Детето апсолутно е виновно за својата постапка и треба да си сноси последици, но исклучиво по законските прописи во државата а не како во случајов да биде отстранет од училиште по брза постапка без да бидат изречени сите педагошки постапно и како крајна солуција кога сите други механизми ќе бидат истрошени тек тогаш да биде отстранет од школо. Апсолутно точно моја обврска како адвокат ќе биде да го застапувам секого макар и сериски убиец должна сум да му обезбедам фер и правично судење ( тоа ти што го нарекуваш дупки во законот) Не можеш тој вид адвокати да ги наречеш без морал и етика бидејќи секој има право на АДВОКАТ, СЛОБОДНО И ФЕР СУДЕЊЕ.
Апсолутно се сложувам со тебе дека стореното на ученикот не е морално коректно и треба да си сноси последици но во рамките на позитивните законски прописи.
Каде пишува постапно во членов? За потешки повреди одма се лета од школо,за полесни можеби е "постапно" . Да видиме понатаму. Од статутот на едно Средно училиште (Орце Николов)кога може да се отстрани од училиште. Член 55 Педагошката мерка отстранување од училиштето се изрекува од наставничкиот совет на училиштето, за потешки повреди сторени од ученикот и тоа во следните случаи: - неоправдано изостанување од настава над 25 часа во учебната година; - тенденциозни потешки повреди на училишниот ред; - психичко, физичко и полово насилство; - насилно изразување на нетрпеливост кон другите во училиштето (кон ученици, наставници и останати вработени во училиштето); - внесување во училиштето дрога, продажба на дрога или наведување на други лица кон уживање дрога поради што се загрозува животот на другите ученици; - фалсификување или уништување на педагошка евиденција и документација, дневникот за работа на паралелката, свидетелство, диплома, ученичка книшка, евидентни листови за успехт и др. службени документи; - употреба на запаливи, експлозивни и други средства со кои се загрозува сигурноста на имотот и животот на луѓето; - загрозување и повреда на личноста на учениците, наставниците, работниците и другите граѓани во и надвор од училиштето; Ученикот на кого му е изречена педагошка мерка -отстранување од училиштето да се запише под еднакви услови во роковите кои важат за другите ученици во наредната учебна година во истото или во друго училиште. Член 56 На ученикот може да му се изрече педагошка мерка отстранување од училиштето во текот на целата учебна година. Педагошката мерка отстранување од училиштето се применува за учебна година во која е изречена.
Вакви сцени има во пониско рангирани училишта насекаде низ свет. И така се гради лошиот имиџ за школото, па ќе го избегнуваат подобри ученици, па и наставници коректни( и некоректни) ќе сакаат да се преместат во поелитно некое, и на крај гетоизирање - училиштето не може да ја избегне лошата репутација. Самата задолжителност на средното ги пролонгира само проблемите, наместо dropouts како во САД , во мк имаме багабонти со средно , па и со факс завршен и магистериуми оти се' тоа се купува како домати на пазар. Наставничката смирено реагираше, а дека ученикот ќе добие ОТШТЕТА на суд како што некоја будуча адвокатка спомна погоре,мало сутра..ќе одјездат двајцата во друго средно, таму да ја покажуваат својата воспитна запуштеност за жал.
Читам но тука нема ништо основано што би се зело во предвид во ситуацијава и тоа што ти сакаш да го докажеш. ВО СИТУАЦИЈАВА Е МНОГУ БИТЕН ЧЛЕН 7 ПО КОЈ СЕ ГЛЕДА ДЕКА УЧИЛИШТЕТО ПОСТАПИЛО СПРОТИВНО НА ЗАКОН СО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ ШТО Е КРИВИЧНО ДЕЛО И САНКЦИЈАТА Е ОД 3 ДО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ ( ДИРЕКТОРОТ) А ЗА ОСТАНИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ ВО ДЕЛОТО ОД 6 МЕСЕЦИ ДО 3 ГОДИНИ.
Се надевам дека низ годините ќе научите дека законите треба да се почитуваат од сите, и да се спроведуваат за сите подеднакво. Оти ова што го прочитав до сега на темава (од повеќето), не е ништо поразлично од однесувањето на мојата генерација. Ќе ви се редат Груевци и Бранковци доправа... Да живеат врските! Да живее корупцијата! Да живее непотизмот! Да живее прекршувањето на законите! Маќедоња Вечна!
Леле Вајлд дај бе. Кои црни закони, или не ти чини или не читаш. Пишува јасно, дека може да биде избркан ученикот доколку тие, тие и тие потточки се извршени. Во една од нив е и неговото однесување. И да, ми се допаѓа државава што конечно профункционира. Одамна требаше вакви ученици експресно да се решат. Виолини свират на твоите постови, ко мислиш детенцево невино, така му се испуштило, иначе он е синче на мама највоспитан. Ма нека летаат од школо ко лубеница на катапулт.
Ти така читаш, јас така не пишав. 'Детенцето' не е невино. Санкции треба да има. За едно псуење, не е мерка да се испиши од школо. Додека не ми се докаже дека и претходно имало проблеми со истите ученици и дека сите инстанци не поминале, освен псовката и објавувањето на видеото, јас друг прекршок не гледам.
Ситуацијата е " бриго моја преџи на другога" , ако МОРА да заврши средно , ќе мора да го истрпи некој колектив некаде во друго училиште. Пак никому ништо. Затоа не сум за обавезно средно, нека учат тие што сакаат, другите до 16 и ако мислат дека им е доволно, отворен патот. Но од друга страна сепак семејните околности ќе одвраќаат многу запоставени деца од школо, па ќе им бидат шансите за финансиска независност минимални, освен ако не се бават со криминал.
Абе имаме систем кој е поставен за да им помогне. Официјално, сме социјална држава. Ама во реалност е... 'башибозук и јаничари че не ватат' (Солунски патрдии)
Кој сакаш да ти покаже? Ако твојот речник е збогатен со такви најдолни зборови и ги сееш како најобична пцовка, на некој не му е смешно и не гледа низ призма на само една погана уста. Зборовите болат исто како некој шамар да ти врзе. Црвенилото ќе исчезне, ама болката на нанесениот збор е душевна и длабока. Мене така да ми каже некој, од монитор ќе му излезам и ќе го плукам и клоцам додека не почне да моли и плаче. Секоја чест за смирениот и умерен одговор на професорката. Се фати за закони, мислам гледај ја целосната слика. Утре ќе почне да се плашат малку децата дека може да летаат од школо поради такви постапки и малце да се зауздаат, а не да се понашаат ко да дошле во џунгла.
Од тоа што знам, можам да заклучам дека не требало да ги испишат. Невин, додека не се докаже спротивно. Или е: Виновен, додека не се докаже спротивно? Ако за него можело да се прескокне и заобиколи законот, за секој може. Немој утре вам ако ви се одземени права, да плачите. Пошто поддржувате пракса на непочитување на закони. Зато ќе имаме луѓе шо ќе лежат в затвор за марули (или шо зарзават беше)продавање...