Едно псуење бе Као голема работа, опцул НАСТАВНИК, секому може да му излета, првпат може да му е. Па утре ќе удри наставник при пожестока конфронтација, ама еднаш е. Се додека е еднаш, добро е
Вие дискусија водите или лично препукување? Детето НЕ е криво и немаат право така да го бркаат од школо. Колку тепачки имало, ножеви ваделе и ене ги сите завршиле. Ако пцовката дефинира човек тогаш немам коментар.
Се вртиме во круг. Само расправии со некои членови имаме како и во секоја тема. Еве јас повторно да си кажам што мислам, иако знам дека верглам едно исто. Дали „мангупите“ си ја заслужија казната? Да. Дали има наставници што малтретираат ученици? Да. Дали истите треба да бидат избркани од работа поради тоа? Да. Дали учениците што вршат булинг и врз соучениците и врз наставниците треба да завршат како „фраерите“? Да. Дали би било подобро да се применуваат физички казни како воспитни и педагошки мерки? Никако. Ни дома, ни на училиште. Не сум родител, но кога ќе бидам, нема да пцујам, макар што никогаш не сум пцуела. Само ако веќе од се' ми е преку глава, ама тоа го правам во себе и тоа многу ретко ми се случува. Никогаш не сум опцула гласно. Се имам нервирано од професори, ама вакво нешто не сум направила. Кога јас би била професор, би ги прашала учениците што не им се допаѓа кај мене за да можам да го променам истото за да не дојде до тоа.
Од некаде треба да се почне. Тие треба во поправен дом да одат, а не само бркање од школо. Како што за вас едно пцуење не е ништо, за мене бркање од школо е најблага мерка што е изречена за ова дело.
А бркањето од школо е за тебе соодветна казна? Каде ќе одат сега тие деца? Што ќе прават? Доволно е на некој друг начин да се казнат
Јас да сум Професор ќе те ослободам од полагање по предметот Граѓанско право, браво женска. Така е. Шо ти одговара одиш ПОСТАПНО, а шо не тужби нека фрчат. Бравооо само цврсто, со таа глава...
Тоа е вистината !! Од мојата генерација (тие деликвентите)насилниците денес се полицајци и негде напикани партиски оти се тепале за партијата нивна !!
Јас треба да му ја мислам? Што ми е гајле на крајот од денот. Кај сака нека оди. Не го натерав јас да говори пцости. Штом другарчето снима, работата е договорена, со цел тој да се покаже фраер, видете ме кои муда ги имам. Епа сега нека си ги чеша мудата, ете тоа му останува. Немам грам емпатија према такви ученици.
Не е криво? Дали сериозно? На крај ќе испадне детево жртва. Па не можам да поверувам. И немој пак да ми се закачи оваа со Член 7.
Да немале право немало да ги избркаат. Штом цел наставнички совет, значи сите едногласно се одлучиле на таков чекор, имало нешто. Се знае колку се примерни ваквите ,,мангупи", самите фалејќи се јавно на социјални мрежи со глупостиве нивни. Пишав поназад, ако ништо друго бар да им опнеле казна пред исклучување, ама и за оваа одлука не сум против, оти ние не знаеме какво досие си имаат тие таму, наставниците и службите знаат.
Од каде знаеш дека е наместено? Што ако имал наместено опција да се снима часот и на крајот после случката ја уклучил снимката и ја преснимал со телефон?
Дете да опцуе за вас е катастрофа и невоспитан а што е со професорите што секојдневно вреѓаат? Некој коментар? Зашто они не летаат од работа?