Вајлд у која земја си видела, сесии на ученици кај педагогот во училиштето. Се работи за сесии од минимум еден час. Како може школото да го дозволи тоа? Треба прекувремено да се платени, за после часови да се ангажираат. Што може од 15 минути разговор, да дознаеш нешто за некого. Тогаш нека нема психолози во државава, бидејќи треба се од училиштето да добиваме. Него ако кренете раце од сопственото дете, очекувате друг да ви го оправи. Пушти го таму на школо, друг ќе се грижи, веќе не е мој проблем.
Зашто е забрането снимање часови во основно и средно. Не било прв пат. Децава ги снимале сите глупости што се кажуваат на час и од деца и професори, и ги ставале на тикток. А детето е криво. И да можеби повеќе се криви тие што се испотепале и што се дроксаа кај нас позади интернат. Но од некаде мора да се почне. И ова треба да се користи како пример. За следни вакви испади, да знаат што ги чека. Зашто доста беше, да изиграваат мајмуни по школите. Од нашата медицина знам може двајца професори што не имаат извреѓано, али знам и над 300 деца што истото го правеле. Едно е професор искомплексиран, а друго е дете невоспитано.
Аааааа... Пошто школскиот психолог нема време... се испраќаат кај психолози и психијатри на редовни сесии.
Ќе следуваат банови доколку продолжите со навреди и оф-топици. Дискутирајте на темата, има доволно за дискусија.
На час, школото треба да му обезбеди психолог, кој дополнително ќе го плаќа и кој ќе работи само со тој случај.
Јесте дека школото е воспитно-образовна институција. Али не можеш како родител да се ослониш некој друг да ти го воспитува детето. И мислам дека сте веќе 6 страни оффтопик
Ама зошто незаконски? Од каде знаеме ние колку казни и опомени имале тие претходно? Можеби уште ваков чекор им преостанал.
И треба. Верувај за вакви ученици поголема казна е секој ден после часови да останува уште еден саат со психолог. Ама тогаш ќе дојде родител, како неговото дете е казнето, врска ваму, врска таму. Не смеат да го бркаат од час, не смеат да го тераат кај психолог, не смеат да намалат поведение. Ама мора школото да им го воспита детето.
Од буџетот, ти што ќе го обезбедиш. Патем пишав претходно дека постои пилот програма во училиштата, сеуште се развива, за работа со деца со потешкотии во учењето. Моментално е застапена во одредени школи, се надевам понатака и во сите. Ама потешкотии и безобразлук не е исто.
Ако гледаме така, училиштето е криво. Не е крива професорката. Зашто она убаво му кажа 1 на полугодие и ќе биде кажано на класната. Они со таа дистрибуција на видеото. Го нарушуваат угледот и на школото и на таа професорка. И сметам дека имале секое право да ги избркаат и двајцата. Секој ќе си жнее, тоа што ќе си посее. Сноси се со последиците од твоите постапки. Сакал да е фраер некој и да е смешен, нека го прашаат сега дали му е смешно.