Чекај, на местото на професорката стави некој твој близок. Истото би го викала? Во случајот е виновен ученикот! И доста со тие закони. И професорите се луѓе како нас. Не се секогаш учениците во право.
Ме интересира во кој дел е жртва. И како баш соученикот решил тогаш да снима? Како да знаел дека ќе има пцуење?
Па двајца ученици се избркани. Багабонтот и другар му што го ширел видеото на тик ток и по интернетов. Ама битно училиштето да се тужи. Нели? Се прашувам зошто.
Јас кажувам само како стои во позитивните законски прописи, дали е морално дали треба промена на закон незнам ама моментално така сто работиве.
Ученикот ја навредува со зборовите: мора да вклучиш камера, мора да ми го и*****ш, да ти е**м с*****а д****а. Каде професорката премногу културно му врати, и рече дека ќе биде пренесено на класната. КАДЕ ВО СЛУЧАЈОТ УЧЕНИКОТ Е ЖРТВА? И ајде.. чим напна со тие закони. Кажи според кој закон ученикот е во право, во случајот?
Според тоа што мерките не се изречени постапно. Според тоа што објавен е на интернет без негова дозвола.
Кој го објавил видеото? Од ова се страда во државава, виновникот му ја менувата улогата во жртва. Ти слушна ли какви зборови искажа на професор? А таков закон да најдеш, за навредување? Сигурно постои
Бидејќи учиш правен, можеш да ми кажеш во кој закон го пишува тоа и според кој член? И дали знаеш дека има закони, во кои ученикот не смее да го навредува професорот?
Штом сте цела фамилија правници и го поддржуваш и одобруваш однесувањето на учеников, тогаш зошто не се понудите да му помогнете, да му биде адвокат некој од вас? Бидејќи многу си сигурна дека случајов ќе го добие ученикот.
Сигурно си влечат некое “досие“ во школото штом се избркани. И мои соученици избркаа токму поради снимка, а тие со години имаа ексцеси на дневна база, само видеото на интернет изнесе на виделина што све толерира таа установа, така да, оваа проблематика не е од вчера. Јас сум ЗА ваквите ученици да бидат отстранувани, во многу порана фаза.
Едино да е професорката со психолошка позадина па намерно го испровоцирала за тој така да се однесува. Во трката за адвокати не е само да се фалиш за потеклото, него долж целата кариера е да немаш ниту еден изгубен случај. Но, во овој случај секогаш се поаѓа од тоа дека професорката го провоцирала,била строга, била ова,она...- ученикот жртва. И да, дојде до суд и да добие ученикот, тој пак ништо нема да научи туку истото и во иднина ќе го прави. А, професорката засрамена ќе си даде отказ и ќе се крие,затоа што доличното однесување кое сакала да го пренесе врз ученикот било погрешно. Денес е нормално да пцуеш било каде и било кого,тоа е одлика на личноста. Среќна Нова година
Среќна нова година и тебе Бубаче Навистина е срамно и жално, млади луѓе да мислат дека е во ред вака да се понашаат со професор. Култура, Бон Тон, што е тоа, непознат поим? Туку, стои ли уште видеото да го видам уште еднаш?
Како бе да не биде средното задолжително? Цел свет оди напред ама ние со основно ќе останеме. Настрана од целиов циркус со случајов, како може воопшто да помислите дека добра идеја е да го тргнат средното како задолжително? Кај живеам божеее
Не знам дали се сеќавате кога средношколка орално задоволуваше другар на час. Клипчето секаде го имаше, таа не ја избркаа туку родителите ја преместија во моево училиште ( гимназија) ама и од таму си отиде пошто премногу ја задеваа за тоа. Тоа што ги избркале од школо нема да ги смени, пак ќе си бидат такви средно мора да завршат како и да е. Инаку вакво однесување е неприфатливо, сум се карала и јас со професори некогаш ама никогаш да навредам.
Ако ученикот или негов законски застапник родител, старател ни се обрати баш нам ние би го застапувале пробоно. И сигурно дека случајот ќе биде во наша корист, тато има добиено случаи против државни институции дури има еден случај ја доби и државата.
Ако ученикот го добие случајот (доколу тужи), тогаш ќе престанам да верувам во закони и правда, во државава..
Секогаш постоело недолично однесување од страна на учениците само што сега како технологијата се развива се повеќе тоа ќе излегува на виделина. Мислам дека сите сме слушале и смњ биле сведоци и од поодминати генерации на разни недолични однесувања. И секогаш тоа поминувало како низ хумор и недоволно санкционирано. Во последниов случај со видеото некаде прочитав дека ученикот бил избркан од училиштето. Мислам дека тоа како санкција не е доволна бидејќи проблемот не се решава долгорочно од аспект на тоа што сигурно тој ученик ќе се запиши и во друго училиште и ќе продолжи со таквото однесување. А и не само во училиште сигурно истиот тој ученик така се однесува према соучениците и надвор во сите сегменти од општеството. Сосема е неприфатлво...
Децата немаше да ги добијат тие казни ако не беше разгласено и дознаено. Зашто такви работи се дешавале и ќе се десат, и поминувале со најмногу намалено поведение или укор. Ама сепак, заслужено е. Се надевам дека им се отвориле очите на родителите, како си ги НЕвоспитале децата.