Уште да си ја вршеа работата што им е зададена... Еднаш пред многу години едно дете од моето школо се расправаше со наставничката, го прати кај педагогот, тој одвај го најдоа, отишол да си купи цигари и бурек. И после го внесе во канцеларија и му рече дете не се расправај веќе со наставничката. И толку. Ова го слушнавме сите ние бидејќи не ја ни затвори вратата и да седне сами двајцата да поразговараат, да го посоветува, сепак е дете тоа. Можеби не се сите вакви ( и сигурно не се) ама повеќето не си ја вршат својата работа. Исто и за наставник/професор. Не може секој да ја работи таа професија и не треба. Ама дека има невоспитани и разгалени деца, има. И тоа е вина само на родителите, бидејќи децата се малолетни. А ако останат со такво размислување и култура после полнолетство, тешко нив искрено бидејќи како што кажав во некои од претходните постови нема да можат ни работа да си најдат. Или и таа што ќе ја најдат ќе ја изгубат.
За конкретниот случај што беше од пред некој ден, еден портал на ФБ го имаше објавено и во коментарите 90% беа од родители чии коментари беа Е што ќе и ќути? Убаво и направил! Наставниците не се цвеќе за мирисање и сл. Е од ова си патиме. Јас кога одев во училиште мајка ми од дома ми викаше, наставничката е секогаш во право има да биде како што ќе каже таа. Кога ќе настанеше проблем, мајка ми секогаш и мене ме обвинуваше. За разлика од денес, добие послаба оцена - ајде одма на карање во училиште, детето дома се знаело. Кога некој ќе го удри-ајде во училиште на карање, моето дете не смее никој да го чепне, ние дома не го тепаме. И така секој ден после часови, еден куп родители кои чекаат на ред да се видат со наставничата, за да се пожалат нешто. Семејството е првата социјална средина со која се сретнува детето. Тука ги учи навиките и основните форми на морално однесување.
Се согласувам и со @Mantub дека и наставниците што се изживуваат со учениците треба да се избркаат како што се избркаа двајцата 'мангупи'. Кажав јас претходно, а и членката над мене дека имаме возрасни невоспитани. Невоспитан родител значи и невоспитано дете. Што се однесува до тоа 'цвеќе за мирисање' кажав и повторно ќе кажам дека ниеден од нас не е тоа. И да, пцуењето било намерно штом едниот пцуел, а другиот снимал за на Тик Ток. И мене ми се има случено на Зум да ми се вклучи микрофонот без да притиснам, ама затоа тука се моите колеги да ме потсетат.
Не е вина само на родителите. Пишав веќе. Зависи и од карактерот, и од околината. It takes a village, to raise a child.
Ете тоа е другата страна на паричката. При нефункционален систем и ова е појава. Муабетот што го напишав прее: Ако е некое рендом дете, ќе му шлапнат казна и одвишок ако треба, а ако е дете со 'вујко владика', ќе го забошотат случајот. *напомена: и во двата случаи, детето ќе биде оштетено. Не смее така да функционираме, ако сакаме да се нарекуваме 'Правна држава'. Или ако така функционираме, да си го смениме името на општественото уредување во 'Башибозук'
Од бисер до бисер ти се реченициве. Ќе го удрел детето некој нашколо и родителите идале на карање пошто викале дека тие дома не го тепаат. А што сакаш да прават? Па нормално дека ќе дојдат. Така прават родители што си ги сакаат децата. Не смее никој да го удри детето нашколо. А мајка ти така ти викала пошто во македонија особено постарите генерации, живеат за тоа што ќе речат другите, баш ја заболе како си се осеќала ти, битно на наставничката ништо не смееш да и кажеш. Кога сопствената мајка во 100 од 100 случаи те обвинувала тебе, треба да се запрашаш малце дали и било повеќе гајле за тебе и твојата благососојба или да остави впечаток пред наставничката. Си патиме од ваквиот балкански менталитет ко твојот коментар, кај што не ти се верува дека дошле родители на карање пошто детето јадело ќотек на школо, не од друго.
Камо да бидат сите вакви родители... А мене ме кривеа дека сама сум си го барала што ме малтретирале оти сум била таква мирна повлечена... Али важи, никогаш повозрасниот и повисокиот да не биде крив, секогаш детето и ученикот пошто не ти може ништо.
Имав на времето еден наставник по ликовно, кој имаше навика да удира ученици со клуч. Ќе го извадеше привезокот со клучеви, ќе фатеше еден, ќе одбереше и ќе го тропнеше некој по глава со остриот дел од клучот. И се така, додека еден ден не тропна еден ученик кој беше дете на друг наставник. По кратка постапка го испашкаа од работа, после тој инцидент. А требаше уште на првиот да се реагира... Информирани граѓани. Правна држава.
Како бе дефектолог?!? Како заврши школо мори @joyful ? Јас со три години околу сколија, поќе од тебе знам. Ај-ај-ај... Признај дека си ги покривате газовите меѓу себе наставниците и останатиот кадар, по школите? Признај!
Ова беше пред 30 години.. и на сите ќотеци шо ни ги маваа наставниците... само капка во морето... И беше прв таков случај што го знаев. Ееее... Ние на времето... Не знајш ти
Другиве сите поштени позади микрофон, никогаш не рекле погрден збор за наставник... и јас сум против тоа што ги избркале од школото. Сите коментираат само, ете детето имало среќа да не го исклучи микрофонот... А што е со наставницине што психички ги тормозат децана? За тие нема никакви санкции, или тоа е прифатливо?
] Двајца од тие што ме малтретираа мене имаа 30 (три-е- сет) неоправдани...а со 10 или 15 се брка од школо... Ама класнава жал, жал и не ги ни префрли, дури и мене некогаш знаеше да ми рече ама ти Танче од што си мирно вака те закачаат. Педагог и психолог к*р не ги болеше. И ретко кај ги боли. И кога ќе видам дека за малтретирање соученик така одеднаш ќе избркаат ученик, тогаш ќе го одобрам и ова со професоркава.
Со 15 неоправдани се намалува поведение. Со 30 се намалува по втор пат 1 Одлично поведение 2 Добро поведение 3 *не памтам како се нарекуваше И кога ќе стигне уште на првото намалување, треба веќе да се има вклучено социјалното во предметот, и тоа по пријава од школото.
Не ги оправдувам дечиштава секако. Од контекстот претпоставувам за какви ученици се работи. Уште кога ја снимале дешавката очигледно е дека се работи за фраерчишта што немаат култура. И ова е средно, не се работи за деца веќе, туку изградени карактери кои си носат сопствени одлуки и треба да се справуваат со последици. @WildMk е во право што вели дека е прекршен законот. Само што јас мислам дека законот е булшит. За да се избрка еден ученик треба да поминат милиони процедури, во превод учеников убаво ќе ги измалтретира сите пред да да биде избркан. Дали мислам дека треба автоматски одма да го извадат од школо? Не. Треба да има друга санкција, како на факултет што пример немаат право да полагаат 2 сесии, или нешто друго прилагодено за средно. Ама треба да има вистинска санкција што ќе им направи доволен дискомфор за да не им текне следен пат истото да го направат. Разговор со школските психолози по стопати кои 90% се кукли за излог нема никаква полза во конкретниов случај. А инаку апсолутно се сложувам дека истиов третман го немаат професорите. Од искуство тврдам дека можат да си кажуваат што им душа сака, и тоа незаконски работи, и на крај директорката ти вика само нешто во стил биди мирна, учи си, јас ќе пробам да разговарам. И бев мирна, си учев, додека човекот секој час наоѓаше начин психички да ме измалтретира. И ништо, еве го уште предава, уште труе идни генерации. А сум видела и други работи во основно што мојот детски мозок си ги прифати како нормални. На пример влепување шамари, бркање со столови по училница, фрлање тетратки низ прозор, смеење на сексуално злоставување... Сè ова од наставници. Образованието ни е чорба-каша. Тие што се вработени за средување вакви работи само гледаат да имаат помалку работа, да го заташкаат случајот, сè да е под конец демек. Балкански синдром што ќе кажат другите, недајбоже на вести да ни го има школото. Што друго очекуваме од држава каде педагошки изобилува од луѓе што не ги бивало за ништо во средно.
Ја слушнав снимката, срамота е, крајно некултурно и понижувачки кон професорот и воопшто кон било кој човек вака да кажеш. Не го знаеме целиот однос претходен ниту на ученикот, ниту на професорот, но видеово самата постапка е за осуда. За казната не знам конкретно како треба. Јас сум професор 3месеци, не сум запознаена со сите закони, меѓутоа образованието е труло. Тоа го увидов и од страна кога бев ученик, студент и сега од страна на професор. Има секакви професори и секакви ученици. Мислам дека секој професор пред да биде примен на работа треба да биде тестиран(квалификации според знаење да се проверат, психолошки тестови, редовни контроли за следење на настава и сл.) Меѓутоа тоа да биде објективно од страна на педагог, раководител, директор(кој исто така ќе биде тестиран), од министерство(а од министерство да бидат исто тестирани, континуирано проверувани) Не може грешката да се бара во последниот дел на алката-ученикот. Од врвот па надоле секок треба да има удел и за квалитет на настава и за психолошки функции и за воспитување. И никако да не ги заборавиме родителите. Секој човек треба да се менува од корен, труд, знаење, посветеност, разбирање, толеранција, сплотеност се многу важни работи кои треба да ги имаат и учениците и професорите и раководители и директор и вработени во министерство и цела држава воопшто. Отидов малку предалеку, знам, но ако почнам да кажувам за ученици ќе нема крај... Само уште една работа, не верувајте на бајки јас сум нова во образование и се трудам да имам стандарди, да ги мотивирам, да ги научам, да имам воспитно образовен карактер во училиштето ама тешко е, многу тешко верувајте. Уште еднаш видеово е за осуда и за некаков вид на санкција секако!
Не ги оправдувам учениците. Да, треба да бркаат од училиште за непристојно однесување, агресивно однесување, пцуење, тепање. Не само наставниците, ниту помирните деца не мораат да ги трпат другите кои се невоспитани и агресивни. Во мое време беше строго. Немаше вакви испади или беа многу ретки. Имавме почит за професорите, за нас беа авторитет.
Се сложувам. Во мое време за ситница ако детето правело проблем, а тоа обично беа машките во мојата гимназија, професорката бараше да дојде родител, инаку нема да го прима на час. Имаше ред и дисциплина, а не како сега варат кафе на плинско во школи, па се снимаат со телефони, па пуштаат порно и што уште не. Знам пример каде ученици коригираа оценки во дневник и никому ништо. Од 1 во 2, па не ги избркаа.