1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Недолични коментари кон трудници

Дискусија во 'Бременост' започната од Delgadina, 21 октомври 2012.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Не е никаков хејт. Ако можеш да одиш на шопинг, ке можеш и да чекаш ред на каса како и сите останати.

    @Kitten го очекував овој аргумент - не си била бремена па не знаеш.
    Јас никогаш не седнувам на предните седишта, најчесто седнувам на крајот за да можам побрзо да излезам, а ако се возам со двокатен на подолга релација секогаш одам горе, затоа што и таму има помалку гужва.

    Убаво кажала @monik55 , ако некој не се чувствува способен да ги извршува задачите, секогаш може да потпише полномошно.

    Јас лично почесто сум била сведок на ситуации каде што трудница полна со енергија се расправа со сите останати, воопшто не изгледа изморено или немоќно, па и пензионери кои би можеле маратон да истрчаат и се расправаат на цел глас.
     
    На Someonespecial, referentka, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    А бре ко на различно место да сме биле трудни.
    Јас не памтам да имав некои коментари како трудница.
    Имав лесна бременост.
    Дури мене ми сметаше вниманието и давањето предност. Си стоев, си чекав сегде и одбивав кога ме пуштаа преку ред.
     
    На referentka, BoaVista, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Јас досега еднаш побарав да ме пуштат преку ред додека чекав во АВРМ. Внатре 100 души, а службениците ќеф си тераат, те едниит не работи оди во др врата те другиот. Чекав сигурно едни добри 15 минути кога една типка затрчана сакаше да влезе преку ред само нешто демек да прашала. А сите знаеме колку трае едно пријавување-1 минута. Сите и се пуштија, јас не реков ништо. Откако си замина само искоментирав дека и јас ете во 8 м чекам и не барам ништо и тогаш им текна и ме пуштија да влезам преку ред. А и еднаш исто во аптека аптекарката сама не виде дека сум бремена ме услужи и ги замоли на каса побрзо да ме поминат. Дури се зачудив. Ама па затоа вчера кога купував замислете влошки вир и микроклизми и др работи за бебе па, аптекарката не ме приметила дека сум трудна и додека јас уште набројував што ми треба си пушти 10 пред мене. И на крај ми вика оо па јас дури сега те приметив дека си трудна. А ти што мислеше што ќе правам со микроклизмите и влошките - се спремам за хард кор анал. Само се насмеав и и реков дека ќе го сватам тоа како коплимент што во 35 недела не личам трудна ако се изначекав 30 мин.
     
    На marchi-cool, BlackNight, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.148
    Не сфаќам делов со шопингов.
    Јас редовна сум по трговските, така беше и во бременост.
    Телото се менува, вечито фали нешто. Треба да се види и проба, полномошно или маж со слика од продуктот да се праќа не е изводливо.
    Сеедно дали дома или во гардероба, од одреден момент е прилично напорно тоа облекуваље и соблекување.
    Нема столче во многу гардероби, па стоејќи треба чевлите да облекуваш, а и фармерките и се останато не е веќе така лесно.
    И да, ќе де препоти човек додека изврши најоснови работи. Ќе се потроши енергијата и треба малку да здивне.
    Мене не ми пречело чекањето, плус и со количка со бебе сум била.
    Но ме иритирало што гардеробите кои се за инвалиди, а истовремено и за мајки со мали деца и колички или трудница, се зафатени од лица кои немприпаѓаат на овие категории.
    Таму е пространо, не е метро на метро, плус може чивек и да седне на едно како даска.
    Ама не, се пикаат по неколку жени/девојки, за да се гледаат меѓу себе како се облечени а ти стоиш и до пола саат бидејќи баш таа кабина ти треба. Ама не, они морале таму. Останатите 10-20 кабини не се интересни.

    И после се чудат оти додека стасаш на каса си исцеден.
     
    На Mari*, 1209, BlackNight и 6 други им се допаѓа ова.
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Не ве рабзирам зошто да не се стане на трудница,мајка со бебе,стар човек? Па тоа е основна култура.Каква негативност е ова,испаѓа како кога си го правеше убаво ти беше,сега трпи.Зар трудниците треба дома да седат ,казнети ни во продавницца ни нигде?? Ќе му падне бисерот некому? Па,живот носи во себе.
    Тоа е минута ,десет минути време пуштањето преку ред и слично.Трет пат сум бремена,кај што можам избагавам да чекам редици,но некогаш нели мора.Од таа страна досега има луѓе кои помагаат,и такви кои не помагаат.Пред некој ден во маркет,продавачката ми вели не се наведнувај јас ќе ти ставам продуктите(беше од оние колички со колца што мора да се наведнеш).И реков нема потрееба зашто можам фала Богу,но гестот нејзин беше убав.Пред неколку години пак,продавачка со стомак до заби и побарав памперси кои не видов дека се на најгорна полица,кога приметив велам дај сама ќе земам.Се зачуди кутрата. Во чекална особено гинеколошка,мажи можат да почекаат и надвор,па кога ќе дојде на ред сопругата да ги викне.Може некој има болки,може крвари.Јас ретко седам,поубаво ми е на нозе,но има моменти кога едноставно си преморен особено во осми и деветти.
     
    На crazylady, *Лорена*, BlackNight и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.128
    Пол:
    Женски
    Не разбирав и јас до лани како можеме како народ да сме толку да не кажам безчувствителни и необзирни во некои ситуации .
    Станувам и давам ред скоро на секого за кој сметам дека "не треба " да чека ,стои. И пошто сум малку директна ,често знаев и да префрлам на друг ако не прави како мене.
    Се до неодамна .
    Имено . Лани чекав ред на клиника за рутинска контрола Со мене чекаа 4-5 пациенти а јас бев на ред да влезам . Во исто време доаѓа трудница и една мајка со ќеркичка која не беше поголема од 15 год . Имаше едно столче празно . Трудницата го погледна и приметив сакаше да седне . Но,мајката на девојчето побрза и го бутна во стол девојчето - Седи мамичка овде ,јас брзо ќе завршам . Ги превртев очите јас . И праша кој е на ред. Реков јас . Жената малку дрско ( мене така ми заличе) ме праша дали ќе ја пуштам да влезе ,ќе била готова за 2 мин . Отсечно и кажав НЕ - ќе ја пуштам трудницата која патем беше со стомак до заби . Тогаш жената дури заповеднички ми рече - ама јас морам да влезам одма . Од нејзиниот тон се вознемирив искрено . Кој знае што ми стана ( обично не давам така ред на таков пристап од другата страна ) и и реков - Влези ајде и промрчев СВАШТА !
    Девојчето си седеше најнормално со слушалки во уши и гледаше во една точка . Влезе и излезе мајката за помалку од 2 мин . Ме потапша по рамото и со солзи во очите рече -Благодарам . Ќерка ми е во последен стадиум ,има рак. Го заборавив извештајот кај докторот ,не можам да и земам терапија ,ми кажа .
    Останав со подзината уста .
    Затоа , не брзајте со донесување на заклучоци зошто некој не станал и не дал ред некому . Не знаеме кој седи од другата страна
     
    На Dennings, Bella*, Someonespecial и 17 други им се допаѓа ова.
  7. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    И јас сум со подзината уста на твојот пост и очи полни солзи
    во право си за секој напишан збор
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Па добро @Bubce38 убаво си постапила, жената културно прашала да ја пропуштите. Не мора да е трудница, и јас пуштам пред мене ако некој навистина има потреба и ме замоли. Важно е да сме човечни, а не како што некои членки рекоа дека за инает не пуштале трудница зашто знаела да шета во шопинг, а во банка барала ред да помине побрзо на шалтер |( Е тоа ми е нечовечки.
    Ете и Дани погоре кажа кои се потребите на една трудница кога оди во шопинг. Јас ја имав истата мака, морав почесто да поткупувам гардероба, зашто неможев во едни исти фармерки да одам на работа секој ден, плус и сезоните се менуваат, останав бремена во есен, се породив во лето.

    @monik55 јас верувам дека ќе се погоди бар една ситуација во девет месеци да мораш до продавница, и ако ние имаме решение некој друг да ни ја заврши работата, некој друг ја нема.
    Па прилично издржан аргумент :)
    Јас се воздржувам да давам мислење за нешто за кое немам искуство или не сум го доживеала.
     
    На supergirlmb, Meckicja, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Во недостиг на аргументи, најлесно е да се каже - кога ке станеш мајка, тогаш ке знаеш и дури тогаш можеш да коментираш; кога ке родиш ке знаеш; кога ке бидеш нешто, тогаш може да го коментираш нештото.

    Јас реков, доколку некој љубезно праша, небитно со кој статус, ке отстапам место или ред.

    Сеа испаѓа дека трудниците баш тој еден ден кога ке излезат у шопинг има гужва и треба да платат први на каса.
     
    На Someonespecial, abc1234, Bubce38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    Прво долготрајното стоење во бременост не се препорачува и треба да се одбегнува, додека движењето е здраво и препорачливо кај здрави трудници ( секако без нагли движења и истегнувања).
    Друго, чекање во ред во банка кога некој ви диши во врат е многу добар начин за закачување на некаков вирус и сосем разбирливо и очекувано е на бремената да и се овозможи побрзо да заврши работа и излезе од таму. За аптека па да не зборувам, ризница на настинки. Инаку, и банката и аптеката и шопингот се нужни за идната мајка и не секогаш некој може да ја одмени за да ги заврши овие работи. Тука, да ги споменам Adria lab своевремено кога проверував крв во бременост колку беа коректни што без оглед на бројчето кое сте го извлекле за чекање ред, пропуштаа прво бремени и родители со мали деца. И пак беа ефикасни, па и останатите во разумно време завршуваа работа. (Ова пред три години, се надевам уште е така)

    https://www.momjunction.com/articles/how-does-standing-affect-pregnant-women_00122438/#gref
    https://www.telegraph.co.uk/news/he...ing-limits-babys-growth-during-pregnancy.html
    Ова е само дел од статиите кои укажуваат зошто е лошо долготрајното стоење на трудниците. И секогаш треба да се има предвид дека трудницата која чека ред, била можеби и претходно на работа, по минимум осум часа, работата и е стресна и можеби вклучила и стоење и најважно, носи живот во себе.
     
    Последна измена од модератор: 12 октомври 2018
    На Heidi, lackygirl, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Влегувам пред некое време во систина кај делот за ивф и што да видам.Гостиве од север браќава испоседнале на софрите а госпожите нивни стојат бремени...ццц Шта речи не заплакати.Срашно Следниот пат и ќе фотнам.СЕКОГАШ ќе отстапувам место на бремени,стари лица,инвалиди,слепи,глуви,и на сите кои ќе ме замолат за тоа.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Како тоа недостиг на аргументи? Ти дадов еден куп аргументи.

    Па сите трудници не седат дома па да се одморени, голем дел одат на работа, па после 8 часа поминати на работа мораат да стојат во автобус, или да поминат до банка, или да испазарат за дома, или.... Милион ситуации.
     
    На Heidi, supergirlmb, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.697
    Допаѓања:
    72.592
    Пол:
    Женски
    Затоа таа трудница ке си побара да ја пуштат. Јас бев трудница која не одеше на работа и двете бремености, одморена бев да речеме и можев да си постојам било каде, било колку време. Од кај да знам некој што е пред мене, колку време бил на работа, дали има тахикардии и висок притисок, можеби е и болен, а може брза да оди некаде и мора да заврши пред мене. На гинеколог нонстоп сум стоела бидејки многу гужви имало кај мојата, сите што биле седнати биле трудници, кој да ми стане во таа ситуација? Недај боже некоја да неможе да достои, или преку ред ке биде пуштена, или на некоја на која и е полесно и може да стои, ке стане. И нормално е за мене да си прашуваат и никогаш нема сигурно некој да и рече на трудна, неможе да седнеш!
    Кога веќе не можев да одам многу, во 9ти, не ни шетав, за се друг праќав, има добри луѓе, секогаш може да се најде некој да ви заврши работа наместо вас.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Бременоста не е болест, па трудниците да се третираат ,,софтли,,
    Убава состојба е:)

    Ако видам дека се мачи бремена жена во гужва, нормално дека ќе и го отстапам СВОЈОТ ред, ама за туѓи редови неможам да превземам иницијатива, не секој сака да чека и отстапува.

    Крај краева и неможам да ги обвинам луѓето што несакаат да отстапат ред, на секого времето му е скапо и не секој е здрав за да отстапува ред на трудница.Од каде знаеме кој со каква мака е.

    Плус тоа, ако си толку обзирен па отстапуваш на стари, болни, изнемоштени, мајки со деца,трудници....кога мене ќе ми стигне редот:)

    Ама има трудници кои состојбата ја користат за изнудување почит и предност а тоа ги иритира луѓето.Не сите исто се носат со бременоста.
     
    На vaga95, BoaVista, Mr. Right и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.141
    Не знам зошто од инат некој не би пуштил. Јас кажав во мојот пост дека таа ме изнервира што ни да замоли одма пред мене си отиде да си праша. Епа такви однесувања не поднесувам без разлика што е бремена. Може културно да замоли, нели?
     
    На mariz, referentka, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Да де, ама не одат само трудниците на работа. Не се само тие уморни, ехе да знаеш колку други категории на граѓани се уморни од работа, која често не е 8, туку 10 па и 12 часа. Да знаеш колку само студенти се преморени од предавања и спремање испити, некои не спијат по цели ноќи, или склопуваат око 2-3 часа. Да знаеш колку пожарникари, полицајци, доктори и медицински сестри се преморени од ноќна смена. Да не ги заборавиме и родителите кои дома имаат деца, или се брзаат да ги земат децата од градинка.

    За банка и останати административни работи има полномошно. Кога може мажот да ја остави бремената сопруга, па и брат/ сестра, мајка и татко да ја остават трудницата да шета по институции а не е способна, зошто јас да отстапувам мој ред? За пазарење исто, во недела може да испазари сопругот и до наредна недела ке имаш намирници дома. Во маалско продавниче од каде што се купува леб, сигурна сум дека нема да чекаш повеќе од 5 минутки.

    Ама тоа што не сум била бремена е најјак аргумент и тука треба да заврши дискусијата?
     
    На 789_angela, Spidy, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Charlotte*

    Charlotte* Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Вчера ме изиритира еден коментар.
    Побарав да ми ги наполнат шишенцето со вода, немаше во близина продавничка, па ајде замолив.
    - ''Наполни и вода, трудна е греотичка е''.
    А што ако не бев трудна и побарав?
    Тогаш не сум греота зар?
    Што ако ми било лошо можда?
    (facepalm)
     
    На Spidy и referentka им се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Сега кога сум бремена сфатив дека има премногу нежни жени кои патат за внимание.
    И јас се плашев како ќе функционирам на работа, со стоечка работа скоро цело работно време, па и секоја втора сабота по 10 саати работно време (од кои 9 сигурно ги стојам) .
    И секој ден качување нагоре-надоле 6 ката минимум еднаш, затоа што во мојата зграда нема лифт.
    И на работа никој не ме жали, и никој не ми ги презема потешките пациенти. Баш напротив. А со мојава бременост сега за сега е се во ред и нема потреба со сила да се правам болна. Не викам не, половината страшно ме боли на крај на смена, ама ништо што не се средува со мала масажа од маж ми :) .
    Не очекувам никој да ме пушта преку ред, или боже сачувај јас да гледам попреку ако некој седи а јас стојам. Едноставно функционирам како и до сега, само пазам на кревање тешки работи или поголемо виткање.
    И едноставно не ви држи муабетот со аптеките, редиците и вирусите. Токму и да се затворите дома, домашните може да ви ги пренесат. Секој ден сум меѓу секакви луѓе, и и самата јас пред некоја недела се грипосав па одев на работа затоа што никој нема да ми даде слободен ден. И мислев ќе цркнам ноќите, ама денски се трудев да функционирам нормално.
    И не сте само вие бремени, и грото бремени одат на работа без проблем.
     
    На Emy867, 789_angela, Anna-Karenin и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Е арно си напишала, ете пример една трудница и работи 8 саати на нога, и има фамилија, трча да земе дете од градинка, неспие ноќе кога детето ѝ е болна и ПЛУС на сето тоа е и бремена.
    А аргументот што не го разбираш еве го:
    Ова се тие работи што некоја што не била бремена не ги разбира. Значи не зборуваме за неспособна трудница, овие работи се нормална појава кај сите трудни, и кај оние способните.

    И јас бев на времето вака хардкор против лигави трудници (не дека и сега сите ги оправдувам), но сега многу добро ги разбирам работите и не глумам лудило против сите што се бремени зашто не се сите исти! Немаат сите иста бременост. А исто како што незнаеш на некој каков му бил денот и дали е болен, така незнаеш ни за трудницата освен тоа дека е трудна, што е товар плус!

    Јас зборувам само да се подигне нивото на свест и култура, не треба сите да се потепаат кој прв да отстапи место, но доволно е еден. И јас не бев лигава трудница, одев до крај на работа, дури бев премногу не-лигава и не си барав место во автобус но затоа трпев болки и се возев саат време стоечки поради културава што еве и на форум ја среќавам. Ако побарав место (се сучи еднаш-два пати) превртуваа со очи, во превод- види ја лигавава. А кога ќе ми понудеа место, ако имав потреба од него, радо се заблагодарував!
     
    На Kaetana, BlackNight, supergirlmb и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @Kitten јас многу добро те разбирам што сакаш да кажеш, стои фактот дека во бременост, жената треба да е повнимателна, особено кога е во поодмината бременост.
    Но, освен за туркање во јавен превоз, за што се согласувам дека има еден куп дивјаци кои немаат осет, а трудницата мора некако да си отиде дома, не гледам зошто во останатите дадени примери сите треба да отстапат место? Ако трудницата не може, мажот нека ги заврши останатите обврски.

    На ист начин како што бремените жени имаат болки, и останатите луѓе имаат болки, чувстуваат умор и имаат проблеми. Колку и да е себично, секој си гледа за себе. Мене ми се случувало да ставам слушалки и воопшто да не регистрирам што се случува околу мене. Ме прашувале трудници дали може да седнат, сум им отстапувала место.

    Пак доаѓаме на истото. Од каде знае трудницата дека личноста што седи немал/а тежок ден? И од каде да знае некој дека на трудницата и е тешко и сака да седне?
     
    На 789_angela, eta, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.