Добро, признавам, лошо прозвуче тепањето, не е баш и некоја мерка. Ајде нека е зборење, воспитување нека е. Ето имав јас школски, како во претходниот пример на Дрим, не слуша и не слуша. Абе што ќотек му мавнаа дури учевме до 4то одделение, таков темперамент веќе немам сретнато. И во школото учителите го шамареа дека не се издржуваше веќе, глупост до глупост, проба да подметне пожар на една журка, повеќе глупостите му беа да се прави јак, не се сеќавам да бил насилен кон нас. Денис-напаст беше. А требаше да го пуштат во специјалната паралелка, ама сите од дома му попуштаа, ем ќе му мавнат ќотек, ем после ќе го гушнат. И тој си ја знаеше цената на глупостите. Ќе направи нешто, ќе изеде ќотек и утре јово на ново. Да го испратеа по установи, на испитувања, чуда, врагови, ќе се смиреше на време. @Mantub ако не помага ќотек, помагаат други мерки. Само што и на нив ќе им најдете замерки
Ама сето тоа што го зборуваш е третирање на последицата, а не на причината. Ако направи беља - ќе добие ќотек. Па уште поголема беља ќе направи. И на никого не му текнува дека можеби баш заради тој ќотек ги прави тие глупости. Кога со агресија "воспитуваат", само агресивни деца создаваат. Родители ги шамараат децата затоа што на 2 години се сопнале и паднале. Родителот на детето, пошто е појак, после детето на некое помало дете. И после се чудат како израсна детево вакво? Не мешај воспитани деца и исплашени деца. Исплашени деца стојат мирно, ќутат и често си знаеме да ги пофалиме колку се воспитани. Не се воспитани, преплашени се.
Не знам зошто имам впечаток дека дел од мислењата се во насока да се релативизира дека ова дечково што го направи е ок, зошто исто така постојат професори што се лоши. Како правилното нешто што треба да го направиш ако професорот е лош, е да се спуштиш на уличарски речник за да го понижиш. Детево ич не го жалам, уште помалце да му бев родител ќе му барав адвокати бе, кои небулози. Ќе си сноси одговорност и нека си смени школо. Не е 4 годишно дете што слушнало нешто негде и повторило. Од вакви толерирање други деца страдаат. Мене целава работа не ми изгледаше воопшто случајна, како да заборавил микрофон.
И каква врска има тоа со ова што се дискутира на темава? Оправдано е ова што го направи типот? Или само крајна некултура покажува на детево. Многу вакви имаше еве и јас кога бев средно, буквално сите околу себе ги тероризираа. Не дај Боже да си понискиот во клас или некое покрупно дете. Ете нека смени школо догодина, ќе си се запише во друго, ќе има втора шанса. Ама се сомневам дека ќе се смени некој како овој. А за едните дека се поеднакви од другите се. Впрочем и самите деца, не само професори/деца. Ама тоа што некој не добил соодветна казна, не значи дека казната за овој случај е несоодветна. И целото општество е такво впрочем, реално не знам кој верува дека во светов има таква неприкосновена еднаквост.
Сосема коректна одлука. Верувам дека им има олеснето и на соучениците, оние нормалните у класот. Да имам вакво дете, би се осеќала како ебен неуспех, а не па да зборам за некакви си негови права и да го бранам. Мочко.
Да се биде професор/наставник е повик, не е клати врата, земај плата. Оти се работи со жива материја, оти треба да се воспостави контакт. Јас се кладам дека целава фама е социјално -медиумски креирана. Прво, со онлајн учење, контактот е нула, НУЛА. Нема говор на тело, нема визуелна контрола, се е пуштено по вода. Исклучи камера, уклучи микрофон, толку. Второ, ако не пукнел скандал со тик-ток, можеби и немало да ги елиминираат по брза постапка. Ама децата сакале да бидат славни ( а како поинаку во денешно време, па уште во пандемија), а школото сакало да брани ,,имиџ,,... јер државна установа, сепак. И така, калабалак на квадрат, секој со својот филм. Дали на нива копале, дали дома ќотек јаделе или размазени биле, мислам небитно е. Дали од оваа ,,воспитно,, дисциплинска мерка ќе научат нешто, или ќе бидат уште повеќе втурнати кон маргините на општеството, времето ќе покаже.
Ете, јас нема да се расфрлам со дијагнози, ќе цитирам тој како се правдаше за сите глупости што ги правеше. "Досадно ми е. Сакам да правам нешто, а не знам што. Ништо не ми е интересно. Не ми е интересно да читам, ни да дискутирам, се ми е досадно. Сите сте ми досадни. -И зошто се обиде да подметнеш пожар додека твоите соученици беа внатре на журка? -Да се дешава нешто -Дали си свесен дека им го загрози животот, можеше да се прошири пожарот и од играчка плачка да направиш? -Не бее, знам јас дека нема да се прошири" и притоа смеејќи се И Мантуб, ако си мајка на вакво дете, што на 9 години веќе пуши, пие, нема глупост што ја нема направено, како ќе го воспитиваш? Што совети ќе му даваш? Кога секој ден ти иде родител да ти се жали од него? Ја фатил братучетка му за гз и и рекол Сакам да ти го глаам в гз Ајде Мантуб, советувај го синот кој има 10 годинки
Јас ќе се запрашам кај имам згрешено, јас ќе се обвинувам себе си 102 %. Нема да газам со самодоверба дека сум била прејака мајка, ама детето ете такво се погоди. И сигурно нема ќотек да употребувам. Ако мене ме прашуваш што треба да се прави со вакви деца, само интензивна работа со психолог. Ако јас сум потфрлила во воспитување, најмалку што можам е да му овозможам работа со стручно лице кое очигледно би знаело повеќе за воспитување деца од мене. А воспитни мерки од минат век, во никој случај.
Ето, дечкиве се на добар пат, ги отпишаа од државното школо и ќе ги запишат на посебно школо, каде што психолози ќе работат со нив. Ама не, скокнавте сите демек "само за пцуење" се истерани. Изгледа не сте биле во контакт со вакви болесници, затоа така коментирате. Инаку, дечково има и брат што сеуште е златно дете, од натпревари на државно, до стипендии, до студирање во странство, мирно, примерно, да се чудиш како е можно ваква разлика да се. Родителите не знаат што се случува, исто воспитување, на овој многу повеќе внимание му се обраќаше, уште од мал си беше захтевен до даска. Ако судиш по едното, родителот потфрлил, ако судиш по другото, детево гениј уште од претшколска возраст Знам неколку такви случаи каде што детето е за посебен третман, ама пусти срам на родителите, како така ќе оди моето во посебно школо И после веќе не можеле да го контролираат. Ами нормално. Прво се гордееш со него, после се срамиш од неговите постапки
Темава стана префрлање од празно во шупливо. Расипан телефон- кој сфатил, како сфатил, друг продолжил... Нема веќе поента
Еве, ти нели си ја сфатила најубаво, објасни ни ја Темата е таа, були во училница, ставови за и ставови против "престрогата мерка"
Нека ви служи на чест ако мислите дека со казна детето ќе разбери дека згрешило. И то е основната грешка на нашето општество каде не пробваме да го смениме лошото однесување туку го казнуваме "за памет". И дома, ама ете, и на училиште. Не функционира така. Жалам. Дури и затворот има за цел рехабилитација. Не. Не оправдувам то шо направија учениците. Ама не оправдувам ни како еДнОгЛаСнО се согласил наставнички совет да ги избрка. Причини: 1) оти ова се случва кон наставник и 2) доби медиумска покриеност. И ко ќе видам колку луѓе се ситат и радват дека дете е казнето и го гледат од горе место да се прашат "зошто", зошто прај вака, зошто мора да се прај интересен и сл., само ми слика јасна слика за многу работи. И колку и да сакате да го гледате како возрасен, пак е дете. И не само шо е дете, е дете во факинг пубертет. И казна нема да реши такво проблематично однесување туку ќе го продлабочи и ќе напрај поголеми проблеми во иднина во негово однесување. Да, лошо е наставничката да го трпи то. Ама исто така секој наставник, педагог и психолог е спремен да се соочи со такво однесување особено ако работи со тинејџери. Има сериозни работи за кои се брка од училиште. И да, вакви ученици знат да се пречка на час. Зато се работи со нив. Една опомена усна, па писмена, па родител - не е работење на детето. Туку процедура. И жал ми е дека е полесна опција да се обвини дете него институциите да мрднат и да си ја работат работата. На грешно место ви е насочена енергијата. И да сака родител не расти две деца на ист начин. Како сакаш врти. Има влијание редослед кој е родено детето, зафатеност во ран период на родителот и претходни трауми. Дека едното дете е надарено и мирно, не е гаранција дека родителот нема удел во однесувањето на детето само оти другото е различно. Или до родителите е само ако детето е добро, а ако не е добро некој друг е крив? Пу пу не се важи? Има голем фактор и околината, ама основата ја дава родителот. Начин на расудување, начин на справување со проблеми и сл.
Сме биле де. Ама ние како ученици сме биле жртви, не како професори. Затоа и го тупиме дека треба и за едните и за другите правда
Е добро де, и јас сум била, и од соученици и од професори. И што сега? Никој ништо не направил кога сум се жалела, јас сама се справив со сите Баш сакам некој да ме промањачи и да ми состави слика за мене Се пријавуваш?
Секако. Сите успеси на децата, родителите си ги присвојуваат ко свои. За сите неуспеси - секаде ќе најдат кривица, само не во нив