Нема оправдување зошто не си пријавила, со постапката само си го подржала. Денес ти,утре некоја трета ќе биде. И не се прави хероина пошто не си, затоа што си дала слобода на таков нестабилен човек да шета по улици. А, тоа што ти го нанесе вечно ќе го носиш ко жиг на себе, и уште го носиш. Исто е и со детево што го браните. Тоа утре ќе опцуе баба на улица а вие ќе му аплаудирате.
Не му аплаудира никој на престапникот. Тоа само во твојата глава се случува. Оди сега да им речиш на сите тепани жени (ги има и на форумов) дека ги поддржуваат насилниците, затоа се тепани.
Во твојата глава е сликата на твојот бивш и дечкото и дека се невини. Јбг, не ќе се објаснувам со тебе и онаа другата.
Никаде не реков дека се невини. Ти кажав: Во твојата глава е тоа. Може не знаеш да читаш пак... затоа си збунета...
Нека го тужи школото и ќе дознаеме, немам никаков проблем со тоа. Темава е отворена со вовед: Ама на последниве 20 страни само се тужиме и се вртиме во круг. Ајде, ти што би превзела да ја заштитиш професорката од секакви малтретирања од ученици и родители? Како да ги заштитиме другите деца од булинг и реметење на часови, ништо да не слушнат и научат баш поради вакви ученици?
Ќерка ми имаше проблем со булинг на школо. Школото се обиде 'да го пикне под тепих' проблемот. Само што јас и маж ми си ги знаеме правата и одговорностите, и за се' водевме законска постапка. Се' е документирано во школото и во социјалните служби.
Каде виде изживување и како го протолкуваш тој поим? Според тебе, следење на настава е изживување? Користење на мерки за неприфаќање на нечиво одвратно однесување е изживување? Да ти дојде дома, на работа ваков човек, работодавецот или државата ќе се изживува врз тебе или ликот кој го прави тоа дело? Значи сега веќе имаме жртва, а тоа не е наставничката. Океј, да си знам.
Значи океј ти е постапката и процедурата? Може со месеци да млати соученици некој, додека се тера процедура за исклучување. Мора да има исклучоци. И види, имало. Ама другите прашања не ми ги одговори. Дали сметаш дека не се толку битни колку правата на децава?
Училиштето врши изживување врз ученикот бидејќи врши дејствија на своја рака без почитување на позитивните законски прописи и постапката за отстранување од училиште. ( Ова што го направило училиштето е кривично дело, ученикот сега може да му извади вода од очи на училиштето)
Сечии права се битни. Законите се направени да ја задоволат правдата за секој, најдобро што можат. Се разбира, истите се жива материја. Како учиме дополнителни работи, како општество, така и законите (треба да) се адаптираат. За едно псуење, не е соодветна мерка исклучување. Да објаснам зошто: Ако му е прв престап, детето автоматски го криминализираш со одлуката. Претходно, мора да има обид за менување на неговото однесување. Затоа и постојат педагози и психолози и психијатри и социјални работници. Сите тие земаат плата, за да им помагаат на децата (на кои може да им се помогне). Последен чекор е испишување од школо. Знаете дека школо има обврска да вработи психолог/психијатар/дефектолог, дополнително, доколку има проблематично дете, кој ќе го води само неговиот случај? И на секој час на ученикот е присутен.
Може и не може. Затоа што според законот што упорно се правиш дека не го читаш, постапката е реална и праведна. Еве збори со тате и дедо, за разлика од студент, прв семестар имаат поголемо познавање. Само да не им биде одговорот-Абе оди седи учи, не млати празна слама
Тие деца ќе ни бидат идните министери и премиери во државичево А другите партиски негде ќе ги напикаат татичко и мамичка душички тие
Ама не е само пцовка тоа. Многу повеќе од пцовка е. И повторно шпекулираш, бидејќи ништо не знаеме, дали било прв пат и дали е соодветно реагирано.
Си замислувам... да се разбудам еден ден, и сите луѓе во државава се свесни граѓани, кои ги знаат своите права и одговорности. A girl can dream...
Оти не се заклучи темата на подолго време, избркале некое збеснато детиште, ни прв ни последен, ќе се запише во ново школо уште полугодиево. Да не е училиштето на дедо ви па ќе кажувате што и како, или „детенцето“ да не е ваше? Што треба ако не исклучување, пипер во уста?
Разговарав и тие ми го потврдија истото што го напоменав неколку пати. Ученикот комотно може да се извади само на еден збор во законот ПОСТАПНО.
Законот вели исклучување од школо, законот не го пишувал ни тато ни дедо, законот го пишувал некој друг!!! И во член 7 пишува сосема друго. Седни учи, усоврши се па дојди сили се.