Еве тема за твојот проблем Јас со мојот сарказам би одговорила: аааа, па шо кажувате сега, ние мислевме дека вие ќе ни ги гледате децата, па затоа одевме на трето. Сега ќе треба сами да се снаоѓаме.
"Леле,навистина ти пораснал стомакот. Многу ти се познава. Дури си почнала и да се шириш,во колковите ти се познава. А ќе се здебелиш и уште. Ехе,до 9 месец ќе видиш колкава ќе станеш." Охххххх,фала многу,не знаев дека бремените жени зголемуваат килажа и имаат голем стомак. Одјебете!!!
За со првата бременост имам пишано овде, не сум добила ниту еден недоличен коментар, ама сега со второто, 1 месец бев во Мк.па си се изнаслушав да не речам припрости муабети..па колку недолични коментари, па никаков респект, никаква наклонетост како кон трудница, никакво внимание.. и тоа коментари од блиски луѓе, што покажува дека поднебјето ни е такво, не дека некој ти мислел лошо него не знае што друго да ти каже..со сестра ми секој ден се гледавме и секој ден ќе ми речеше леле колкава си станала..од стрини тетки и комшии муабетот беше ајј, машала, колку си се поправила, леле стомакот ти е голем..ама не ти е како на трудница туку онака како сало ти е...и ајде сеа што да кажеш на тоа?..
Веројатно третите деца никој не ги сака.Истото го слушав и јас,само што ние имаме две машки и коментарите беа,ајдеее,ако е машко што ќе правиш со три,ај може ќе ти се погоди женско.Леле,второто е мало,тешко тебе,како ќе се снајдеш.Тоа е,тој е тој менталитет,кај нас мора да имаш две деца.Кога имав само едно и проблеми за забременување,сите,ајде кога второ,остаревте,детето само ќе остане.Е сега за третово,што велиш подалечниве повеќе ми се израдуваа отколку поблиските.Од прво ме болеше,навистина ми беше тешко,не можев да сфатам како некој не може да се радува на бременост.Но,сега веќе сум 30 недела и не се замарам.Можеш да им одговориш онака,дрско и арогантно,за пари де,нели за трето даваат. Јас велам,за девојче се излажав па да видиме што ќе биде. Прости луѓе.Уживај си во бременоста и не се замарај.
Не знам што да речам,ко божем нив ќе им го дадам бебето да ми го гледаат па добивам такви коментари.Се чудам да таквите "створења" ќе ги наречам како може да се такви,безчувствителни,арогантни,сеирѓии и не знам како уште да ги наречам.Ми смета,навистина ми смета кога добивам такви коментари,а уште ги добивам"што ви текна да одите на трето?" Во суштина сум многу мирна и не знам да преречам од страв да не повредам некого.А дефинитивно најмногу ме боли што баш нааајблиските од потесното семејство ниту еднаш не ме прашале како си,како се чувствувш,дали е се во ред со бременоста,со бебето...Ама ќе дојде ден ќе се роди ќе сакаат да дојдат да го видат...е навистина па тогаш не би знаела како да реагирам.Многу сакам да им префрлам ама ете не можам,воопшто не сум таков тип,притискам се во себе само за да не бидам некултурна и да не повредам некого со такви зборови.
Девојки еве поправете ме ако не сум во право Денес на каса во еден од трговските центри мајка со бебе чекаше ред позади мене Бебето и спиеше во количка,мајката беше многу нервозна и гласно викаше како таа има ред пред сите на касата зошто е со бебе А јас бремена со голем стомак нели имам предност и плус си бев културно застаната во ред Се преќутев и ништо не и вратив на нејзината провокација,но доколку мајката се препознае во постов нека си ги зачува коментарите за себе!!!
I ti i majkata imate prednost, barem po nekoja linija na kultura i bonton. Vo druga drzava ili kontinent sigurno bi vi dale prednost i na dvete, kaj nas nazalost negativno se gleda na tie raboti. Pocnuvajki od samata ti.
Мене татко ми ми кажуваше на времето кога работел во пекара и немало леб како сега на секо чекор, па се чекало колони со часови. И еднаш така чекала трудна жена и никој не ја пуштал преку ред. Татко ми се изнервирал и пошол и го однесол лебот, а луѓето сите дури и изнервирано почнале да реагираат.
Алал вера на татко ти, така и треба да биде. Јас во цела бременост дали 3 пати бев пуштена преку ред, и тоа со стомак до нос во 39та недела ми текнува дека еден селјак од такси на пешачки додека минував ми се дереше иронично дека сум се влечела. Ми идеше да го истепам.
A pred nekojden otidov na interno oddelenie I guzva imase mnogu I eden star covek pravo im kaza na site da me pustat preku red I lugeto me pustija. nikoj ne kaza nisto prijatno bev iznenadena iako imase mozda 10 dusi pred mene
Не ти требаат такви "блиски особи" јас имав такви и поради тие глупи муабети и оговарања сега немаме муабет и мирна глава. Чудо некое е ова Јас имав счучка 7 месец бремена,и чекав така ред , на клупи испоседнати мажи жени така постари (а јас на нозе дремам) и како бе ниту еден не рече дојди седни, е од тогаш си реков јас ако станам за постар човек тука да останам, и не станувам навистина на никој зошто се крајно безобразни.
Па тие што седат на клупа, може и тие седат поради таков инат... не им станал некој кога им било потребно, па решиле за цел живот веќе да не стануваат. Не треба така Кога би имала енергија, снага, сила да стојам, ке стојам.. па и трудна Дај боже да можеме да достоиме на нозе. Јас сум можела, па ако не ми станал некој сум немала гајле, па и во автобус стоечки сум си се возела многу пати трудна.. од кај да знам колку му е тешко на некој што седи. А ако ми било тешко и лошо сум барала да седнам сама, одма ми станувале...
Значи освен трудници и стари лица, останатите категории на луѓе кои седат на клупа не постои шанса да имаат некој здравствен проблем или едноставно да се уморни? Никогаш не можеш да знаеш дали човекот кој седи на клупа има проблеми со рбетот, дали завршил со работа т.е. смена од 12 часа, има грип и не може да стои на нозе или целиот свет му е срушен поради некоја тажна вест. Само затоа што некоја жена е бремена, не значи дека сите треба да скокаат на една нога. Доколку си имала болки, си можела културно да прашаш, сигурна сум дека од сите тие луѓе, некој ке ти го отстапел местото. @Adeline
Tocno deka dvete imame prednost no ke se slucese toa dvete da ne usluzat dokolku rabotea dve kasi Jas ne gledam negativno na rabotite no vo nasiot slucaj raboti edna kasa ,na red stojam jas bremena taa pozadi mene so bebe sto i spie vo kolicka i nervozna od x pricini vika Od koja pricija jas bi i go otstapila redot? Bebeto da placese da razberam,ama za nea zosto saka da se izvadi pokraj bebeto i da pomine odma na kasa nema sansi.Jas sepak mislam pravilno postapiv
Никогаш неможеш да знаеш.. чим барала побрзо да помине, причина имало. Може со температура било детето и нешто купувала за него, може друго дете ја чекало дома болничко, може градите и биле преполни млеко што би и експлодирале од болка, а жена што дои неможе да дочека повеќе од одредено време за доење, инаку мастит би фатила и би се растекле и би се направила лом, може не била спиена ни 1,2 саати... многу причини би имало... сепак мислам чим инсистирала да помине побрзо, имало причина... а тебе ако ти било мака и да неможеш +2-5мин да почекаш, не пуштај, ама ако немаш проблем и можеш да стоиш, пуштај кога некој бара.
Чекав ред во стопанска, стомакот баеѓи голем, плус бебе во количка. Си стоев 40 минути, ниту стана некој од тие страничните клупи не па боже ред да ми даде. Ги имаа измешано бројчињата на тоа апаратот што прозива, и мене ме прескокнаа, го кликнаа наредното. Жената од позади мене, онака нооншалантно, а не бев баш мала со толкав стомак и количка, ме заобиколи и си тргна на шалтер. Учтиво ја замолив да сочека да завршам, бидејќи очигледно е грешка, јас имам бројчекое е пред нејзниното. Почна да дискутира и ми рече што и е гајле. Одговорив дека немам намера ниту да се повторувам ниту да дискутирам и пресеков пат со количката и се нацртав на шалтерот. Секако увидоа дека грешно притиснале и ми се извиниа. А женава дна дна. Инаку коментари за дебелина, за блиски бремености една под руга и слично еден тон. ама не се ни замарав.
И во Веро и во Кам си чекав ред никој не се сожали. На работа исто на никој не му е гајле дали ми се јади или ми се оди во ВЦ, а морам да заклучам и да излезам за да го направам тоа ако ме видат да заклучувам одма кај одиш да платам само и сега му велам почекајте одма се враќам, исто почнав да јадам и на каса со една рака, неможам гладна до 12 да седам така си го расипав желудникот.
Jas sepak po nejzinoto odnesuvanje mislam deka naglasok stavi samo toa deka ona e so dete i deka ona mora da e prva A nie bremenite zarem nemame maka kako stoi imaat zenite so mali deca? Kolku sto imaat oni prioriten na kasa imame i nie. Mozese i taa da bide malku pokulturna i so ubav ton da zamoli nekoj da se trgne od redot za taa da bide prva na kasa a ne da vika kako taa e so dete i trebala prva da zavrsi rabota
Не и бил нешто денот, како што кажав може имало причина што е толку нервозна А и тоа пак... ако ти е мачно и не можеш да стоиш, барај да поминеш, никогаш не се случило да не ме пуштат ако побарам, па и нетрудна ако не сум била арна било каде ме пуштале, дали на лекар, на каса... На пример и на гинеколог, многу глупава ситуација е тоа кога трудница ке се побуни кога ке пуштат друга трудница пред неа, а многу пати се случило да слушнам да прокоментираат, да превртат очи или да воздивнуваат кога ке пуштат така некоја, не џабе оди преку ред, има проблем... Истиот случај и на педијатар, полно деца болни, ама некое ке пуштат преку ред, ке се испотепаат родителиве кое дете е поболно, па зашто тоа влегло преку ред...
Таа гледала за себе, а не против тебе. Следен пат и ти побарај побрзо да те пропуштат. И јас сум можела да стојам, но не е тоа работата за да се трпи и стои, во автобус често има гужви, се буткаат и ќе те нагмечат, или несакајќи ќе добиеш лакт во стомак Тоа ми се случи во прва бременост, па вторава многу пазев, си седнував без пардон. А откако почна многу да ми тежи стомакот престанав да се возам со автобус баш од причини што немаме градска култура, па ќе требаше постојано да молам да ми стануваат.