Што врска има воспитувањето сега со тоа што училиштето ги има прекршено позитивните законски прописи при постапката на отстранување од училиште. Јас сум возрасна личност и сум студентка по право. Не рано е за да бидам родител има време за тоа.
Како бе нема врска домашното воспитување? Има, и тоа многу. Да им збореле родителите од дома што е правилно а што не сигурно не би постапувале така. Многу деца немаат од дома култура, воопшто.
Да биле добро воспитани немало да се случи тоа. Кој нормален упатува пцовки, снима и поставува на интернет? Многу родители не знаат што им прават децата на интернет и како се однесуваат. Често на родителски средби доаѓале родителите на мирните деца, на бесните ептен многу ретко. И утре се акаат од зид, епа... воспитај си го детенцето и објасни му пред да го пуштиш на школо што е океј а што не, да не биде утре вака беше онака беше. И не знаеме дали немало укор од претходно. Членката @Dream-Girl кажа дека биле темпераментни деца, зошто да не и веруваме?
Личност која употребува таков одвратен речник, очигледно не се грижи за својот “углед”. Независно дали го слушнала професорката или не, такво однесување не доликува никому. Во врска со постапката на училиштето, не би да коментирам од правен аспект, не го знам законот, и дали е “законски” да ги исклучат, ама од морален и етички аспект - потполно заслужено им е. Точно е дека има секакви професори, верувам дека сите имаме и лично искуство со нив, ама до домашното воспитание е како ученикот ќе реагира на истите. Воопшто не поддржувам навредување и малтретирање од страна на професор, но не поддржувам ниту од спротивната страна. Ми предавале буквално “забегани” професори, ама никогаш не сум ни да кажам такви зборови, едноставно ги немам во речник. Затоа пак ќе кажам - од морален и етички аспект, потполно се согласувам со одлуката на училиштето да ги исклучат.
Јас за тоа како родителите го воспитувале не сум компетентна да кажам не сум ни психолог ни педагог ни социолог а уште помалку социјален работник. Јас сум компетентна да кажам само од правна гледна точка.
Боооо... И јас мислам дека е срамота... и го пишав то на темата. И пишав и дека треба да се санкционира. 100 пати. Ама читате шо ќе ви се бендиса, па уште и ќе ми го вметнуваш приватниот живот во муабетот... Ад хоминем не е аргумент. Простотилак е. Од исселена гастербајтерка, која не може да си го најде мирот Убо ти е? Не ти е.. ама кој те тркала. Пошто и мене не ми убо да ме коментираат мене, место темата. Во иднина, заобиколувај ме во широк лак. @RainBow ако го бришиш моево, избриши го и нејзиното. Плус си има соодветна тема Не ја користете оваа за алапачење.
Ќе поддржам секаква санкција кога и наставниците што се за казна, ќе се казнуваат. Да ве прашам секој од вас да напише по една највознемирувачка случка која ја доживеал во школо, сите ќе имате што да напишете, безразлика која генерација сте затоа што сеуште се случуваат вакви работи. Не ми дава нешто одвнатре да застанам и да барам најголема можна казна за овој од видеово, затоа што кога е обратна ситуација - наставник да се понаша прегрдо со ученик - или не е казнет никако или казната е нешто смешно за мачкање очи. Или сите ќе бидат санкционирани или никој.
со правници пак ко вас, сите в затвор ќе бидиме. Пошто 'правно решение' за вас е: Shoot first, ask questions later
Вајлд...бар ти беше мачена од вакви лица, зошто ги браниш !? Овие истите кога ќе пораснат ќе силуваат не Дај Боже други девојчиња...немој аман да ми збориш за санкции, опомени...
Апсолутно не знам како можеш да си дозволиш да ме навредуваш и да ме нарекуваш невоспитани кога воопшто не ме знаеш.
И јас бев жртва на булинг и го почувствував истото. Мене класната ми велеше дека сум наивна, дека треба да си направам оклоп, дека сум премногу чувствителна... Не ја мразев, меѓутоа не можев да се потпрам на неа кога ми требаше помош бидејќи со тоа ми одмогна, а и не сакав за да не излезам плачка пред очите на другите. Ни поведение не им беше намалено. Тоа ми беше најлошиот период во средно. Сликата кај мене од петто до осмо одделение. Од тие бесните, една и` покажа среден прст на класната кога правевме тест. Среќа класната беше свртена со грб, па не ја виде. Пишуваа статуси на Фејсбук „Мама нече дочи“ итн.
Апсолутно рече но пишувањето на темата треба да биде аргументирано и без навреди од член на член што е од есенцијално значење за здрава дебата тука.