Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Недолично однесување во училиште

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од edna_malecka, 30 декември 2020.

  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    77.488
    Пол:
    Женски
    @WildMk
    Вајлдице, ако веќе паѓаме ниско, ајде.

    Ти со години трубиш на форумов дека бившиот ти те малтретирал. Ова ти направил, она ти направил. Вака ти зборел, онака ти зборел.
    Ами чупо, доказ има? Осуден е?
    Еднаш ти рекол нешто и ти му раскина? Па и овде го раскажуваш по форумот, шириш лаги?
    Го даде на суд?
    Осуден е за да го пишиш дека е крив?

    Престанете да браните деликвенти.
    Убаво знаеме дека обично, такви дилетанти не се санкционираат. Ама ете сега, проба да се направи јак и летна, и тој и другар му, режисерот.

    На времето беше срамота такви работи да се зборат и во друштво, а не па во јавност. Сега ги сменивте стандардите.
    Џабе ренесанса, џабе учење со години, луѓето на Марс се качија, ние тука оправдуваме конјушарско пцуење
    #смајлиштосекрстисолева

    Пс. Груевски осуди еден за клевета, нанесена душевна болка и му зеде 50 000 евра. Ето, зборовите болеле :wasntme:
     
    На Nevenche26, Ugly Duckling, Jana06 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Баш благодарение на врски и непотизам вакви крајно непримерни ученици вообичаено поминуваа(т) без никакви последици, од мое и општо искуство на сите што ги знам од наши генерации (со 5-6 години поминати по средното образование). Во недостатоков на информации верувам дека нема шанси ова да му е прв испад на ученикот, нашето образование е ненормално толерантно, не познавам некој да поминал со повеќе од намалено поведение, а вагабонти низ школските години колку сакаш. И којзнае како се однесува и кон соучениците ваков тип особа, не е дека се две скроз одделни ствари крајна непочит кон професори и врсничко насилство, напротив, ако нема основна почит и обѕир кон авторитетна фигура што му пренесува знаење, уште полошо останува за оние на „еднакво“ ниво со него.

    Јас се согласувам дека не постои човек што не пцуел никогаш у животот (насамо и у празно), годините ме праат сè помалку пуританистички стегната со вербална коректност, ама ова на видеоно не може ни да се нарече само пцовка, многу подолно и повулгарно е. Па уште и со права на жени и маргинализирани групи ќе му ја споредуваме доживеаната „неправда“, дај те молам Вајлд... баш ако гледаме толку длабоко, ова што го направил е психичко, па дури и накај вербално сексуално насилство, од веќе донекаде оформена личност (иако малолетен) која се гледа со колку почит према жени се развива.

    А што се однесува до социјални мрежи кои само посебно ја нагласуваат лошата страна на дел од младината, мислам дека ова што излегува од ТикТок-ов овие година-две е толку нареден левел идиотизам што е загрижувачки, ниедна друга мејнстрим социјална мрежа не била до таа мера. Тежок кринџ на кило за популарност, булинг, нормализирање непочит и десентизација кон секого и секакви концепти, па и документирање кршење на закони... буквално најлошото што може дете да прибере и прифати како „кул“ на едно место.
     
    На Cosmi, VDT2906, Nevenche26 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Членката никаде не рече дека ученикот не е виновен но дека треба постапката за отсранување од школо треба да биде според позитивните законски прописи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    :D:DАјде уште еднаш според позитивните законски прописи.
    А не знам зошто би пробувале дискусија со Wild игнор и мирна ви е главата.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    77.488
    Пол:
    Женски
    Да, ама раскажува со години за бившиот.
    Кај е доказот дека е крив.

    И btw тебе ти напишаа дека постапката на која инсистираш се однесува за бегање од часови.
    За изречена навреда, сексуално вознемирување, се брка од школо. И од работа. Или што вели твојот закон?
    Ето колега ми го рече пред луѓе во просторија, таква си, онаква си.
    Следи санкција?
    Ќе ме браниш да те барам?
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.506
    Што значи ПОЗИТИВНИ законски прописи? Зборот позитивен во кој контекст е тука?
     
    На buba4e89, Bezimenka90 и Luciferka им се допаѓа ова.
  7. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Не знаеш што значи позитивните законски прописи? Ајде да ти разјаснам, тоа се законите кои се моментално на сила во државата, но кажано со правнички речник.
     
    На WildMk и Dentina им се допаѓа ова.
  8. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Постапката за отсранување од школо треба да биде според позитивните законски прописи.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Апсолутно имаш право да почнеш граѓанска против оној што те навредил и ти нарушил углед. постапка за навреда, пред 2018 година тоа беше во кривична постапка сега е во граѓанска .
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    :rofl: Луци 2 :hai: :rofl:

    Не можам да поверувам што читам од некои членови, добро како можете да го браните детево, како?
     
    На buba4e89 и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  11. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Детето никој не го брани, но не се испочитувани процедурите за отстранување од училиште. Јас ги кажав и правата на детето но и правата на професорката да почни граѓанска парница за нарушување на нејзиниот углед што нема врска со ова ( незаконско отсранување на ученикот од училиште)
     
  12. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Ама од каде знаеш со сигурност дека не се испочитувани процедурите?
     
    На buba4e89, Angie1432, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    И добро, да речеме не се испочитувани сите правни процедури. И што?
    Ко машина за перење алишта се веќе постовиве, едно те исто, бубањ, врти 360.
    Што сакаш да постигнеш и што ти е целта?
    Ти дадов предлог, најди го, помогни му. Во спротивно твојава кауза ми е небесна прашина.
     
    На Jana06, buba4e89, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    И што толку го жалите. Ќе продолжи да се школува во друго школо. Па и факултет ќе запише ако сака, макар бил кецарош, само шушни со џебот ќе ти отворат врата минимум три приватни универзитети.
    Кај мене имаше еден што падна година, крајно долно однесување, со вербални и физички насилни постапки и на крај се запиша и на факс. Ваљда пари имаше, немам друго објаснување. Глуп ко шуплива лејка беше.
    Тоа во ред ли е?
    Да им дадеме шанса на оние што не заслужуваат да го трујат општеството и да ги деградираме и минимизираме оние што вредат.
     
    На kankus, WaitTillTheEnd, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Ти госпожа мора да си мајка или роднина на деликвентов. Друго објаснување за твоиве напорни дискусии и реплики - немам.

    И да, со право се исклучени. Да е до мене и парично или на друг начин плус би ги казнила да се научат првин на почит спрема Професор, а потоа и останатите манири.
    Ова денешново дојде знаеш мене кои ми се родители !? Што ми можеш !?
    Дно дна.
     
    На Jana06, Nausicaa, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Не знам како досега не сфативте дека сето што го вергла 15 страни е "Ако ја тужи ќе земе дебела пара "
    Се е јасно, дека невоспитанието на некои ќе си остане видлив за сите.
     
    На Jana06, GrimTheReaper, Veta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Сето ова е благодарение на владата која го направи средното задолжително, и благодарение на владата која ја наметна сета онаа административна работа да ја работат луѓе што не се за тоа вработени. Немаме веќе ни педагог, ни психолог ни дефектолог. Тоа се административци. Секој пат кога им носам ученик за советување ми превртуваат со очи, а некој пат ме откачуваат со зборовите: ти си наставник на тој час, снајди си се сама!

    А вие мислите овие избрканиве дека ќе ги прими некое друго школо!? Не е баш така, никој не ги сака отпадниците. Можело да поминат и со други санкции, но од друга страна време е да се стави крај на вакви работи во школството и деградирањето на вработените во школото како институција.
     
    На Cosmi, Amellie13, Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Ученикот во случајов има право да поднесе претставка до државен просветен инспекторат, основно јавно обвинителство и да покрене приватна тужба против раководното лице во училиштето и сите кои учествувале во постапката за ова незаконито отсранување.
    Ученикот ќе добие
    1 Ќе ги одбрани своите права и ќе се врати во училиштето
    2 ќе му извади вода од очи на школото ќе добие фина сума за оштета од училиштето и одговорниот раководен орган во училиштето заради непочитување на процедурата за отстранување од училиште и нарушување на неговиот личен углед и интегритет.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Тебе се ти се врти околу тоа шо тие деликвентите ќе земат пари. А, што со воспитувањето или и тоа оди заедно со парите !?
    Не личиш за возрасна зрела особа, а немој да ми кажеш дека си стварно родител. Или децата ти се навистина како овие па ти боде оваа санкција очи?
    Може ти и Вајлд со овие правни науки ќе ја опоравите државава и спасите НЕВИНИВЕ ДЕЧИЊА....
     
    На WaitTillTheEnd, Jana06, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не ме смеј. Со самото изговарање на тие зборови, самиот си го нарушил угледот. Друг не му го нарушил. И за каков углед правиме муабет, за сељачки, ако е така, да во право си. Углед бе... LMAO, ROFL, LOL, што друга абревијација да ставам за подобро да се изразам.
     
    На Bezimenka90, WaitTillTheEnd, Jana06 и 3 други им се допаѓа ова.