Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Недолични коментари кон трудници

Дискусија во 'Бременост' започната од Delgadina, 21 октомври 2012.

  1. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Мислам дека поентата е да не мораш да побараш, јас никогаш не би побарала да ме пуштат преку ред. Вчера прв пат ми се случи во кам една постара госпоѓа да ме пушти преку ред, дали дека бев само со 2 ствари а она со полна корпа не знам ама ете пријатно се изненадив.

    Инаку пред две недели кога бев во Солун, немаше каде не ме повикаа да отидам преку ред. Дали во гардероба во H&M, на каса, на вадење документи за Tax free во Ikea, па и во аутлетот каде редицата беше до 50 луѓе. :D Мислам дека тоа воспитување многу фали кај нас, не дека имам проблеми да чекам, ама ете, убаво е чувството кога на некој друг му е грижа за тебе :)
     
    На Martka, molikaMk, Milaаа991 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Сања не е само кај нас така, дојде време кога секој си гледа за себе. Си имала среќа што си начекала така, и јас од тука имам куп примери од совесни и културни луѓе.
     
  3. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Не, не беа болни, не бевме ниту во болница, чекавме на друго место, беа од прилика едно 20 души, прилично насмеани, на висока функција повеќето, сега појасно ти е?
     
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не, не ми е јасно. Ти имаше болки или очекуваше некој од нив да стане само затоа што си бремена?

    Јас никогаш нема да станам само затоа што одредена категорија на луѓе чека ред на истото место каде што сум и јас. Доколку некој праша дали може да седне, небитно од која причина, ако можам ке го ослободам местото. Сум била и јас уморна, сум имала болки во кичма, сум била болна, сум чекала ред на неколку места и сум стоела. Никој ме нема прашано дали сум добро, никој не станал само затоа што јас сум влегла во просторијата. И не очекувам такво нешто. Денес, сите си имаме свои проблеми, не е моја должност да следам однесување, години и блажена состојба на трети лица.

    На крајот на краиштата, доколку одредена личност не е способна да ги извршува обврските, секогаш постои опцијата полномошно.
     
    На 789_angela, 1209, NarCis@ и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Епа затоа што не ти е јасно филозофираш тука. Нема потреба да се продолжи разговорот, искрено не ни дочитав што имаш пишувано до крај.
     
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Зошто еве ти не ми објасниш? Едноставно, одговори - имаше болки или очекуваше сите да скокнат бидејќи ти си бремена?
     
    На Lolo5 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    Дај боже секогаш да можам да стојам та да не мора никој да ми стане.
     
    На Martka, Milaаа991, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Дека е трудна очекувала сигурно. Има многу безобразни трудници што бременоста ја користат. Еднаш чекав ред во аптека и една трудница пред мене и тоа не беше баш со голем стомак, па ни да праша дали може, ни ништо. Епа нека ми извинат таквите, и јас сум била бремена, ама така не сум се однесувала. Некои мислат ако се бремени, треба сите од надвор да им удоволуваат. А за шетање низ град, по кафиња можат. :)
     
    На Miss666, 789_angela, naturally и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Мене редовно ми се случува да ме пуштат на каса и во банка,на почеток чудно ми беше,не бев навикната,додека не ми текна дека е заради бременоста.
    Од недолични коментари во последно време : "Машала,колкав ти пораснал стомакот,можеш нозете да си ги видиш ? Ха,ха,ха(facepalm)(wtf) И тоа од жени кои се мајки и минале низ истото. Не гледам ништо смешно во тоа што некој не може нормалните активности да си ги врши и да се движи како порано. Знаеме дека ни растат стомаците,дека се дебелееме,дека потешко се движиме,се мачиме со облекување чорапи и кондури,туширање и сл. не мора никој да се потсмева заради тоа.
     
    На lackygirl, mssuniquee, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски

    И мене така ми се чита меѓу редови. :)

    Не само да им удоволуваат, туку и со самото тоа што ке видат стомак сите треба да скокаат како попарени. Бременоста не е болест, скраја да е, и добар дел од трудниците кои јас ги знам немале никакви проблеми. Доколку бременоста е ризична, лекар ке каже дали треба лежење, а ако е така, мажот може да земе полномошно и да ги заврши обврските.

    Госпожата излегла у шопинг, а ја треба да и отстапувам ред на каса.
     
    На 789_angela, 1209, violetblue и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Госпожата излегла у шопинг, а ја треба да и отстапувам ред на каса.

    А што треба,од дома да не излезе ?? Не ти го разбирам хејтов низ постовиве.
     
    На BlackNight, Martka, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ако си труден не си болен.
    Да, има многу трудници со ризични бремености што треба да лежат цело време, ама за другите што се шетаат зашто им било досадно дома не гледам потреба секој да им се потресува над нив.
    Нека излегуваат од дома, нека одат кај сакаат ама нека не очекуваат дека сите луѓе наоколу ќе се акат од земја само затоа што се трудни.
    Ако некои си седат на клупа и ти изгледаат здраво на фаца, замисли може не се воопшто ок...Не им пишува на чело кој какви проблеми има....Или ако не отстапуваат место преку ред во банка/продавница може се брзаат за нешто многу итно.

    Доколку имаш потреба да седнеш тогаш имаш уста да прашаш дали некој би ти отстапил место, а не да кукаш како сите биле некултурни.
    Кога одев почесто во автобус на сите трудници и постари луѓе им станував, ама сите ме одбиваа пошто сакале да постојат на нозе, доста им било од седење. Многу ретко некој да седна на местото што го отстапив.
    Затоа решив веќе да не станувам сама, туку само ако некој ме праша.

    И не знам што има врска отстапување место во тема за недолични коментари, ама ај...
     
    На 789_angela, 1209, m.i.g и 8 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.247
    Пол:
    Женски
    Нз мене лично дури и глупо би ми било да чекам ред трудна и да ме пуштаат преку ред, а не ми е ништо, само трудна да сум :D Или ете моето размислување е такво... Сум била и на каса со двете деца, едно за рака 2ипол 3год, другото во количка, мирни двете и ми викале ајде ајде помини ти, сум инсистирала не. Можам да чекам, зашто да одам преку ред :?: За во автобус се согласувам дека мора да се стане, бидејки возат како луди возачине дека секогаш каснат, има гужви, нагло кочат... Па не само на трудниците, туку и на многу старите лица, на жени, мажи кои се со мало детенце. Мене ми имаат станато на 15год да бев и тоа, ми се слоши и одма станаа и ме седнаа. Мислам си има граници за се и ств неможе бременоста да се користи за некои работи...
     
    На 1209, TeddyGrey, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    13.385
    Пол:
    Женски
    Мислам дека претходно не сум коментирала на темава, да не хејтам трудници. Сега кога и јас спаѓам во таа категорија, сеуште го имам истото мислење. Знам како е и да ми е лошо, да ми се тресат колената, да ми е тешко да стојам, да имам грчеви во нозете, а сепак се си правам исто како и пред бременоста. Логиката ми е кога веќе одам на работа, не очекувам да работам помалку, кога одам во маркет ќе си чекам ред како и секогаш, нема магично да ми се смени животот зашто носам дете. Ако нешто не сметам дека сум способна да направам, би ми било тешко и не можам да издржам, нема да го правам. За среќа, освен кревање многу тешки работи, се си правам како порано. Се надевам ќе немам здравствени проблеми до крајот како и до сега (или подобро кажано, нема да имам ништо повеќе од просечните труднички болки, зошто се до сега што доживеав го ставам во таа категорија), и трудна не е еднакво на болна, и едноставно не очекувам бенефиции од никаков тип заради тоа.

    Малку повеќе он-топик, единствениот безвезен коментар кој го добив беше кога колешка ми рече дека се држам одлично, како да не сум бремена (зошто си ја работам работата исто како претходно), друга колешка рече дека сигурно ми е многу тешко ама не сум кажувала. Јас не го разбирам тоа зошто треба да се туфкам при секојдневни обврски, ама ете може сум една од ретките.
     
    На Dennings, 789_angela, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R не си била бремена, затоа имаш вакви ставови. Бременоста не е болест но сепак е "друго стање". Необично поосетлив е стомакот кога ќе се удриш или ќе го нагмечиш, затоа не е пожелно трудница да се бутка во гужвата. Друга работа, кога веќе си 8ми-9ти месец бебето тежи над 2 кг а со тоа тежи и стомакот, имаш болки. Болките продолжуваат и во кичмата, зглобовите, имаш отоци, болки во желудник... Навистина нема трудница која во последните два месеца од бременоста би одбила седиште во автобус или ред на каса/благајна.
    Не е должност туку лична култура, тоа уште во основно го учиме кои луѓе треба да имаат предност.
    Ни јас не станувам секому, кога имам мака со кичмата се случило да побарам некој да ми отстапи место, но инвалид, бремена, родител со мало детенце, изнемоштено лице (го гледаш одвај оди со бастум) се категорија на лица за кои не треба да станува збор, секогаш треба да има место :!:
    Точно дека никому на чело не му пишува како се осеќа, и ако има потреба треба сам да со побара место, но пример кај трудница или инвалид е очигледно и срамота е да се правиш наудрен.

    Пример во автобусите секогаш има "резервирано" места за овие категории (тоа се првите две места до или позади возачот), но никој не го почитува тој ред и
    кога ќе влезе трудница ако е фатено тоа место
    се прават на Тошо и си зјапаат низ прозорец кобајаги не ја виделе |( А задниот дел од автобусот полу празен. И наместо тој што ги држи првите столчиња зафатени да се премести, трудницата се придржува и клати додека да стигне до задниот дел од автобусот. Ова исто важи и за родителите со мали деца, со детето за раче цупкаш пет минути за да дојдеш до слободно столче. Милион пати ова сум го доживувала бидејќи редовно користам градски превоз. Не бе, не се мрдаат од првото столче!

    Бев дури и сведок на одвратна случка, двајца контролори на Јсп ги фатиле првите две, гужва во автобус, влегува трудница а овие не стануваат. Постара женичка им кажува да ѝ отстапат место, а на тоа едниов враќа: Не сум ѝ го направил јас! :punch: Штета бев далеку и неможев да му изнакажам некои работи, ама затоа женичкава му изнареди клетви :D Видоа, невидоа, се симнаа контролориве на наредната станица.

    И не секогаш цел автобус е полн со уморни, болни и незнам какви луѓе, ти се молам. При едно возење, во автобус со еден куп средношколци никој не ми стана, јас стомакот и го набутав во фаца на една тинејџерка од што немав каде, таа си стави слушалиците во уши и си гледаше низ прозор. Мене не ми беше мака да стојам баш тој ден, ама ете ја приметив нашата култура и воспитувањето на идните генерации.
     
    На bibiiii, Adeline, Heidi и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Убаво објасни Kitten,не се работи дали си должен или не,туку едноставно основна култура и воспитување. Пред две недели бев на контрола и чекалната беше преполна. Влегува мајка со мало бебе,количка и ташна за бебето. Во чекалната седеа и мажи кои беа дојдени со жените на преглед ја погледнаа и си продолжија да седат. Јас,бремена,во 31 недела и станав па дури тогаш се засрамија па им текна да станат.
     
    На bibiiii, BlackNight, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ако неможеш да одиш и да чекаш ред во маркет или банка нема потреба да одиш,а не да се оди и после да очекувате некој дека некој ќе ве пушти пред него.
    Ако си способен да шеташ способен си и да чекаш ред.
    По клиники само на трансфузиологија чекам иначе на други оделенија ич не чекам.
     
    На 789_angela, Spidy, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    А оние што мораат сами да си завршат работа?
     
    На BlackNight, Martka, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ако неможе да чека може да чека некој друг немора сами.
    Се што ми треба од денес за утре ми купува мм за да нема потреба да искачам.
    Додека можев искачав и чекав сега неможам,и за во банка му направив полномошно за да може да брка работа ако треба нешто.
    За се има решение.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Пуштам преку ред секогаш стари изнемоштени, родители чио деца се раздразнети, пискаат, плачаат, трудници секогаш а на почеток на бременост иако трудна сум отстапувала место на оние во поодмината бременост зошто знам колку се осекаш тешко во последниот месец два и сите што културно ќе побараат, секако ако во моментот не брзам или не ми вреска дете за рака. И да сметам дека станува збор за култура, но не ја очекувам безрезервно, сум се нашла во секакви ситуации, а се погодив во банка баш пред некој ден со дете разлигавено во рака и 8ми месец трудна, пред мене беа жена на шалтерот, три девојчиња, постар човек, па јас. Дојде едно од девојчињата ми рече да се замениме со бројчињата, ми дојде да ја изнагушкам и се заблагодарив ми го разубави денот и те како ми беше важно во тој момент да завршам што побрзо, а притоа господинот си промумла нешто.
     
    Последна измена: 11 октомври 2018
    На Heidi, BlackNight, Martka и 7 други им се допаѓа ова.