Оооооо ти правничке во обид Разбираш дека има различни повреди? Тешка, потешка, најтешка? Член 7, та член 7. Вода од очи ќе вадел, ооо леле
Не сум, ама учев во школо со слични багабонти што само ометаа на час, галамеа, се караа со сите, највеќе со мене, оти сум била "бубалица" ми ставаа имиња, говореа секакви нешта на глас, за да ги чујам и да ме повредат. Школска, "бубалица" како мене, се премести во друг клас од такви закачања нон стоп, и од машки и од женски. Јас машки, издржав. И не, не ми се трауми од детството. Такви "фраеришта" ги има секаде, во сите генерации. Мислат оти ќе бегаат од школо, ќе замараат, ќе ти се закануваат ако не им кажуваш на тест, ако доаѓаат пијани на школо, дека се фраери. Не се. Само се гнасни во очите на другите. Само што ретко некој им паѓа на ниво да се расправа со нив. Само климаат глава и ролаат очи. Оти кога им укажувавме дека треба да се учи, не за оценка, туку за развивање на мозокот, дека има морални норми, има бон тон, дека револуција не се крева со коњушарски речник, тие ни викаа, вие ќе ни кажете... Сме се замислувале дека сме професори, сме ги бранеле... Така или онака, со прекин или без, наставниот ден ќе помине. Тој човек, професорот, ќе си појде дома. Платата ќе стигне на 1ви Децата губат. Морале учителите да не научат. Ами тоа од дома не е научено на најосновните нешта, та ти ќе го учиш за квантна физика и делење на атоми. Тоа не разбира од немој да замараш, не си интересен, та ќе се разбере од планетариуми, гравитации, центрипетални сили. Губиме сите што пораснаа неписмени генерации. Да, имав во клас што не знаеја да пишуваат на латиница. Од крај до крај единици, наредени, со закани до професори, до ставање сами оценки во дневник, до какви не глупости правење
Мене искрено не ми се верува дека се води ваква дебата. Едноставно не може и не смее да се разговара на ваков начин во институција, особено во образовна. Ете, не мора да го избркаат што е до мене, нека си паузира оваа година од слушање предмети и во меѓувреме до крај на школска година нека оди на разговори во поправен дом. Нека си разговара стручно лице со детето и на крај стручното лице нека даде мислење дали детето е спремно да се врати на школо.
A, оти толку лесно не бркаат професори што вреѓаат ученици многу повеќе од овој на видеото? Или бели партиски мечки се па не може нам нико ништа.
Не викам дека не се партиски вработени, но те молам просветли ме во кое школо професори вреѓаат ученици со полоша навреда од оваа на избрканиот ученик?
Битно почнавме од негде, да се мрдни од мртва точка. Само не секогаш имаме докази, не секогаш дете знае дека било вреѓано. Јас не знаев.
Во лице да ти плесне дека сам си крив што те малтретирале што е ако не тешка навреда? Буквално ги оправда, како да ти кажам. Или пошто нема зборови како к*р и пушење не се важи очигледно.
Не реков дека не се важи, само ни мене, ни никој што го познавам не добил навреда од професор. Каде се пожали ти за ова?
Јана што збориш молимте. Ај сега ќе се правиме дека не знаеме кај живееме. Ај да отвориме тема кој каква навреда добил од наставник или бил сведок и да се пишуваат само настани пред 5 години и навака, ете да не биде многу старо. Коса ќе ти се крене кога ќе читаш, аман не живејте во балонче.
Епа нема да познаваш. Знаеш зошто? Зошто дете ќе нема храброст да оди од професор да се жали оти може уште толку да го јаде дур не заврши. Ќе дознае професорот и душа ќе му вади. Јас од соученик што се пожалив си го окркав уште толку, не па од професор. И кога видов како стојат работите, стиснав заби и издржав до крај. Реков дај да завршам и шо ги е*ам после. Лично знам девојче што секакви зборови примаше од професор кој бил тежок сељак и манијак. Се жалела, со родители идела, ама типот само бетер ја третираше.
Па не сум добила никогаш навреда. Кој добил нека се обрати на надлежните, нека тужи, нека излезе во медиум.
Ете ќе кажам за мене. На 12 години не знаев дека имам таква можност. Ќе одев дома ќе си плачев и толку. Сега го враќам филмот и сфаќам дека зборовите на тој еден цел живот ќе си ги носам.
Јас ти верувам ама со ќутење не се решаваат проблемите. Да не требаше сега професорката да стисне заби и да издржи до пензија? Знам случај кај што професорка го чекаше маж и пред вратата од школото за да си иде дома зашто добиваше закани од ученик. Не бранам никого само сакам да кажам дека требаат вакви брзи реакции за утре друг ваков невоспитан ученик/професор да размисли пред да навреди/нападне некој.
Многу е лесно вака кога си возрасен и си ги знаеш правата и се бунтуваш. А, друго е дете кое ни криво ни должно трпи комплекси од неизживиени професори. Крив е ученикот во видеото. Ама човече колку ги има па што прават лице на професор, а позади грб и полошо од овој зборат. Дечково со изгасен микрофон да го кажеше тоа океј ќе беше? Професорите сакаат почит спрема нив, а уствари они се криви за многу пропусти. Ама ајде, тоа е друга тема.
Па ако не си добила ти, не значи дека треба да тврдиш дека не се случила тешка навреда од наставник кон дете. Затоа реков, немој во балонче да живееш. Да беше лесно тужењето и добивањето, сите ќе тужевме и ќе цветаше државава. Ќе тужат некои родители со 14 500 плата додека од другата страна професор кој има пријатели насекаде. Игнорантно. Реков, ако сака некој, нека отвори тема, да видиш какви работи имаат ученици доживувано од професори. Можеби тогаш повеќе ќе отвориш очи. Затоа ако се почнува со казни, треба да се почне од такви наставници, па после децата, а не обратно, затоа што обратно значи само покажување сила, а не правда.
Леле, уште се објаснувате на темава... Со страв се воспитува? Сите од педагогија и психологија, дипломите да си ги скинат, ептен се непотребни. Ова ќе му дојде исто ко во другана тема, мајка му плеснала воспитна на детето, за да разбере дека не треба да се треска од земја. Кога некој би работел со тие деца, поинаку би било. И секој професор, пред се, треба да биде педагог. Сте се фатиле за фински образовен модел. Мислиш во Финска им читаат правилник на првачињата и после сами на својата свест и совест се оставени. Не ги бранам насилниците, го обвинувам системот кој ги создал. Такви не се родиле сигурно. И која година се интернет ѕвездиве, ако е познато?
Кога се почна таа тема ќе пишам за моето непријатно искуство за физичко малтретирање наставник на деца во основно. Имавме наставник класен ни беше кога не му беше денот ќе удреше некој/а за тотално банална работа од типот:зошто Трајче плескал со рацете во ходникот, па дете е што треба да прави? И кога ќе го пријавеа некој од соучениците кај директорката овој одеше уште еден шамар зошто го пријавеле. Погодете што направи директорката (партиски вработена) си се смееше, не се замараше. Најдалеку што стигна е да одат родители да се расправаат со него ама тој си продолжи со истото за 1-2 недели. Со страв одев некои денови на училиште за да не бидам и јас една од сите негови жртви. "Среќа" се пензионираше а сега син му работи во истото училиште а по муабети што сум слушнала бил ист како татко му и така хоророт си продолжува.
Тврдам? Не. За балончето, искрено не знам што значи да се живее во балонче. Лично, сметам дека не треба да се казнува со бркање од училиште туку очигледно на ученикот му треба помош и воспитување, но не го смислив јас законот, па кој ме прашува. За наставниците се согласувам.