Вајлд не знам шо упорно дебатираш на темава кога ти прва можеше да направиш една разврска на случај со насилство (твојот) уште пред 30 години и сеа може на сите нас ќе ни беше пример за правилна работа на правосудство и уапсен насилник. Првин ти си ќутела, а сеа ги ,,браниш,, децава. Не бива. Ичисти го твојот двор, па после бурични во на комшиите.
Нема врска едното со другото. Знаеш што ќе беше проблем. Да пријавев, и без истрага да го бапнеа в затвор бившиот мој. Е, исто е и ова.
Одиме оф топик ама одличен пример. Само како првиов цитиран пасос се надоврзува на вториот? Како училиштето не е криво, а ти имаш траума од наставникот? Сериозно е прашањево, оти и јас имам такво, хиперсензитивно дете. Група во градинка сменивме, оти воспитачка не знаеше да воспостави однос, ама треба ли од секое училиште да ја испишувам, дури не се погоди учителката?А ако од најрана возраст, институцијата кајшто ги праќаме нашите деца, ги третира без индивидуален пристап, што треба јас да направам како родител? Инаку имам сосем нормално дете, ни тепано, ни невоспитано, ама училиште не е зграда, училиште е воспитно-образовна институција.
Како без истрага нели кога те шамараше имаше сведоци, полиција !? Па и на крај краева и да беше без истрага шо не го стрпа во затвор ? Да не ти беше жал ? Исто и со овие е...сега пцуење на 17 години...утре шамар ќе биде. Затоа со време се превземаат некои мерки, а овие беа сосема оправдани
Не ме разбра. Да го пријавев, и само врз основа на мојата пријава, без истрага, без барање сведоци, да го пикнеа в затвор, немаше да биде во ред. Ова е исто за мене: Детето опсуло еднаш и го испишале од школо. Законот го цитиравме поназад... Пошто не знам што било претходно, и дали била запазена законската процедура, не можам да тврдам дека мерката е соодветна.
Знам дека е исто и затоа ти го наведов твојот пример мислев дека преку него ќе ја сфатиш одлуката донесена од школото... Ама чим сметаш дека не е соодветна океј- твое размислување
Оф мајко. Нели пишав: Можеби е соодветна, можеби не е. Ни ти, ни јас немаме увид во документацијата во школото, па да знаеме што се случувало претходно. Или имаш ти увид? Сподели ако знаеш нешто. Постирај документи. Дај да видиме.
Да не пријавам некој кој ме нападнал,силувал ми е еднакво психолошка траума од која се плашам секоја ноќ. Па ти не само што сметаш дека не е во ред во затвор да оди, туку и свесно го подржуваш. Од љубов ќе да е...
Го прочита постот што го пишав на другата тема? Објаснав таму зошто не пријавив. И пак, не ми е јасно, каква врска има тоа, со случајов со детево што ја опсуло наставничката?
Има врска затоа што збориш за правна држава, правосудство, пријавување на секаков вид насилство и тортура било физичко било психичко, а на крај ти си таа што истото тоа не го прави, иако за жал си ја имала таа прилика да исправиш бар дел од правдава - неправдава..
Прочитај го и ти постот. После тоа искуство, верувај, ништо не сум оставила непријавено. Најголемото школо ми беше... дека сам ако не се избориш за правда, никој нема да ти ја поклони.
Не знам зошто, навистина. Беше построга, ниту ми викала, ниту направила нешто за да чувствувам страв. Но, ете, дали бев хиперсензитивна, како што велиш, од улица, жмурки, брканици, одеднаш ме ставија на ред и дисциплина, можеби си го протолкував некако страшно. Краток период беше, најверојатно на адаптација. Што се смени после не знам, но се нормализирав. Плус што кај мене стравот уште од мали нозе се одликува со симптоми. А дека има и наставнички што не треба да работат со деца, има. Јас не се погодив во таква група, но имаше една што бегав на километар кога ќе ја видев. Во мојата детска фантазија изгледаше како вештерка, што само се дереше и викаше по сите деца. Среќа, грото на кое наидов не беше такво. Некоја е подобра, некоја има подруг начин на работа што мене не ми се допаѓаше, во глобала, од аспект на едукација и третман сум задоволна од професорите, наставничките, воспитачките и немам некое екстремно лошо искуство. Сега ќе направам беља, ќе си го добијам, одма родителот ќе беше повикан, ама сум си заслужила, тоа е.
Ти ли најде да објаснуваш и кажуваш што и како ти ли која сите видоа на друга тема што и како му посакуваш на другите што не мислат како тебе
Луѓе ај озбилно. Не треба да се вмешуваат премногу лични примери во вакви дискусии. Особено кога немаат врска едно со друго. Ако нејзиното е шпекулација (ако се правиме слепи и глуви на сите наши искуства во школо), мора да се согласиш дека и твоето е. И ти не веруваш на школото како институција дека не постапиле по закон. Шпекулација е и дека не е опоменуван и дека му е прв пат.
Нашите искуства во школо, не се доказ во случајов. Не верувам додека не видам докази Никој не треба да верува на ништо, додека не види докази. За што имаш доказ во контретниов случај?
Точно. Сите го имаме тој доказ, како што веќе пишав: И врз основа на само оваа сознание, заклучувам дека мерката исклучување од школо е несоодветна. Ова е законот