Го прочитав. Одличен закон. Мртво слово на папиру. Нема шо тука закон, трте мрте, малиот е потенцијален криминалец и одма во шутка да се прати. На форум така пресудија. #сарказам
Го прочитав. И? Ни дрога продавал, ни фалсификувал докменти, ни се заканувал, ни оштетувал имот. Единствено ако континуирано вреѓал и псуел, откако ќе поминат сите советувања и опомени, тогаш можело да го избркаат.
А во истиот закон наставничкиот кадар е заштитен? Еве детево не го бркаат од школо, зошто задолжително средно,секоја домашно невоспитана битанга мора да заврши. Ќе оди како санкција на посети кај стручните служби,ќе и упати и таму сочни пцовки, и никому ништо,ќе заврши со опомена пред бркање,во училиштето ќе стане фраер,пример дека можеш да бидеш брутален вербален насилник и да си продолжиш во школо ко ништо да не било. Опомените се смешки,никој не се потресува за нив. Ајде сега искрено. Ти си наставничката/жртвата што вербално ја нападна. Ќе го примиш на час во септември после вербалниот напад? Зарем не е за тебе наставничката жртва ?
Овој закон е за учениците. Има закон и за наставници. Да го барам и тој, или ќе се потрудите да изгуглате сами?
Психичко насилство. Дали ако некому на форумов му се обратам со ,, пуши к*р, свињо дебела", ќе добијам опомена или бан? Споредбава е деликатна, но мотивот зад неа е дека се работи за силна навреда, особено во воспитно-образовна институција. Еве ти да беше на местото на професорката, и ти беа упатени тие зборови, под а) ќе имаше емпатија према ученикот, дете е бе; б) ќе бараше највисока санкција; в) ќе му дадеше правен совет, да го тужи училиштето.
Не е работатата дали згрешил , туку која е соодветната мерка и процедура. Ме разбираш ли? Не го оправдувам, ни го поддржувам за тоа што истропал...
Свако чудо за три дана, од утре ко да не било. Ништо нема да се постигни како и да заврши случајот. Пак ќе има исти работи, се' повеќе како шо тргнало, само нема да ги има на снимка да слушниме. А за да има некоја промена и во воспитувањето и во посветеноста на наставниците и педагозите ќе треба фабрички да не ресетират. Ние на форумот во 3 сабајле уште помалку можиме да го смениме системот.
Па врз основ на член 11, поради психичко насилство е избркан од училиште. Што не е јасно?! А тука постои и плус незаконско снимање.
Ама не можи од едно псуење да го избркаат. Треба да е континуирано недоличното однесување и континуирано да ја дисраптувал наставата. Па да имало претходно советување, па опомени, па опомени пред исклучување, па дури на крај исклучување. Аман читај со ред, една страна текст е законот.
Случај-по случај. А и ни треба правна едукација на сите. Ни права знаеме, ни одговорности. И никој не поштова закон... се со шеми и врски се решава. А некој седел и пишел закони... за шо? И после ко ќе ми се тупка некој по гради колку ја сакал државата, а милион пати Словото нејзино го прекршил, ми иди да му тупнам една по нос, и да го онесвестам
А упорно не одговараш. Ја знаеш целата историја, знаеш по кој основ е постапено? Како тврдиш за нешто, што реално немаш појма. Може укор имал, па со ова само си заработил експресна карта за чистење канализации.
Не знам како е постапено. Затоа сакам да знам. Според тоа што се' се случи за нецели 24 часа, скоро сигурна сум дека не е следена процедура.
Ќе го пратев на табла Абе се е веќе измислено, ама на кој да му текне За да бидеш професор требаше да имаш положено педагогија и психологија. Пожелно е истите да ги користиш во работата. Не знам дали сеуште важи истото.
Не те прашав за закони. Те прашав дали доколку ти беше наставничката дали би го примила на час во септември ? И какво влијание би имало толерирање на насилников на другите деца во училиштето? Или влијанието го нема во законите? Не размислиле до толку. Требало да помине со опомена пред бркање? Опомена од директор? Знаеш колку се потресуваат во средно од тоа ,ич. И да се врати во школо ко ништо да не рекол, стварно?! Што е со угледот на наставникот?! Се додека толерираат вакви дечишта без казни само со опомени ,ќе постојат напади и кон наставници и кон ученици,кои и ќе ги снимаат и споделуваат. Сосема исправна одлука е бркањето во интерес и на останатите наставници,,ученици во тоа училиште.
Ти мори го прочита законот? Утре ќерка ти ќе опсуе некој и ќе ја избркаат. Вие за оцени плачите цела година пред вратите на наставниците, за ваква работа, има да го запалите школото. А од ист корен излегуваат и подарени оценки, и непочит кон наставникот кадар: Не се спроведуваат закони!
Ќе се сложам за се' освен за едно. Си слушаме ние дека во странство има некои права и си ги прифаќаме само нив, заборавајќи дека имаме и одговорности. Многу знајме за правата ко ќе дојди време, ама ништо за одговорностите и зато сме во ова состојба и зато сме далеку од се'. Се разбравме на битолски.
Се сложваме у ствари за се'. Тоа често го повторувам: права и одговорности Ти чупе со таков ум и таков осет за мода, поарно ич да не седиш во Македонијава. Доотупва луѓе