Не се сеќавам јас, некој да ми искоментирал нешто лошо додека бев бремена. Или имам проблем со меморијата, или им било страв на луѓето, да не паднам врз нив
Реално, ама баш ништо лошо не сум слушнала за трудница некој да кажал. Ќути, молим те , сред зима одам во МВР по новата лична карта и замисли службеникот ме поштеди од шетање до другата соба зошто ме виде цела задишана кога влегов и цел среќен оти цел ден имал работа со трудни жени.
Ете, такви предности се добредојдени Да ти стане некој да седнеш, да заврши работа за тебе, да ти ги подигне некој торбите! Одлична идеја, сеа ќе опнам труднички фустан, и така ќе шетам!! Ионака сите мислат дека сум трудна цело време, барем да искористам од муабетот
Јас некни на гости бев и беше посно, неможев ништо да каснам оти не јадам риба уште и имаше една торта со вишни и изедов цело тањирче и ми беше срам најмногу од свекор ми и свекрва ми и тие беа на гости, ко да ми се потпулуваја никој ништо не ми рече јас неубаво се осетив И замислете уште сакав ама не зедов од срам. (Иначе бевме на гости од 13:00 до 18:00)
Кога бев трудна имав поголем газ од стомак. И оти зима се погоди до 9 месец мислеа дека сум здебелена Чуварот на работа, едно откачено човече, ми вика едно сабајле: леле колешке машала многу убаво изгледаш, од позади те гледам ко Шаќира си Јас му викам: растам колега, како напред така позади. Он кутар цел ??????? Викам: па трудна сум. Ееее, вика, колешке ја у стомак не те гледам. Ова во декември се случува, јас на 3 јануар се породив
Порано многу се замарав, сега дури пред некој месец на коментар од мајка од градинка одвалив безобразно. Она мене: Ау машала, сигурна си дека не се близнаци? ; Јас: Па беа ама едното исчезна уште на почеток (што е вистина). Од тогаш ни добар ден не ми вика. имаше и момент од друга: Леле леле кој се тркала (патем во количка го влече до градинка 4 годишно дете) - Очигледно ти пошо со количка. Одвај чекам да си го гушкам јунаков, ме отепа од клоцање.
Јади си колку ти се јаде ич да не ти е гајле. Луге збореле и ке зборат. Ако не земеш, па ке речат оваа ништо не зема, трудна, а манекенка сака да биде.
Никогаш не сум чула некој недоличен коментар а и реално не би ми сметало ако некој ми го прокоментира стомакот или килограмите или слично. Такви коментари би ме навредиле надвор од бременост, а за време на бременоста нормални ми се сите тие муабети..овде многу им се радуваат на трудници, цело време добивав комплименти и честитки и насмевки од минувачите..плус секаде се пољубезни, и во маркет се нудат за помош, си има посебна каса за трудни а и да нема ми отстапуваат место така да се осеќав како холивудска ѕвезда или како кој знае што да правам за човештвотодури ми беше незгодно од толку внимание..
Колку сака нека има недолични и лични коментари, бременоста ми беше еден од најубавите периоди во животот. И тежината и препотувањето и задишувањето и нискиот притисок, ништо не ми сметаше, се осеќав како најубавата жена на светот. Би родила уште едно само за да бидам бремена по втор пат
Коментари не ми биле упатени лично, ама како ме изнервира една госпоЖа на грчкиот фришоп пред една недела.. Јас со толкав стомак си стојам настрана и не одам во гужвата за да не ме удрат, и се свртев едни креми да глеам ама ептен во рафтот начукана, кога една уфурана (млада мајка), помина до мене и намерно мислам ме удри со ранецот кој сигурно тежеше 4-5кила. Абе ме однесе! Ниту да се сврте да ми се извини, ни да ме погледне. Викам лелеее ко коњ некој, ич култура да немаат ова грчиштава! Коа слушам, скопски си цепа со маж и Со мало детенце од 2-3год беше, па и она била во моја ситуација... Глупача, ептен грдо се осетив што не и се развикав.
Свеки индиректно ми кажа дека сум дебела Демек мм многу ослабел, а овој и вика, не, се мерам ист сум. Ај може дека со кукла те споредувам, па така ми идеш. и мм и вика, ама споредба, маж со трудна жена Ама не сум и го заборавила
Леле алал да му е на чуварот, се изнасмеав И мене вторава бременост некои колеги/колешки ме приметија тек 7-8ми месец, дури се чудев како е можно кога цело време носев тесна гардероба уз тело. Јас не сум примила недолични коментари, баш напротив многу пофалби добив за изгледот, посебно на работа. А за понашањето на одредени луѓе не би ни да коментирам...само ќе кажам не е до менталитетот, до карактерот и културата е!
@EuHenIa леле се пресмеав жено,цар @Delgadina ,така само со тие што сакат да брецат,убаво си има кажала кај им е местото. Немам искуство на коментари кога бев бремена,само на работа бев изненадена од жените колешки,никоја ниту еднаш не се понуди за помош кога требало,секој пат тоа го правеа мажите постојано ми се нудеа,не дека ми беше потребно толку,но не се ни нудеа. А инаку најмногу ме нервираат коментари на трудници околу полот какво е па што е,па кога ќе им кажат девојче ,и онака жално ааа ако нека е живо и здраво ,Бог да чува
Zavcera koga bev na transfuziologija edna od tie zeni sto cekaa red so mene I vika na druga za mene kako da ne sum bila trudna a I stvarno nemam stomak mnogu iako sum 17 ned trudna
Edna pak na transfuziologija bese e vika nie na vremeto em trudni em na nivite rabotevme a ovie sega trudni ne sakaat ni red da cekaat a ne pak da rabotat nesto posto nas trudnite dr ne ne ostava da cekame I mene mi pukna filmot I I vikam gospogo dali ti si se zaprasala kakvi trudnici doagaat ovde oti nekoj od niv se so visoko rizicni bremenosti I zamolce neznaese sto da kaze
Убаво си и кажала, несалам луѓе па уште жена така да ти речи, што поминала низ тие да речам 'слатки' маки
Не знаев во која тема да пишам па си викам ајде тука... Не знам дали јас сум нервозна и се ми смета или луѓето околу мене не се како што треба.Имено најмногу што ме нервира периодов во кој веќе сите дознаваат за мојата бременост се коментарите од типот"ајдеее што ви текна пак сега оваа работа,си имате едно машко едно женсто зошто одите на трето?Знаете вие колку е тешко да се изгледа едно дете а вие одите на трето?" Можеби немаше толку да ме нервираат и болат овие коментари ако беа од подалечни мои... напротив подалечните беа порадосни одколку поблиските.Не знам како да се поставам и како да реагирам Дали некој од вас се има соочено со ваква ситуација и како сте се поставиле?