Во ред е али мислам дека не постои човек што не пцуе кога ќе се изнервира. @tinka-mace па нема да го карам. У животов што се какви случки има тоа би било последното нешто за карање
Дискутабилно е. Ако е инцидентно, тогаш не е алармантно... а и зависи какво му е рестото од однесувањето на личноста.
Сакам да бидите посреќни, позаштитени, попаметни од нас. Треба да не' надмините во се'... Како општество, не како поединци. Си гаам надежи... мајка...
Не постои ама треба да научи да се исконтролира. Не си пофраер ако опцуеш професор. Сите сме биле изнервирани, тогаш ми се гледало како преголема нервоза, сега кога ќе размислам тоа биле глупости ама ете во моментот поразлично сум гледала. Сепак не сум отишла да ги навредувам професорите. Епа ако не уште да го пофалат и поддржат мама и тато недоличното однесување на синчето. Наместо да го научат на основна култура и почит.
Има разлика меѓу тоа да му е заборавен микрофонот и да и го каже истото в лице. Настрана и во нас сите си пцуеме и тоа не е забрането. Ама покажување сила во македонија е најнормална, секојдневна, вообичаена работа. Има протокол за исклучување од школо, не може само да си ги прескокнеш сите чекори пошто ти се може и да го избркаш. Ќе поддржам кога ќе бидат казнувани и професорите кои се изживуваат врз учениците, а не само обратно.
Очигледно е дека намерно ја опсул со уклучен микрофон оти не може едноставно во тоа време да се "погодило" другарот негов да снима. Браво што одма ги испадиле ама би сакала вака да ги санкционираат и сите професори што со физичко насилство малтретираат основци.
Супер што се исклучени од училиште, според мене секоја друга поблага казна би била премалку. Не смее да се дозволи такво отворено покажување на непочит. Разговор со училишен психолог или педагог не верувам дека би го решил проблемот, затоа што ваквите дечишта не се воспитани навреме од дома и голем дел од нив се охрабрувани дури и од родителите.
Не можам да ги разберам овие што се против казната за ученикот. Според мене е сосема исправна, а и средно училиште не треба да биде задолжително! Сите ние сме биле во момент на конфликт со наставници и професори, сметајќи дека сме обесправени со оцени и др., но да му речеш на професор "да ми го пушиш к****, ти е*** свињата дебела" е надвор од здравиот разум да не биде најстрого казнето. Што е следно, да почнат да ги тепаат професорите, како и лекарите и на сите тоа да ни стане нормално и за оправдување!? Не благодарам, секогаш ќе поддржам казна за навреда или напад кон било кого, особено врз лекари, полицајци, професори, пожарникари и сл...
Микрофонот се заборава веруј. Мене сам ми се имаше пуштено на зум без да го чепкам јас. А за другаров негов има две теории. Или е наместено па бил спремен да снима или имал пуштено апликација да се снима часот (правиме и ние така после го преслушуваме часот полесно е за учење) па после го вратил тој дел и го преснимал.
Не е проблемот што ги исклучиле, проблемот е што секогаш нема еднаква правда за вакви случаи. Ако се пожали соученик, никој нема со прст да мрдне да го казни виновниот. Не е лесно да си професор со вакви ученици ама уште потешко е да си во клас заедно со нив.
Ехх колку си во право за ова. Ама знаеш како иде. Во основно сите што беа такви најчесто доаѓаа од посиромашни семејства и од семејства каде што не се вложуваат во воспитување на децата и истите беа обележани во текот на школувањето како бесни, тепачи итн., и после се знаеше во кое средно ќе одат, во некое стручно каде што 90% од соучениците се со слично однесување.А средината е премногу битна.Таму веќе имаат изграден карактер и тешко е да се направи промена од корен. Сакам да кажам, ниту некој се замара со децата, ниту им е гајле, туку однапред креваат раце. Психолозите и педагозите беа само за административни работи.
Треба да сфатат дека секој кажан збор или постапка може да има големи последици по нив. Денес пцуел професор и го избркале од шкоко, утре ќе се вработи ќе го пцуе газдата во лице, оп отказ. Па друг, па трет газда и? Не се живее од воздух. Мора да се научат на одговорности и да си одговараат за последиците. И да се контролираат со бесот, ако вака се изнервирува оти професорот му дал 2 страни повеќе домашно на пример, како ќе реагира и ќе се справува со ситуациите понатаму во животот? Не оди тоа туку така, казната му е заслужена, а уште којзнае колку други вакви деца го заслужуваат истово.
Ова од посиромашни семејства ми падна у око. Баш кај мене од секогаш било спротивно оние кои немаа многу беа пристојни, си учеа и ич не беа проблематични
Дисциплинска постапка, треба да има. Ама ова не беше дисциплинска постапка, туку прескокнување на постапката, и директна пресуда. Има процедура. Ја опишав понапред.
Точно. И затоа постојат работни места, институции и стручни лица кои треба да си ја работат работата за која се платени!
Да. И најпрво треба родителите да им дадат домашно воспитување на децата, за една ден да израснат во вистински личности кои нема да решаваат се со кажување лоши зборови или уште полошо тепање и физички пресметки.
Треба родителите да ги воспитуваат, точно. Ама не сите деца исто се развиваат. Секакви случаи има. И од најфини родители може да 'испадне' сериски убиец (карикирам) Плус имаш луѓе кои се сиромашни, луѓе кои живеат со абјузив родители, деца кои се запоставени, булиувани во школо, деца кои имаат психички проблеми, деца кои запаѓаат во проблеми со зависности... разни случаи има. Затоа има педагози и психолози во школите, затоа наставниците се И педагози, затоа постои Министерство за социјална работа. Се' е со причина измислено, само кој да почитува прописни канали. Полесно е да го испашкаш, или ако има 'вујко владика', да го премолчат случајот. Не бива...