1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Недолично однесување во училиште

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од edna_malecka, 30 декември 2020.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    -Инцидентот се случил на онлајн час за испрашување на знаењето на учениците. Откако побарала професорката од ученикот да ја вклучи камерата тој почнал да ја пцуе и да ја навредува.
    Наставничкиот совет ЕДНОГЛАСНО донесе одлука да ги ИСКЛУЧИ (избрка) двајцата ученици.

    Јас како што забележав на видеото, ученикот "заборавил" да исклучи микрофон, и тогаш тој започнал да ја навредува.

    -Кој е вашиот став во врска со оваа случка?
    -Дали мислите дека голема улога игра домашното воспитување?
    -Како би постапиле да сте професор, родител?
    -Дали вие како родител внимавате како вашето дете се однесува, изразува?

    Доколку темава е глупа слободно нека оди во корпа.. :D
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Ох , повеќе тинејџери се такви , сепак , недолично однесување е недолично однесување и секако треба да е казнето соодветно . Да , во голема мера игра улога домашното воспитување .

    Јас како родител , пцујам многу , но во себе . До сега не ми се случило на глас да испцујам пред нив , иако сум вриела во себе . Ако веќе не можам да издржам , тогаш одам во тоалетот и таму убаво пцујам , па бројам до 10 , па потоа се враќам во дневна :D .

    Ама сепак , не можеш секогаш да го спречиш влијанието од други луѓе. Се случило пријатели , баба/дедо , да испцујат пред децава . Секако , тие не знаат што е пи**а ти матер , ама за да не го употребуваат тој збор , барем додека се мали , убаво ги седнувам и им кажувам дека тој збор е забранет за нив . Секако прашуваат зошто , им објаснувам дека е срамота да се пцуе во јавност , а тој кој пцуе во јавност , покажува некултура .
     
    На ElenaOfRivendell и edna_malecka им се допаѓа ова.
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Мислам дека не постои ученик кој не се изнервирал од професор.
    Кога сум се нервирала, тоа било во себе или кога сум сама ќе си кажам на глас се и сешто ама никогаш не сум се однесувала недолично пред професор. Пред се, поради годините културата не ми го дава тоа.
    Има секакви професори, ама и секакви ученици.
    Сите сме сведоци младинава (посебно средношколците) колку некултурно се однесуваат, што сметам дека воопшто не е во ред и заслужува казна.
    Дефинитивно да. :nod: Иако има исклучоци, сепак голем дел од децата на некој начин се силат, затоа што истото однесување и справување со секакви ситуации го гледаат и од своите родители.
    Не сум родител сеуште, ама моите скоро секогаш внимавале на изразувањето. И да не внимавале, бев свесна оддамна кое однесување е во ред, кое не.
     
    На RainbowButterfly, Victorian, Bratot и 4 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.945
    Допаѓања:
    8.617
    Пол:
    Женски
    Слабо пратам новости во последно време, освен ако некој не ми рече нешто или не читнам тука. Ќе искоментирам како е во глобала.

    Учениците денес немаат почит, а наставниците немаат контрола. Не може наставник да превоспитува некое дете кое самото по себе е такво. Виновни ги наоѓам родителите што не се замараат или премногу се замараат за децата. Денес сè им се дозволува на повеќето деца, преразгалени се. Се нема граница до каде со задоволувањето на нивните "желби".

    Мене случката конкретно не ме зачудува.
     
    На RainbowButterfly, Victorian, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    52.542
    Пол:
    Женски
    Добра одлука од училиштето, сосема заслужено. Не може да се дозволи вакво однесување да остане неказнето. Па ученици во средно и не се толку мали да не можат да проценат какви последици би имале нивните постапки.
    Да, мислам дека ова всушност има најголема улога. Децата за однесување најмногу учат од дома и јас би се чувствувала како да не сум успеала како родител ако вакво нешто направи мое дете.

    Иако сум апсолутно против на поранешните норми кога на наставниците им било дозволено да тепаат деца, морам да признаам дека на денешните многу слобода им се дава и немаат никаква почит кон наставник. Треба да се има одредени правила, граница која не смее да се преминува и соодветни казни ако се премине.

    Се надевам само безобразните ученици ќе си ја научат лекцијата еден ден.
     
    На Veta, Victorian, tamche995 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Училиштето добро направи што ги исклучи двајцата ученици од училиштето. Се согласувам дека голема улога игра и домашното воспитување. Точно е дека има деца што се претерано разгалени, сè им се дозволува. И дома, и на училиште. Меѓутоа има и некултурни родители. И наставници. Има полно возрасни луѓе за кои малку е да се каже дека се некултурни. Ако родителот пцуе, навредува, користи недолични изрази пред детето, воопшто не е чудно и детето да биде такво, без разлика на начинот на воспитување. Сум против ќотек како воспитна и како педагошка мерка во која било форма, како и против викање затоа што сум сигурна дека децата може да се дисциплинираат и без тие работи.

    Како сите, така и јас се имам нервирано од професори и сега на факултет се нервирам, ама никогаш не сум го искажала тоа на глас. Секогаш во себе. Ниеден од нас не е цвеќе за мирисање.

    Кажав погоре дека и многу возрасни луѓе се некултурни. Да, младината е некултурна и невоспитана. Ама кој ќе ја воспита кога тие што треба да бидат нејзин пример се такви? Ги прочитав и коментарите на Фејсбук и рееетко кој ги искритикувал. Дури имаше и фалења. И тоа од луѓе што беа поддржувачи на ќотекот.
     
    На Veta, The Drifter, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Дека треба да му швркнат една тужба на школото, и не само што е незаконски што ги избркаа и ќе мораат да ги вратат, туку имаат основа и да бараат оштета.

    Има процедура за непристојно однесување.
    Се намалува поведение. Два пати, пред воопшто да се размисли за исклучување.

    А не дранг-дранг и директно исклучување.
    Кај на мајка им?
     
    На sonuvana, winnie7, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  8. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    Не знам дали го имаш гледано видеото, за она воопшто не треба да се размислува дали да се исклучи. Малку му е и тоа што го избркаа.
     
    На The Drifter, tamche995 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Ту мач е што го избркале од школо. Можеле некако на друг начин да го казнат голема работа што рекол и се срона бисерот на неа.
     
    На raww, Orthophill и edna_malecka им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Аха да.
    Малку е.
    Само што законот вели дека е забрането да ги избркаат пред да помине процес на:

    -Дете предизвикува вербален проблем на школо.
    -Класниот го вика родителот на консултација
    -Ако се повтори, се вклучуваат и педагогот и психологот во школото
    -Ако сеуште не се менува ништо, се известува Министерство за социјални работи
    -Министерството прави претрес
    -Се утврдуваат одговорните за ситуацијата (без разлика дали ученикот, родителите/старателите, наставниците, или сите набројани) и се насочуваат кон соодветни инстанци.

    Ова што го направило училиштево, е директно прекршување на законот за образование.
     
    На sonuvana, Srckata28, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Не викам дека не требало да ги исклучат ама...
    Колку пати само имало кога вакви зборови па и физичко насилство имало меѓу соученици, виновникот не добива НИКАКВА казна.
    Во основно добивав и вулгарни навреди и физичко малтретирање, па казната не беше ни близу до исклучување. И кога такво нешто ќе видам да се случува, тогаш и со ова ќе се согласам.
     
    Последна измена: 31 декември 2020
    На Just.do.it, LadyD и edna_malecka им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Треба да велиш дека не требало.
    ----------

    Сите треба да знаете дека не само што не требало, туку и не смееле да ги исклучат од школото.

    Се надевам некој адвокат ќе им понуди правна помош на семејствата.
    Или ако можат да платат, сами да си најдат адвокат.
     
    На sonuvana, Orthophill и edna_malecka им се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Епа наводно:
    СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме, велат од училиштето.
    Синдикатот бара итни законски промени со цел заштита на наставниот кадар.

    -Педагози, психолози, социолози и дефектолзи треба да дадат свој придонес за изнаоѓање на законско решение каде што наставниците максимално ќе бидат заштитени од апсект на вакви навреди и злоупотребување на малолетноста на учениците и да прават вакви испади. Во секој случај, мислам дека и домашното воспитување на некој начин затајува и од аспект на семејство и родители, навистина родителите мора да преземат повеќе грижа кон сопствените лица во однос на семејсното, домашното воспитување, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

    Од МОН појаснуваат дека постојат одредби во кои се предвидени законски постапувања во случаи на нарушување на угледот на наставниците.

    -МОН остро ги осудува сите вакви и случни примери на комуникација меѓу учениците и наставниците и апелира на развивање повисока свест, почит и култура на целата училишна заедница – ученици, наставници и родители. Во своите активности МОН активно работи на зајакнување на стручните служби во училиштата, а во насока на зачувување на безбедноста, здравјето и културата на сите вклучени во воспитно-образовниот процес, велат од МОН.
     
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Ајде ви се молам. Наркоманчиња напушени, издрогирани, напиени не биле избркани од школо а детево што пцуе е избркано. Премногу е. Да е мое ништо нема да му речам нити ќе го карам
     
    На winnie7 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    НЕ!

    Психолози, педагози, социолози и дефектолози, треба да си ја работат работата за која се платени.

    Не знам ова како можи вака?
    Пред 30 години учев, па ако некој правеше проблем го испраќаа кај психологот.

    Демек понапредни треба да сме сега |(
     
    На sonuvana, bicycle, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не.
    Мора да се работи со деца кои се вербално или физички насилни.

    Значи, не да ги кара некој, туку да се седне и да се разговара со нив, за да се открие која е позадината на таквото однесување.

    Мораме да раснеме здрави идни генерации. И физички, и ментално.
     
    На sonuvana, sierra, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Во Македонија тешко.

    Пола и поише не си ги знаеме кои ни се правата во државава. Таа кажува за закони. Родителиве сега можеби не се ни замараат. А можеби и избезумени, од срам незнаат крајот каде им е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Точно тоа!
    Тоа е основниот проблем во државава.
    Ни некој ги знае, ни почитува законите.

    Затоа после се 'решаваат сметки' со лични пресметки, а не по соодветни инстанци кои се воспоставени во општествово.

    Научете си ги правата и одговорностите.
    Да.
    Со секое право, доаѓа и лична одговорност.

    Не се тешки, common sense se.
     
    На Orthophill и edna_malecka им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.410
    Пол:
    Женски
    Ај пред да искоментирам дајте линк.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    E прекрасно.

    Мора од некаде да се почне со казнување за недолично однесување.
    Можеби неговата строга казна ќе им биде пример на другите вакви ученици па ќе си го соберат малку јазикот.
     
    На Veta, СуперДевојка, Celltica и 9 други им се допаѓа ова.