Не е до балканскиот менталитет до контрашки менталитет е, само контра да бидат, мене па истата фаца ми ја правеа кога кажував за второто дека е машко исто као за греота не може женско да си родиа за третото кога не кажував затоа што не сакавме да знаеме што пол е додека не се роди, повторно ми правеа фаца као знаеме дека е машко не сакаш да кажиш, да се чудиш колку се вненесени некои луѓе во туѓи животи. А тие неколку жени во црква што ги гледам кога и да ме видат ме фаќаат за стомак и као да не има нешто ново, се као на потсмевување, демек три родив едно по друго и сега мора нонстоп да раѓам секоја година. Ја па им се вртам им викам па као глејте што убави деца ми прави маж ми греота е да не направи уште неколку да ја разубавиме околината. Ово па со хорор приказните, не знам што нагон добиваат така да преплашуваат трудници, болни женишта.
Ova ko jas da sum go napisala. Taka trudna idam so kerka mi na pazar i taa na tezga mi vika prvo: bliznaci da ne nosis, vikam ne ,zosto? Epa ogromen mi bil stomakot Posle a sto nosis? Vikam zensko i taa ooooo aj neka e zdravo samo pa sledno masko...neznam kako da im dokazam ama jas vas sakav vtoro zensko
Страшна работа се луѓето....1 месец Пред да останам бремена ги откажав цигарите и потоа дознав дека сум бремена. И нормално поради оставањето на цигарите и бременоста метаболизмот ми се забави и еве ме 5ти месец 7кг поправена за 5 месеци, ама сите:,, леле ама си се здебелила уште сега,колку кг?7 ?леле многу е тоа ,,!и сл Мешето иначе ми е подоле напрчено хехе и се приметува уште сега зошто не се ширам туку само мешето нанапред и сите: ,,А а а големо ќе биде бебево ,, Да ни јадат сите г...т е тоа ќе речам
Ќе морам да се цитирам од тогаш 2пати машко ми имаат речено а најново почнаа кладби да паѓаат дека е женско по носењето докторот не гледал убаво .Ајде и тоа помина и сега следат прашања: а кој месец си 4ти? не 6ти.ауу па мене така ми личиш. И шо сега на сите да му објаснувам дека имам долго торзо дека бебуш има место да се шири и да не се секират таман си е бебуш во напредување? Ааа не си е смешкам и така.
Ic da nemas gajle, jas do 5ti mesec bev vekje skoro 20kg popravena hihi, na mene ne se primetuvaa mnogu deka visoka, a i predtoa slabicka si bev... Imav nekolku drugarki so takov komentar lele mnogu e toa, ama da vidis sega na apsolventska koga im se pojaviv vo tesen fustan picnata ubavo, na gz padnaa... i sto e najtragicno namesto da cestitaat za sinceto moe (bidejki ne sum gi videla cel semestar), oni prvo gledanje ne vo lice, vo stomak me gledaa... Da vidat dali mi spadnal stomakot Samo zivo zdravo bebe, oni koga kje rodat bas kje gi vidam
Пред некој ден свеки ми кажува за една жена и она исто како мене бремена 7 месец...правиле си маабет и за мене демек мојто меше било помало нејзиното поголемои шо ако е на секој преглед ми кажуват дека си е добро бебчето расте си има си доволно и плодова вода и се....само нешто да мрмка
Џиџи мешињата големи се од кркање не Оти има бог знае колкаво бебе , камо и моето меше да е мало денес докторот ме "искара" 34+0 а јас 17кг плус (80кг сум) . Па сега ти види кој треба реално да се секира , ти или јас ?! А свеки нека си "труби" колку сака . Гали меше и биди си фит трудница до крај
Свекрва ми сакала многу женско ама и второто е машко, после мм е родено по 13 години, неможеле да имаат предтоа и ко научила дека е машко плачела. И сега кога јас и кажав машко е ми направи една фаца Вака нешто и мене малку ми падна неубаво ама и не и кладов мн на значење, мене ми е битно да е здраво, право. Па свекор ми е кефој А пак мајками се две сестри и бабами на мама мајка и е разочарана ако се две женски Демек за грев и тие две женски имат хаха абе лудила. Кога и кажав дека ќе биди машко моето беше кефој
Јас сум 29+6 на почетоко бев 56кг пред некој ден бев 71 ама не се осеќам да сум многу поправена сите ми викат дека мешето повеќе теже за утеха ама не ми е битно ништо да биде се во ред со мене и бебчето па другото не е важно само малку мислам дека не е убаво така да зборе сите се различно ...и ти не се секирај околу кг.
Дека бев на прогестеронска терапија на почетокот бев многу подуена, и истите коментари, Леле ти до крај на бременост ќе бидеш слон 100кг. Сега пред некој ден свекор ми искоментира: "Многу некако подвижна сега со ова, кога беше трудна кај нас ко крава лежеше по цел ден" Го изигнорирав и си продолжив со друг муабет. Паланката е ментална состојба, не географска. Само игнорирајте, убави работи ве чекаат, бебенца најмили за гушкање, а кучињата ќе си лаат
Според мене секој негативен коментар за трудница е недоличен.Што има некој да коментира за моето тело и стомак? Јас чекам трето.Прво се изнаслушав,леле зошто ти е уште едно дете? Што ќе правиш со три?Ќе те мрднат.Тешко тебе.Е добро бе луѓе,деца се растат,за две години се ќе помине. И друго најмногу што ме нервираше,кога се породив со второто,стомакот си ми остана, се некој ми се загледуваа во стомак,дури еднаш ме прашаа кој месец си.Значи,аман. И сега,почна да се познава,тие што не знаат,ми се загледуваат,и чудни фаци прават,а јас се кикотам во себе. И да за полот прашања,абе од старт прашуваат,а какво е? Ја имам две машки сега ова мора да е женско,ако е машко треба на буниште да го фрлам.Три синови,леле страшно.Кај ќе живеат.Абе секое дете си има своја ѕвезда.Затоа донесов одлука не кажувам пол до крај. И да,ретко кој има култура спрема трудница.
Обично не ме вадат работи од такт, може да ми засметаат, ама ај, ќе заборавам, може не било намерно. Ама вчера на работа, кој помина и ме виде "ти што чекаш, зошто уште не си породена, па цела година ли ќе го носиш" итн. Јас не сум влезена ни во 9-ти месец Недолично и по малку злобно звучат такви коментари. Некој да ти посакува предвреме да се породиш, иако им кажуваш дека уште не ти е време.
На тој што ти рекол 'ко слон', да му кажеш: Има една Вајлд на форумот, забременила со 103кг, а кога се породила имала 120, сега е 110кг и вика дека не е слон, туку жена.
Мене свекрва ми вчера ми искоментира дека она кога биле бремена на тутун одела до последен ден пред да го роди мм. И знам дека со тоа сакаше да ме чепне бидејќи јас повеќе се чувам и гледам колку можам да си лежам. Ама со цервикс од 34 мм и семејна историја со предвремену порајѓаи јас дури и грижа на совест имам и олку што работам. На ова јас само и реков дека тоа било друго време, ама нее таа не попушти. Упорно си стоеше на фактот дека времето си е исто, ете вкомшии кај неа некоја имало трудна на тутун одела. Е добро жено сакав да и речам оти не ми посади еден тутун, таман ќе си го изработев до порајѓај. Хахах. Мм на тоа само и рече е што да правиме мојата невеста е нежна, таква си ја зедовме. Значи ств се зачудив од муабетов. Воопшто не е таква да сака да пецка или нешш, ама што мислеше со ова нз. И после јас намерно и префрлив дека таа беше таа што не ме пушташе да одам во фабрика кога дознав дека сум бремена за да земам породилно и мм се надоврза не полесно е на тутун ќе те пуштам да одиш со комшивката. Значи аман луѓево без осет. Ако толку и пречеше што не работам досега таа беше таа што ме спречуваше, демек чекај со факултетот нешш, ако не за 200 е не ќе одиш.
Ајде, гајрет За идното ќе бид супер запознаен со сите детали во врска со брачниот живот... Ти ветувам
Коментари лоши не сум слушнала од никој, но се сеќавам на случката и реално не требаше збор да се каже, ептен очигледно беше. После Велигден на гости кај стрина ми бев и ми извади баклава ( чоколадна) и изедов едно парче, ми се допадна и оп уште едно. СЕ воздржав од јадење плус, но некако меракот ми остана повторно во баклавата. Жената не си беше на шерот и ми рече да одам кога ќе ми се јаде баклава, ќе ми чува едно тањирче. Два дена после тоа отидов и си ги побарав баклавите и ми ги донесе на маса. Баба ми од спротивно од мене ме гледа во уста цело време, ми ги брои залаците, не знам да опишам колку непријатно се чуствував. Подобро да искоментираше нешто, него да те гледа цело време во уста. Не дека бев некој јадач јас, но ете трудна жена што би се рекло. Три баклави како во грб да си ги ставав, а не да ги јадев. Милион пати се препишманив зошто појдов .