Не тврдам јас ништо. Велам дека не знаеме де. Само советот што донел одлука за исклучување знае. Читај убаво што пишуваме.
А на другите не им се ускратува правото на образование доколу 30 мин од 45 наставникот се расправа со едно дете?
Секој има право на образование апсолутно секој и ученик што е избркан од час може да го тужи училиштето заради кратење на основно право правото на образование.
А учеников па една желба за образование што има..шта да ти причам. На останатите ученици им се скратува правото за образование бидејќи цело време овој или некој како овој го нарушуваат редот и мирот на часот.
Да да ние живееме у Норвешка. Секоја фамилија си има адвокат и за секаква глупост имаме пари да се тужиме. Луѓе пари немаат за леб. Луѓе сообраќајки прават и немаат пари да тужат, за брканње од час ќе имаат.
Како не.На тие што ги бркаат и им одговара да бидат избркани зашто не ни сакаат да присуствуваат на часот.А може другите да го тужат училиштето зашто немаат соодветни услови за учење? Ај малце намали со филмов со тужби.
Ама и останатите ученици имаат право на мирен и нормален час во кој ќе научат нешто паметно, а не разни гнасни зборови.
Ја замислувам училницата. 20 ученици и до нив 10-15 психолози специјално да ги пратат на настава. И после невработеност имало.
http://www.sugsvladotasevski.edu.mk/web/index.php/za-nas/kodeks/kodeks-za-uchenici Ученици, избегнувајте недолично однесување; Ученикот не смее да врши психичко и физичко малтретирање на учениците и вработените во училиштето; Ако не се однесуваат добро со тебе, БИДИ ПРВ кој тоа ќе го промени и однесувај се ти на вистински начин – ПРИСТОЈНО; Не користи вулгарни зборови кога комуницираш; http://www.sugsvladotasevski.edu.mk/web/index.php/za-nas/kodeks/kodeks-za-profesori http://www.sugsvladotasevski.edu.mk/web/index.php/za-nas/kodeks/kukjen-red
Па испочитувана е, што повеќе бараш. Има педагог, директор. Како ти си замислуваш дека треба да се одвиваат сеансите кај педагогот? Кажав 100 пати, има лица кои максимално ќе се посветат на ученикот, ама треба малку џебот да го отвориш и да инвестираш во иднината на детето. А не да обвинуваш други за своите недостатоци во однос на воспитувањето.
Џабе се збори. Потполно џабе. Немаме информации дали и претходно има сторено вакво нешто и дали биле применети педагошките мерки.
Па не се сите деца проблематични до толку, да не можат да се справи школото. Ретки се екстремните случаи. Што е добро всушност. Иначе, ова важи и за деца со посебни потреби (асистент психолог/психијатар, кој работи само со еден случај)
Значи прекршен е кодексот на однесување на еден ученик како поединец. Овој кодекс го знам уште од прво одделение. Ама на кој кажуваш.
Во ваквите школи баш чести се. Тоа дискутиравме вчера. Не гледам проблем зошто тоа не би се одвивало после часови?
Секако дека можи и после часови, муабетот е ако често ја дисраптува наставата, во тој случај асистентот треба да е присутен. А и тоа е со 'рок на траење'. По одреден период, по проценка на стручни лица, ако нема подобрување, се преминува на опомени, казни, трансфери... итн
Можам да зборам од мое искуство. Завршив во Панче Караѓозов. Школото се смета за мирно, нели идни здравствени работници. Но, прва година не тероризираа албанските паралелки. Од фрлање петарди под врата и на скали за време на часовите. А ние деца мали по 13-14 години, пола дојдени од паланка и сите мирни ќутливи, мислевме ни го бомбандираат школото. Тепачки, предавања од мвр, па уште толку тепачки, пушење трава позади интернат и ред други работи. Поентата ми беше, ние сите бевме ученици со одличен успех во основно и со одлично поведение. Чим вакви глупости се случуваа кај нас, не можам да замислам како е во ПТТ.