Мајко мила каде гледаш дека ученикот може директно да биде избркан од школо, во законот пишува дека за кои постапки се носи одлука за отсранување, но не пред да бидат изречени сите претходни педагошки мерки ПОСТАПНО согласно членот 7.
А ја колку пати треба да повторам дека постои и брза постапка според одреден член. И што мислиш дека ќе се смени до следната опомена?
Членот 7 е доволно јасен. Значи стигнавме до целата која цело време сакаш да ја покажеш дека ништо нема да се смени или пак можеби Да но како и да е ПРОТИВЗАКОНСКИ НЕКА Е АМА БИТНО ДА СЕ ИЗБРКА.
Освен псовката? Која наруши углед и интегритет на една жена ,а воедно е и сексуално ознемирување,ти освен тоа не гледаш ништо. Зарем е недоволно,зарем е малку ? Просто не можам да поверувам што читам.Од тебе!
Да битно е да се избрка и мува не ме лази. Шанса се дава на човек што ќе се извини и покае за своите грешни постапки.
член 57.(5) Педагошката мерка отстранување може да се изрече само за потешка повреда на должноста утврдена со статутот на училиштето. Ти кажува дека согласно статутот на училиштето може да го одстрани поради потешки прекршоци. Се случува тешка тепачка со тешки последици,во училиште. Претепан ученик или наставник. Согласно овој член го бркаат веднаш. Не збориме за бегање од школо па се применува член 7,па ке се опоменуваат до бескрај.
Ма немој? Тепачка е исто со псовка? Ами ај ко така сите нека ве бапнат в затвор за псуење... исто ко да сте истепале некој.
Така кажи си дека ти не гледаш закони. Но во држава има закони ученикот може вода од очи да му извади на училиштето.
Штом си вака ватрена, оди на тате и дедо предложи им да го контактираат ученикот и покренете постапка. Гледам силно афектирана си, пробај што знаеш, може и ќе ви успее, as if.
Абе сексуално вознемирување ... можеби. Ама е еден вербален испад. Ако е само еден, а претходно било се ок, а и ако имало и претходно вакви или други испади, дали била почитувана законската процедура? Ние го знаеме само тоа што го чувме од видеото. И не можеме да пресудиме без дополнителни информации. Ме разбираш? Не е во ред да псуе. Го слушнав, одвратно е. Ама ако претходно не се обиделе да му помогнат, и претходно не биле на советување родителите, не било разговарано со психологот, педагогот и класната, ако не биле известени социјалните служби (тие се занимаваат со малолетничка деликвенција), е законски неосновано испишувањето.
И двете.. веројатно. Не знам точно законски во што спаѓа баш. Ама, законски, исто треба да го тужам, и да докажам на суд, а не право да му пресудат казна
Случајот е многу јасен, членот 7 уште појасен кој адвокат и да го работи случајот не може да изгуби освен во СЛУЧАЈ ДА НАЛЕТА НА АДВОКАТ ШТО РАЗМИСЛУВА КАКО ТЕБЕ ДЕКА НЕ ГЛЕДА ЗАКОН ТРЕБА ДА СЕ БРКА.
Америка не е социјална држава па пак има child protective services. И се што тие носат со себе, позитивно и негативно Лугето го правиме системот, не е тој нешто апстрактно. Одреден процент од децата ќе завршат секако како криминалци, не може сите "да се спасат". На 16-17 години со сила не можеш никого да го превоспиташ, мада има разлика од тинејџерски "петелења" до малолетни престапници. Еве порано имало поправни домови ваљда во Југославија, не ми се верува дека некого "поправиле". Генезата на насилство е комплексна, нема one size fits all. Прашањето е дали мнозинството ( во случајов другите деца и наставници) треба да се заштитат од некој кој попречува настава, или колективот да се насочи кон тоа да помогне на поединецот. Истите овие кои се безобразни кон наставници се безобразни и кон своите соученици. И притоа ниту имаат време ниту ресурси наставниците да "воспитуваат", настрана од тој еден класен час неделно. За педагози не знам што би рекла, 1 човек за неколку стотини деца, да се раскине , нема да успее да промени нешто ако родителите не соработуваат.
Види ги затворите таму горе кај вас... Која беше најнапредна со корекшнл програми? Финска ли? Не можеш да ги реинтегрираш во општеството, ако само ги џитнеш в затвор и ги остајш да скапуваат внатре додека се затворени.
Тука ги ставаат во полуотворени институции некои престапници, посебно малолетни и млади, (не ги знам точно правилата кога, кој и за што) и се случило да излезат и да силуваат или убијат. Некој погрешно проценил дека не се опасност за другите. Се работи на ресоцијализација точно ,но еве и Финска да е, криминогени фактори постојат од дното до врвот на општеството. И богати, образовани луге биваат криминалци. Имаш и социопати и психопати и мноштво фактори кои придонесуваат,но да не ја забораваме најглавната работа - лична одговорност за своето однесување.