Колку што разбрав се избракни од школото и оној кој опцул и оној што го ставил видеото на тикток. Не само што се избркани, дури документи на уписи 2021 пак како прва година.
Па да ми го испу**ш баш и не е некоја мала пцовка. Не е ни пцовка, нешто најдолно шо можиш да му го кажиш на некој. За професор па и да не правиме муабет, и малку му беше шо го избркаја. Памет во глава. Па и предлагате да се жалел, со кое лице да се жали бе дали сте нормални? Онај да ми е син мене ќе ми е срам од дома да излезам, ќе се прашувам кај сум згрешила во воспитувањето, не па уште крила да му давам и да го бранам. Истото ова го снајде и едно дете 3та средно од моето училиште. И опцу сочно на професорка мислејќи дека оваа нема да го слушни, бевме во автобус одевме на екскурзија. Го избркаја веднаш по брза постапка, си ги зеде уште одма документите. Јас не знам бе шо е ова со денешниве генерации, посебно овие шо се сега средношколци. Се понашаат ко прави невоспитани дебилчиња, та машки та женски. Ние не бевме вакви пред 5 години, колку толку понормални бевме. И ова неодењето на школо ги поремети скроз, изгубија осет за надворешниот свет. Господ напомош само со ваква младина, друго не знам шо да кажам.
Може да тужат родителите, доколку се прескокнати постапките по протокол. И најверојатно ќе добијат во тој случај, да. Ама би им било попаметно да не тужат, туку да си го воспитаат детето. Затоа што ако тужат, како мислат дека ќе биде третирано во иднина во наредното школо? За да се заштити школото, нема да му прогледуваат низ прсти, туку ќе се постават строго. Дали би му одговарало да презапишува прва година 10 пати или повеќе му одговара да седне да учи и да не се занесува многу?
И што ако добие на суд? Дали неговото однесување е правилно? Дали се ова зборови кои треба да ги користитш? Ако добие на суд, тоа им дава простор на учениците да се иживуваат врз професорите. Сфаќам сите сме имале искомплексирани професори. Но и они се луѓе, со фамилии дома. Да те прашам а професорката, не може да ги тужи за нарушување на углед? Сепак нејзината фаца беше на сите весници и социјални мрежи.
Овде не го бранам ученикот но да си признаеме сите имаме пцувано и колнато по прпфесори. И ова не било намерно ученикот заборавил да го исклучи микрофонот, кој намерно би го псувал професорот иако ги знае последиците? Според мене казната да го избркат од училиште не е правилна одлука затоа што на некој начин му се одзима правото на образовние, како што знам ученикот е средно стручно образование што значи тој одамна се определил за струката а сега пак директорот да го избрка од училиште. Можеле да го повикаат во училиште со родителите и да разговараат со педагог, директор или класен раководител и да го решат проблемот. Ова со бркање од училиште некако не ми стои на место. Истото се случи и кај нас пред некој ден на онлајн настава. Професорот зборуваше како не е задоволен од писмените што ги правевме, и еден од учениците заборавил да го исклучи микрофонот и вели "Шо го е*ам" Проф секако го слушна тоа, само го предупреди да внимава што и како зборува со професор и ништо толку крај на разговорот. Ова го направија преголемо а и + тој ученик што го снимал видеото и го постирал на сите социјални мрежи треба и тој да добие некоја казна не може ова вака да помина. Кажувам само свое мислење
Мене искрено срам би ми било дома да ги погледнам. Знам дека би биле многу разочарни во мене и сигурно некое убаво ќотекче ќе си добијам. Но, сепак такво однесување се учи од најмал од најблиските. Не за џабе викаат ќотекот од рајот е излезен за некои. Порано коа ги тепале учителите децата со гранчиња од калинка и ленијар, случајно вакви дешавки да не имало? Денес стално слушам некои приказни. Професорката физика во канта ја пикнале, на др професорка шофершајбна и скршиле. На што личи тоа?
Намерно му бил оставен микрофонот за да се напраи смешен пред другите. Буквално пред да влезеш на часот самото ти гаси микрофон. Да легнам врз тастатура нема „случајно“ да ми се уклучи микрофонот.
Ако добие а ќе добие ако тужи ќе се врати во школото а ќе земе и убава пара како оштета за тоа што му го нанесе училиштето. Јас кажав и претходно дека професорката може да почне граѓанска парница но училиштето направи злоупотреба на службена положба.
Е како не сите сме пцуеле и колнеле професори. За мене тоа е толку просто и ниско, ни на најголем непријател дури не би го колнела или пцуела вака простачки, не пак на професор кој за некој семестар или година нема ни да го памтам веќе. Ова е одраз на некултура и тоа е тоа.
Професорите се оние кои ја кројат иднината на еден човек и една држава. Необразован човек е човек без ништо. Држава без образование не е држава. Искрено на една рака можам да ги избројам „лошите“ професори со кои сум се сретнала.
Има и луѓе што не пцујат како може да кажеш сите сме пцуеле, колнеле, не сме сите сељаци. Грешка на професорот кај вас, што реченицата што го е*ам не ја пренела на класен, на педагог, кај мене искрено не би поминало тоа со предупредување, не може вулгарности да оправдуваш. Избркан е и тој што снимал мислам. Епа сега стручно си одбрал, не знаел да се однесува, тоа е, грешките во животот ќе си се платат. А и не па дека многу знаат децава од основно за што им е средното ама тоа е друга тема.
Да требало да се известат педагог,психолог или штагод и тие да си работат со ученикот да му помогнат. А не како во случајов директно да го исклучат од школо за тоа постојат законски услови кои треба да бидат исполнети.
Апсолутно не би оправдала физички напад имам пишано и претходно каква е постапката во таков случај со кривични и тн.
Па уште на видеото се смее ученикот, види ме колку сум јак. Не знам дали видовте ама направено е и пародија на видеото.