке станеш мечка во бременоста, нема у врата да те собира, градите ке ти станат вакви, нозете такви, стомакот онаков, нема да станеш од кревет, лелееее тешко тебе на пораѓај...и тоа од блиска особа...и како поминуваше времето имаше повторно потпрашување ти се деси ова? ти се деси она? ауууу зошто не повраќаш?сигурно нешто не е во ред со бебето! значи секој можен негативен муабет мислам дека го добив а ништо од предупредувањата не ми се деси дури сум среќна што имам прекрасна и лесна бременост...само ме изнервираа за џабе и згора на тоа имаше коментар дека таа нервоза не влијаела негативно на бебето, од типот ја ке си зборам а ти кути и трпи си на бебето не му смета. ми смета сеуште што секој човек кога ке види трудница осеќа потреба да и го трља мешето и тоа без предупредување... ми смета коментар од типот АХА ти пораснал стомакот па нормално дека ке ми порасне бремена сум...стомакот е единственото нешто што ми расте и градите нормално. Зошто е потребно тоа да се каже на циничен начин? кога може да биде комплимент Кога на прашањето што чекате? ке кажам машко....и добивам одма контра АААААААА не е не е машко женско е (од луѓе кои што имаат потреба да ги зафркаваат сите што чекаат женско дете) Уште една случка ме извади од такт што се има десено два пати тоа е туркање на трудница без осет...ако имаш потреба да поминеш или да се потргнам имаш уста кажи ми, ако не те слушнам првиот пат вториот ке те слушнам нема потреба да се понашаш како сумоборач.
Јас кога ке кажев дека по втор пат чекам девојче ме гледаа со сожалување И ме ,тешеа' со:ајде здравје третото ке биде машко хаха Демек кутрата јас машко неможам да родам.Менталитет балкански
Абе да неможе човек на раат да си ужива во бременоста. Пред некој ден јас влезена во претти месец , стомакот веќе наголемен (што значи дека веќе полот се знае), и сега една глупача фамилија од мм, не да праша што чекате, вели ајде Господ синче да ви даде... јас на тоа Господ мене си ми даде тоа што си сакав ДЕТЕ , а тебе нека си ти даде синче. А што е потрагично , 100 % сум сигурна дека она знаеше што чекаме бидеќи свекрвами пред некој ден беше кај нејзе и и имаше кажано. Абе демек ќе те повреди со тоа...
Или ме држат хормони после породување, или едноставно сум лоша личност, је*и га, но кога ќе дојде некој и ќе и подаде пари на беба - како што е адетот нели (патем глупав адет ми е искрено), и ќе и рече "да си купиш братче", се насмевнувам, но од внатре од глава до пети ме прелева страшна нервоза. Може беба сака сестриче, нели? Баш како што вика Џој, оти првото женско, ајде сега второто ќе е машко (демек да не губам надеж). Ц ц ц. А тоа што сакавме девојче и што се прерадувавме, нема везе, важно е што мислат сите во околината. Аман до кога со овој наш менталитет. И како што вика феминката погоре за зголемување на мевот, стварно постојат многу начини како може да се каже и да звучи како комплимент па да се израдува трудницата, а не во контекст како зајадлив коментар!
Во една друга тема пишував колку ми беше комплицирана првата бременост и бидејќи животот ми висеше на конец и на мене и на бебето, два ипол месеци лежев во болница и за да го намалат ризикот, докторката ми рече дека ќе ме породат со царски рез. Во собата во болницата имав цимерка и си правиме муабет дека ме подготвуваат за царски, а чистачката чистеше и целата претворена во уво. И сега цимерката ме прашува со каква анестезија ќе се породам, јас кажувам дека ми е страв од целосна опивка, дека ќе барам спинална, за да бидам будна , па и да тргне нешто наопаку да бидам свесна, дека кога веќе морам да раѓам со царски рез, сакам да си го видам веднаш бебето, да го слушнам првиот плач...И чистачкава одеднаш се исправи, се потпре на џогерот и вика: „Лелеееее, те слушам, па ми текна на една трудница, баш тука лежеше на твојот кревет и нејзе ја спремаа за царски рез, тебе кога те гледам и слушам исто како неа да ја слушам, и таа се плашеше и кутрата си умре на пораѓај! “ Значи бев во шок! Никој не ја праша ништо, упадна на сред муабет и истреска тешки глупости, а јас занемев и само крај, се загушив во солзи. Персоналот партал ја направиле, па доаѓаше да ми се извинува, ама џабе...немате поим со какви црни мисли отидов да раѓам и под каков стрес. Цела бременост имав многу низок прритисок, на денот на раѓањето ми вклучуваа инфузии да ми го спуштат притисокот од стресот и цело време нејзините зборови ми се врткаа низ главата. Фала му на бога, што се се заврши како што треба и родив здраво и право девојче, кое сега има 8 години.
Е таков тип на луѓе па ич не ги разбирам!!! Ужас!!! И што постигнала со тоа??? Само ти го уништила моментот!!! Ах бре, малограѓанштино!!!