Јас на пример откако сум трудна 100 пати повеќе се заморувам и имам болки во грбот од пред да бидам трудна. Се чувствувам како препарирана и тешко ми е да се наведнам. Верувам дека 80 % од трудниците во 8 или 9 мес се чувствуваат така. Плус некои имаат и страшни киселини, мачнини и главоболки. Така да за мене тоа е доволен аргумент. Но јас сепак не барам од никој ништо, ако на некој што се чувствува добро му текни да ми отстапи место би било супер, ако не ќе се издржи секако. За мене тоа што носам живот и го создавам во мене е света работа. Но истовремено работа која ме троши 24 часа 7 дена во неделата 9 месеци. Па тоа подразбира и слабокрвност, несвесници, болки во зглобови и мускули. И за жал не сите имаме некој да трча по нас и колку и да ни е тешко некогаш мора нешто и сами да направиме. Мојот маж работи по 12 часа, живееме сами и ако чекам на друг би умреле за јадење. Така да секогаш треба да се гледа и од друга преспектива.
Ооо ја барав темава да можам тука да се испукам доста го малтретирав мм со милион прашања како може некои личности да се толку многу досадни како бе може така не третираат како 15 години да имаме јадиш ли? што јадиш? малку јадиш, а да ја јадеш повеќе?во една минута 100 пати истото и комбинации на кои кога ке помислам ми се лоши не па да ги јадам . Јадаааам не се секирајте не сум на рестрикции јадам по неколку пати на ден мали ама здрави оброци сега ради крвта и обрнувам повеќе внимание амааа јадаааам не ме замарајте веќе ако не пак да ставам една цевка во грло и да ја полнам постојано па нека претекува од неа ако неке надолу досадни се аман више се движиш ли јадиш ли? не бре ништо неправам паразитирам по дома .... свашта
Пред да останам бремена бев многу слаба со рамен стомак и тн. Сите коментари беа мора малку да се здебелиш многу си слаба.Здебелена сум 20 кила и сум веќе пред пораѓање, не ми се познаваат тие кила колку што сум отечена. Кога ке се породам сакам само меше рамно и да сум без оток. Облиниве нека ми ги. Кога ке слушнам еј си се здебелила, колкава си, ми иде очите да ги изавадам еј да?! Па може дека сум 9ти месец па затоа? Може дека сум 20 кила здебелена и може дека сум отечена? Може ако не да се ставам на диета ако ви е кејф? Еј ама си испукала е што да правам де? Се мачкам од 8ма недела со се и сешто ама гени на мајка ми кај испукала она со мен3 таму и јас со керка. Што можам јас тука? Ако си трудна не си болна. Епа да болна сум. Побитно ми е мене да ми е убаво со бебе во стомак него на вас и чао! И ке одмарам и ке лежам и ке седам и нема да работам ако не се осеќам способна. Ух секакви коментри имам чуено ако продолжам нема да застанам
Dali mu se slucuva na nekoj vo bremenosta da ima ispadi na ljubomora...koga i da izlezam so maz mi dali prodavacka dali nekoa rabotnicka site nekako osekam deka go "smekat" maz mi i jas se osekam glupo preglupo...ko da ne postojam...strav mi e da izlezam so nego nadvor poveke..sekoe izleguvanje jas se vrakam doma so nacrpen materijal za nervoza..imam bliznaci mnogu hormoni i mi idat so pistol da se setam zs nemozam da spijam navecer, mi idat facite na zenistata kako mu se smeskat, a i toj se ponasat taka fino prefino i gi zavedvit na nekoj nacin. Mu imam kazano deka mi smeta ova a toj mi vika pa taka normalno site se ponasale. Mi idat nokaut faza da mu dadam direktno. E sega neznam ova do trudnoca e ili stvarno pocnuvam da stanuvam ljubomorna, neznam dali e normalno ova ama ne se izdrzuva. Help feminki
Нормално е. Јас пак други мисли имам. Се здебелив и си велам готово не сум му веќе убава, ќе помине некоја згодна покрај нас јас грдо се осеќам. И мене некогаш така ми иде да земам некоја за коса да ја фатам..
Мене денес ме извади од такт золва ми. И таа е бремена и денес нешто ми изусти многу малечко ти е бебето,мене во 18та недела ми беше 500гр, 210 гр е многу малку. Не знам што повеќе ме извади од такт, дали тоа таа што рече или тоа што јас културно и објаснив дека малку ги помешала неделите дека кога била на скриниг во 24та недела и било 500гр,не во 18та. И почна да ми оправа. Реков во ред си е моето бебе, да не беше во ред ќе кажеа докторите. И ептен ми е криво што не и се развикав. Мое дете, мој проблем е неговата килажа, гледај си го твоето. Јас не се мешам, немој ни ти. Ама ете глупав човек сум јас. Што заќутувам, одговарам културно на идиоти што намерно провоцираат. Знам дека не е којзнае што ова. Ама знае дека си имам ризична бременост. Па немој да си мајмун ,да ме загрижуваш, а при тоа поим немаш од ништо. Ја трпам и за други ситници: Ќе се пораѓам приватно, не можам јас во таа нечистотија државно,не сум јас за тоа, а при тоа ме гледа мене дека одлучивме да одиме на државно со мм.
Се нервирам затоа што поим нема од ништо од бременоста. Јас читам, ме интересира, прaшувам овде. Таа вели јас не се замарам да читам, што ќе ми речат тоа правам,вели ее мајките наши не биле толку учени па не изгледале нас. Можеби требаше и јас да и речам за Санте дека има лоши муабети. Ама не, јас сум учена да не се мешам кај што не ми е место. Следен пат мислам дека лом ќе ја направам,ако ми искоментира пак некоја глупост.
Абе какво лом праење, што ќе ти се нервози. Батали ја што сака нека збори. А она у Санте ли ќе оди? Ми е гајле за третманот што ќе го добијам ако нема доктори и анестезиолози во болницата
Не сум трудница и не сум за темава. Ама не можев да се воздржам следен пат само речи и ''Гледај си го своето бебе". Ниту да се објаснуваш ниту ништо.
за таквата да ти се фати арно што не си се дерела, ќе успеела во намерата.. тури и пепел на таква ситна душа
Да ,презадоволни се од докторката и тимот таму. Ни се испофали. Секое доаѓање кај нас со маж и ги фалат тие од приватниве. Врв на глупоста: ќе раѓам природно вели без анестезија со епидурал. И ај сеа. Јас и кажувам епидуралот е анестезија и објаснувам што сум читала. Не е вели анестезија ,тоа ти е за побрзо да се отвориш да не се мачиш. И јас заќутувам на глупоста Битно таа е во право. Искрено во сево ова ме нервира што не и вратив како што треба. Велам сега на скриниг ако ми потврдат дека е девојче ќе купам полно венчиња и марами за на глава. И вели што ќе ти се од одма Ќе ја повиваш на почеток. Прво ќе размислам за тоа дали ќе го повивам, не е твоја одлука тоа. Јас одлучувам. Ама не. Јас наместо тоа и реков здравје ќе видиме.Пак со фино.. @buba4e89 @LiliBoz Никогаш не се дерам, ама не престанува. Мислам дека треба еднаш лом да ја направам да знае кај и е местото. Ама јас поради маж ми ќутам. Додека е тој тука таа не коментира,затоа што тој и врати неколку пати. Сега користи насамо моменти