Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Недолично однесување во училиште

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од edna_malecka, 30 декември 2020.

  1. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Има професори што се искомплексирани и се изживуваат врз учениците, меѓутоа има и невоспитани ученици. Овие двајца беа токму такви и требаше да бидат санкционирани. Голем противник сум на викањето и физичките казни во секоја форма и веќе кажав зошто. Прочитајте ги само коментарите на Фејсбук и ќе видите дека сите ги фалат учениците, па дури прочитав и дека заминале како легенди. Колку што ученикот има право да го тужи професорот ако му направи нешто, толку и професорот има право да го тужи ученикот, секако, доколку ученикот е полнолетен.
     
    Последна измена: 1 јануари 2021
    На Veta и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Aбе ајде, а ако не му е прв пат?
    Некои си даваат преголемо право да навредуваат.
    Плус ете и да се врати назад со тоа и многу други ќе имаат слобода што сакаат да прават.
    Грешка беше тоа онлајн учење, ам тоа е.
     
    На mode-kristina и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  3. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Само за ова можам да се сложам со тебе.
     
  4. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Ако е малолетен пак може одговара родителот.
     
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.171
    Пол:
    Женски
    Не би да звучам како баба ми, ама технологијата го расипа светот.
    Откако се појави тик-ток ми е страв да одам по улица, да не знаеш од која страна ќе ти се случи нешто.
    И додека во светот го користат на прекреативен начин, кај нас само за дебилни работи.

    Сосема заслужено бркање. Би сакала да функционираше поимот психолог во школите и барем еднаш годишно да разговараше со секој ученик посебно.
     
    На Ева33, Kitten, Veta и 13 други им се допаѓа ова.
  6. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    2.620
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, при прием во училиште и во текот на годината. Да се научат на елементарно однесување и бон-тон.
     
    На Veta, ElenaOfRivendell, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.171
    Пол:
    Женски
    И да се следи нивното однесување, причините зошто истото е лошо и да се најди начин да им се помогни.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Елементарно однесување и бон тон треба пред се да се учат дома.
    Голем дел од родителите се толку опуштени и сметаат дека наставникот/ педагог/ психолог се должни да им го воспитува детето, а они да им го дадат дома телефо от/ таблетот и да се смешкаат ко зелени кога детето пцуе или се однесува недолично.
    Не ја исклучувам важноста и улогата на училиштето, но не се единствен фактор во воспитување.
     
    На Ева33, Veta, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не можам да ви се изначудам.

    Значи појма немате од тоа кои ви се правата и одговорностите.

    Не е муабетот дали треба да има санкција, туку дали е законски што ги исклучиле?

    Абе кој шо сака можи да ви прај, вака ако размислувате.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Да постапев како типов, прво ќе си ја наведнев главата. Пред се затоа што ги срамам своите родители, а второ што на просветен работник, носител на едукација, му говорам погани зборови. Казната е сосема во ред и соодветна.
    Ако некој е доволно свесен, ќе се извини и ќе моли, а не законски да бара правда, што во случајов не знам кој закон би го толерирал таквото однесување.
    Што се однесува до сопствена заштита, доколку сум во право, ќе превземам секаква иницијатива во однос на правна рамка. Сум била оштетена и те како сум си ја зела правдата. Не сме глупи и прости. И не знам кој адвокат би се нафатил да го застапува случајот, освен ако нема акал и никаква совест.
    Одлуката е оправдана и крај. Треба да се знае каде е местото на такви идиоти што мислат дека можат да газат се пред себе.
    Дали законот треба да ги штити и оние што напаѓаат физички професори и соученици?! Мислам не знам ни што дискутирам тука, кога сакам само едно БРАВО да кажам за тоа што конечно се мрда со прст онаму каде е заслужено.
     
    На Ева33, Kitten, Veta и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.171
    Пол:
    Женски
    Не можи кој шо сака ама не можиме ниту ние да прајме шо сакаме.

    Ехе колку имало шо ќе добиеле опомена и родители викани на школо (процедурите нели), па пак си продолжиле по старо. А и на памет збораме, не знајме дали претходно му биле изречени мерките постепено.
    Се сложвам дека не е најсјајно решение и нема никаква корист. Психолог/педагог сериозно да разговара да, и со него и со фамилијата, ама малку далеку сме од то. Ај можи ќе им текни дека редно е да се придава поголемо значење на нивната професија.
     
    На ElenaOfRivendell, tinka-mace и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Добро читате шо пишам, или не?

    Санкција треба да има, законската процедура мора да е испочитувана.
    Во случајов не е, оти физички не е можно во ден ден да поминат сите законски чекори.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Да речеме дека си во право, ова му е прв прекршок, пак не ми менува ништо и што се однесува до мене, сосема заслужено. Да го жалам, немам намера.
    А што ако не си во право? Го знаеш типот? Не! Знаеш што друго правел? Не!
    Обично вакви личности, што се дрзнуваат на ваква комуникација, не се мачиња што предат, туку сигурно има силна позадина.
    Наместо да се стремиме кон поставување на посериозни мерки, ние ќе ги едуцираме децата како да го е*ат системот, а притоа да се однесуваат како нецивилизирани суштества.
     
    На Kitten, ElenaOfRivendell и tinka-mace им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не може на прв престап да го исклучат од школо.
    Противзаконски е.

    Знаете што е закон и за што постои?

    Никој не вели дека е во ред однесувањето.
    Ама законот треба да важи исто за сите, и треба да се почитува.

    Што сме без закон?
    Распашана банда.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ама од кај знаеш дека му е прв пат? Зошто упорно алудираш кон тоа. И да е прв пат, на што личи тоа? Како пишуваш, жал да те фати за него, мислам....
     
    На ElenaOfRivendell и tinka-mace им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Оти треба да има укор пред исклучување.
    Времето потребно за да помине процедурата не е возможно да се напика во еден ден, кога физички треба да поминат месец-два.
    Пишеше поназад Луциферка кои се чекорите.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Чим се раководиш според некој член тука (патем студент, прва година) а не според лица со долгогодишно искуство во просвета, се е кажано.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.171
    Пол:
    Женски
    А 100% му е прв прекршок?

    Шо ако првиот прекршок ми е да го скршам од ќотек некој? Првиот пат ќе ме предупредат.
    После пак го кршам од ќотек, укор за кој требат два месеци.
    Во меѓувреме ќе натепам уште тројца.

    Пак ќе речам на памет збораме. Нит знајме дали имал укор, а гледам не знајме ни законот каков е.
     
    На Ева33, Bezimenka90, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Дефинитивно може да се сложам дека на памет зборувате. Ниту се знае дали му е прв или сто и прв испад, ниту што е каде дефинирано. Јас од фамозното видео само разбрав тиит, тиит. .. Аха, ќе те кажам на класниот, седи кец, и толку.
    Ни дали е престап, испад или прекршок не знаеме, ваљда за прекршок важи закон за прекршоци, а ова е такво? За прекршок на суд се оди ваљда:?:.
    И пак не ја гледате големата слика, не е ова решение на никаков проблем, само продлабочување на проблем е. Ниту учениците од утре ќе бидат повоспитани, ниту професорите попосветени. А не е случајов исклучок, повеќе како општо место ми изгледа. Ама битно ,,настава,, има и се е според закон, овај правилник:doh:.
     
    На M.B. и Ugly Duckling им се допаѓа ова.