Пак не ми одговори. Ако опцуе наставник?! Веднаш нека ја избркаат. Всушност,дали сакаш да кажеш дека доколку твоето дете опцуе наставник ти би плачела пред врати и би го запалила школото? Заедно со тие што молат пред врати за оценки,оти исто е. Баш си контрадикторна. Тука на форумов не престана да збориш за психичко насилство,а во случајов жртвата не ја подржуваш ,бараш насилникот да помине само со опомена која вреди колку и тоалетна хартија. Баш интересен став.
Не. Доколку мое дете опцуе наставник, јас лично и персонално, ќе ја однесам кај психологот, ќе ја викнам и наставничката која ја опсула, и класната, и ќе се обидам да го решам проблемот, и ќе барам да и' се каже на ќерка ми, зошто таквото однесување не е соодветно... и од нив, исто како што и јас што ќе и' објаснувам и милион пати ако треба. Не сум јас од тие што молат за линеанси. Ко татко ми сум Татко ми, на на мајка ми сестра единица и' остави на крај, оти не учеше. Професор и' беше.
Ама според долгата верзија на законот за средно образование член 57.(5) Педагошката мерка отстранување може да се изрече само за потешка повреда на должноста утврдена со статутот на училиштето. Педагошката мерка отстранување се применува за учебната година во која е изречена. На ученикот може да му се изрече педагошка мерка отстранување од училиштето во текот на целата учебна година. Што би требало да значи ако во статутот на училиштето стои ред на однесување кој е нарушен,сосема регуларно се избркани двајцата. @WildMk Ќе почне ќерка ти во средно па ќе видиш колку немаат никаква корист опомени , стручните служби и сл.ги толерираат до максимум,преку сите граници. Еве слушај што ти зборам. Не само што најголеми багабонти и битанги без никакво однесување школо ќе завршат туку и ќе ги малтретираат покрај наставниците и децата и сето тоа баш поради законот кој ги мази. Само сила им даваат бетер да прават. Инаку јас сум од тие што ако останев на работа во школо,моите немаше да бидат привилегирани,знаат и сами па ми викаат фала Богу што не во школо.
Муабетот е, родителите на помирни деца и помирни деца се согласуваат дека фраериве (кхм, кхм) со право се истерани. Конечно Оние багабонти, се фатиле за тоа дека за 24 часа немало време сите процедури и 15 дневни рокови за жалба да поминат за да бидат истерани. Луцифера правна помош на багабонти нуди, школото да го одерела, вода од очи ќе им вадела. Вајлдица па се фатила да ги социјализира, не смееле да ги истераат од школо, што, да не ја излажал што и рекол ***** ***** #смајлиштосекекрстисолева Заклучок Преку *** од такви како вас што сте се фатиле багабонти да поддржувате. Што е со девојката што ја премлатија од ќотек вакви "фраеришта" што од дома веќе не можеле да ги контролираат? Ама тогаш, тие што сте јаделе шамари од дечковци као ја браневте девојката од фраерите, а сега сличните фраери ги величате, на суд ќе сте ги бранеле? Што е со другите деца во класот, кои не можат настава да следат затоа што двајца бавноразвивашти решиле да се к*рчат? Што е со пропуштените часови настава, што е со напорот на учителот да си го одработи своето? Вие не можете една дискусија да протерате без големи букви, ти мори, и слични ниски испади, не па млади битија да ги образовате и да ги научите "нешто паметно"
Тука не е проблемот само дека некој опцул. Бидејќи, е избркан од школо и тој што го ширел видеото. Според правилникот нивен, часовите не смеат да се снимат. И се гледа дека не е никаква случајност тоа дека микрофонот му останал вклучен. Буквално каква е таа случајност нему да му остане микрофонот, а другарчево баш у тоа време да почне да снима. Они и како школо биле принудени најригорозни мерки да превземат, бидејќи цела Македонија следеше. Ако не сторија ништо, тоа им остава простор и им дава до знаење дека секој можеш курташак да си игра со професорите. Ова е за пример да го намалат таквото однесување. И зборуваме за ПТТ каде голем дел од децата се деликвенти. Не сакам да генерализирам воопшто, зашто сум сретнала и имам многу блиски што учеле таму. Ама моменталната слика во тоа школо е таква. И којзнае колку пати се имале иживувано врз тие професори и било прегледно низ прсти. Мора да се знае кој е авторитет и кога да ќутиш. И фала богу научија дека и професорот е некој што ги држи сите конци за твојата иднина. Такво однесување не треба да биде оправдувано.
Дајте ако не да собираме пари за "детето" да си плати адвокат? За што се дискутира 14 страни Што е тажното? Тоа што истите адвокати што сега би го застапувале невоспитаниот и гарантираат дека ќе добијат во иднина ќе ги вадат најголемите криминалци од затвор со "дупки" во законот. Општо изгледа како тој вид на адвокати без никаков морал или некаква етика се најзастапени моментално во Македонија. @Luciferka искрена биди така е или не сум во право?
Ова со видеото се гледа сека е испланирано одамна, пред да им почне часо. Значи дечково не сака да ја вклучи камерата и као демек ЗАБОРАВИЛ да го исклучи микрофонот почнува да пцуе по професорката, А и овој другиов што снима за да покаже колку големи ФРАЕРЧИЊА се. И двајцата треба да бидат избркани од училиште не само тој што ја невредува профф со погрдни зборови. Делото е и на двајцата се гледа дека се имаат договорено пред часот, зошто не може овој да ја вклучи камерата баш во моментот кога неговиот соученик/другар се прави некој јак ГАСЕР. Никој нема право со никој вака да се понаша посебно не со власно или во овој случај просветно лице а при тоа да помине без казна. Ајде ставаете се на местото на професорката, како би се чувствувале вие? Да кружат снимки од вас низ цела држава каде некое некултурно детиште си прави смешки со вас. Нормално никој не го сака тоа, и проф во овој случај има право да бара правда.
Ти лично и персонално ако сакаш и на кушање можеш да го однесиш. Јасно ти пиша @Cosmi како гласи членот 52(5.). Еве ако сакаш пак: Педагошката мерка отстранување може да се изрече само за потешка повреда на должноста утврдена со статутот на училиштето. Не знам зошто пробуваш да докажеш нешто за кое што не си во право. Ако сакаш до утре труби тука на темава колку не е во ред што ги избркале, фактот дека, цитирам: Морал да сум имал камера.. мора да ми го испушиш к***в, ти е**м свињата дебела" спаѓа во ПОТЕШКА форма на повреда на должноста. нема да го смениш. Разбирам двајца тинејџери од клас да си опцуле мајка меѓу себе, па да има некои посебни санкции за нив од типот на намалено поведение и слично, ама за ова погоре што го напишав, каде што ученикот, според ова што може да се запримети на видеото НАМЕРНО ја вреѓа ПРОФЕСОРКАТА, извини, ама сосема си заслужи да биде избркан.
Значи не е проблемот што го избркале, туку што истиов ученик да навредеше или мавнеше соученик (на нормален час со физичко присуство), никој немаше да мрдне, не па да го избрка. Или кога професор ќе навреди ученик. Една усна опомена кај психолог и чао пријатно. Пред очи на наставник бев удрена на сред час. Казната? К*рац казна.
Образовниот систем во оваа наша држава е на многу ниско ниво. Најпрвин од кадарот што се вработува во градинките, основните училишта, средно училиште и факултети. Вработени негувателки со лиценца, вработени наставнички преку партиски книшки, вработени наставници преку некои црни тунели (мито). Сите на интернет критикуваат, а никој до сега јавно не искочи да се побуни и изреагира зошто има такви вработувања на кадар - наставник професор. И потоа се очекува образованието да биде добро, да има образовни цели и принципи епа неможе да има. Се вработуваат негувателки со лиценца со 100 прашања на тест, а студентите што учеле четири години на педагошкиот факултет - предучилишно воспитување седат дома или работат други работи. Зошто воопшто постои педагошки факултет кој е сместен на многу ниско ниво од сите факултети. - Родителите најпрвин треба од дома детето да го воспитуваат и учат како треба да се однесува кога ќе искочи од дома, кога ќе се движи по улица, во училиште и дружење во друштво. Однесувањето на детето (син / ќерка) е огледало на родителите. Ако некој родител се викне во училиште за неговото дете одма се оди со негативно и со вербално расправање со наставникот - професорот демек нивното дете не е такво, вакво или онакво. Треба и родителите да се ислушаат сами со себе како реагираат, што говорат и каква образовна и воспитувачка порака упатуваат најпрвин кон своето дете, а потоа кон наставникот - професорот. - Родителите треба малку повеќе да посветат внимание на своите деца, ако имаат време да отидат на козметички третмани, на кафе шема по кафичи, шетање по бутици или седење по спортски обложувалници. Можат да изнајдат или да прескокнат некое нивно задоволство и да седнат 10-15 мин со своето дете најпрвин да го прашаат како се чуствува, какви детски проблеми има и со што се соочува во неговиот детски живот. Детето расте се образува, воспитува и обликува од родителите, воспитувачките, наставниците, професорите
За ова си во право Но треба да знаеме на кој ке му пцуваме мајката со тоа ја покажуваме културата и почитта према повозрасните. Со другар или соученик ке се испотепаш ке направиш драма во училиште ке ве повикаат и двајцата кај педагог ке се реши проб. Но во овој случај НЕ, уште во 1во одд не учеа како треба да имаме почит спрема повозрасните. Ова не може да помине само со една опомена и ај чао пријатно. Уште па и видео да направат и да го постираат по социјалните мрежи. Многу ниско паднаа овие ученици што се прават многу ПАМЕТНИ
Ахам, мисли си дека ќе се реши. Таквите не знаат за доста. 3 години кошмар ми беа. Ќе речеш деца, ама едниот беше бајаги покрупен и колку пати само со ќотек ми се закануваше. Ме имаше туркано неколку пати. Им намалија поведение, куп неоправдани ама класната во лице ми кажуваше дека сум многу мирна и сум си ГО БАРАЛА и упорно ги жалеше. Денес не знам кои се и какви се. Ама и нив и тоа ѓубре од наставник не заслужуваат почит. Тогаш почитував од што морав. Не сум ја ни опцула ни навредила. Ама дека ја мразев од дното на душата и неа, ја мразев. Болје да ми збореа да им го испушам, него со ќотек закани да примав, помалце ќе се плашев, ако више морав да бирам. Не дека не сум се осеќала одвратно и кога психички ме малтретирале. Тие што биле жртва на булинг знаат. Отидов оф топик ама не, малтретирање соученик не смее да се гледа како помалку страшно од навреда кон наставник. Ученикот не е објект, човек е.
Па реално не можеме да знаеме дали претходно имал инциденти.Може веќе поминале сите тие усни и писмени опомени и процедури кои ги барате, дури и големи се шансите да било стварно така и досега да имало и други испадни од страна на ученикот и да им е познат на сите во школото. И они уствари го ставиле видеово на тикток, сега видов.Тоа ако не е фалење со делото, не знам што е, па и се слуша како се смеат во позадина.Намерно е снимано и кажано, а не случајно пцуење како што гледам дека тука се спомнува. @Emotional123 https://expres.mk/za-seksualni-navr...dvajca-uchenici-od-sugs-vlado-tasevski-video/
Не знам што е со денешниве генерации . Кога ќе застанам малку да си размислам што е тоа што не чини денес , па се сите вака безобразни и немаат никаков почит прво спрема сопствените родители , а потоа и кон наставници , професори итн .. Многумина ќе ме осудуваат за моето мислење , и го очекувам тоа , но кога подобро ќе размислам , ова што денес не им е дозволено на наставниците да удрат ученик кога навистина ќе ја претера тој ученик , некако лошо се одразува врз самите ученици , и доаѓа до вакви инциденти . Јас кога учев , од прво до четврто одделение , наставникот со стапче маваше ако навредиш некого, а посебно ако го навредуваш него како наставник . И мислам дека беше подобро тогаш . Нас и од дома , ама и во училиште ни создаваа почит кон повозрасен ,и јас на мои 25 години сеуште не сум повишила тон на повозрасен , освен ако ептен , ама ептен многу не ме извади од кожа . Ова денес , јампала Гостивар . Се пуштено и дозволено им е , и еве каде стигна професијата наставник/професор . Мочковци што не знаат носот да си го избришат се подбиваат со возрасни луѓе . Страшно . Малку му е таа санкција на ученикот , требало построго да го казнат , за да биде пример за сите сегашни и наредни генерации , дека треба да имаат почит кон повозрасните пред се .
Скоро сите сме имале багабонти во класот, па не верувам дека некој го избркале само за едно пререкување и пцуење професор. Колку пати класната бркала од час, праќала кај педагог, дури и кај директорот, пишувала неоправдани па после ги оправдувала само за да немаат над 15, писмени опомени не знам што, ваквите "фраеришта" ништо од тоа не ги плаши и ќе изиграваат мајмуни дури можат. Воспитан ученик никогаш не би правел вака. Еве јас и многу тука сме биле средно, па оти немавме потреба да се глупираме, да пцуеме и да се караме со професори? Од ваквите багабонти не можеше на час раат да слушаш, ради реда одат на училиште не за да научат нешто. Не туку ги жалете некои, скроз ова им е заслужено и сигурна сум дека не е прв пат да се глупираат. Мислам, не е ни случајно, снимале за на тик ток. Колку треба мозок да ти фали за ова да го направиш и да мислиш дека е нешто уау јако? Ако ова не е психичко насилство кон професор, тогаш и една влепена шлаканица не е физичко насилство, треба да чекаш да те прекрши од ќотек некој за да речиш дека е насилство ако одиме по оваа логика..
Каков авторитет , се прашувам и дали воопшто ги воспитуваат . И системот на образование се покажува како промашен тука . Ако не им дозволуваст на професорите да маваат кога треба , тогаш нека ги обучат сите професори и наставници психолошки да влијаат врз учениците . Ајде , овие помладите сигурна сум дека ќе се дообучуваат сами за тоа , но што правиме со оние професори што се пред пензионирање ? И за нив треба некој курс , за колку толку да научат некои методи за психолошко влијание врз децата . Они се научени по друг систем да работат , се ова е сосема ново за нив , и затоа доаѓа до вакви инциденти . Сега , не знам во конкретниов случај на која возраст е професорката , но и јас кога бев основно имаше такви кои се зезаа на сметка на повозрасните наставници , но никогаш не дошло до вакво нешто . Ниту еден ученик , ма колкав и да бил багабонт , не се осмелил вака да навреди наставник .
Точно во текот на целата година пишува тоа значи кога ќе бидат изречени сите мерки постапно било во март или пак на 10 јуни сеедно е и, и уште подобро се објаснува дека педагошката мерка не се пренесува за наредната учебна година. САМО НЕ МИ Е ЈАСНО ЗОШТО ГО ОДБЕГНУВАШ ТОА ДЕКА ПЕДАГОШКИТЕ МЕРКИ СЕ ИЗРЕКУВААТ ПОСТАПНО.