Исто е бе чоек. Какви безобразни има во солидните школи. Посебно деца на 'големци'. Разгалени, своеволни, со социопатски тенденции. И пак ќе речам... однесувањето на децата се учи... не се раѓаат со вакво или онакво однесување. Сметам, дека на секое дете на кое може да му се помогне, треба да му се помогне. Ако потфрлиле родителите, имаме соодветни институции кои треба да им го олеснат животот на тие деца што се со проблеми во однесувањето.
Тоа е мојата поента. Има институции, точно. Тоа се лица, со соодветна едукација, кои се насочени кон таа проблематика и ќе го насочат целото внимание на единката. Не може еден педагог во школо да е психолог на 500-600 деца. Треба работа, време, посветеност, со еден разговор ништо не се решава. Доколку школите ги обезбедат горенаведените ставки, треба буџет, кој во сиромашна земја како оваа е недозволлив, освен ако не се најдат невладини организации и помош од Европа. Убава е замислата, но целосно нереална за наше општество.
@Kimberly11 нели си ти истата што препишуваш на тестови и тоа си го оправдуваше? Не би ме зачудило и другар да ти е овој невоспитаниот. На 17 години ако не го воспитале од дома, градинка-основно не очекувајте во средно дека ќе смени нешто разговор со таков ученик.
Мислам.. имаш ученик кој ја пцуи професорката, снимаат за на јебен тик ток, па и уште се смеат, фраери глумат, види ме мене колку сум јак. Како може да се каже дека не се виновни? Има и пародија на видеото, како ученик ја копира професорката. Имаме снимка црно на бело. Од каде знаеме дека немало претходно укори? Плус и кажано е претходно на темава дека децава се темпераментни, нападни и слично. Која е границата до каде што треба да се оди? Им било одземено правото за учење? Гледам се утепаа од учење. Ете и да не е според правилата, ќе се вратат назад, кој гарантира дека нема да продолжат? Со ублажување на казната се дава сила и на другите насилници да прават што сакаат. Дебилчина. Мора да се стави ред, мора од некаде да се почне.
Лично,да сум на местото на навредената професорка,би се обидела да ја дознаам причината за ваков вулгарен напад. Бидејќи јас сум возрасна,а тој е само дете,безобразно и невоспитано,но сепак дете,кое треба да има живот и понатака. Не постои еднаквост,ниту место за суета,во односот помеѓу ученик и професор. Најлесно е да се работи со умни и пристојни деца,но за жал... Инаку се вклучив,позитивно изненадена од млади личности,со јасни ставови и голем потенцијал. @theowndemon , @Luciferka ...сигурна сум дека никогаш и на никого,не сте се обратиле на ваков вулгарен начин,а сепак умеете да бидете зрели и непристрасно да одговорите во врска со темава....браво
Немаше да ги избркам веднаш. Сигурна сум дека не се согласиле сите наставници да бидат избркани. Мора да имало некој што рекол дека си има постапки како што е Опомена, Опомена пред отстранување, Отстранување. Ама сигурна сум дека се направиле глуви. Јас би ставила правила на тоа платформата. Да немаш право да збориш ако не ти одобри професор. Или микрофоните и камерите цело време вклучени да видиш како ќе пазат што ќе зборат. А не камерите исклучени, микрофоните исклучени професоров ги бара после минутка две се јавуваат. Зошто? Пошто имаат нешто друго пуштено и додека кликнат на платформата треба минутка, две. Јас кога би била професор. Ќе ги почитувам сите опомени. Ама ќе се борам да бидат избркани. Сега јас сум изгубила 5години на факултет за на крај некој мочко да ми каже "Морало камера, мора ти да ми го испушиш к*в". Крајна недисциплина. Ај овој што го кажал ова. Ама другаров што снимил и што ставил по тикток? Значи мора да бидат договорени.
Микрофоните пожелно е да се исклучени додека предава професорот зашто има ехо од другите и не се слуша професорот.
Тоа е од соопштение од самото училиште, го има на нивниот фб профил. А препораките за однесување за време на онлајн настава ги има на нивната веб страна. Ставени се на 26ти ноември, не се од сега. http://www.sugsvladotasevski.edu.mk...uchenicite-za-vreme-na-nastavata-od-dalechina 3.1. Општи правила за онлајн наставата Се препорачува сите камери да бидат вклучени за време на онлајн часот, освен доколку поради технички причини (слаба конекција или чести падови на истата) наставникот не наложи поинаку; Микрофонот на учениците е потребно да биде исклучен за времетраењето на онлајн часот (опција “mute”), освен кога ученик одговара на поставено прашање од наставникот, поставува прашање заради нејаснотии поврзани со наставната материја во времето од часот кој ќе го определи наставникот. Се препорачува одржување/следење на онлајн часовите на тивко место во домот, со оглед дека сите учесници на часот може да ги слушнат позадинските звуци кај оној кој зборува (шепотења и разговори, звуци од вклучен ТВ, лаење на домашни миленици и сл. звуци без оглед колку се тивки). Не е дозволено снимање на онлајн часот од страна на наставниците или учениците. За време на реализација на онлајн часовите се применуваат истите правила на однесување,како и на регуларните часови со физичко присуство во училиште и не се дозволени меѓусебни разговори за време на часот помеѓу учениците, преку вербална или електронска комуникација;
На класови до 30 луѓе не кочи. ПТТ се мали класови од по 17-20 деца. Кочи кај нас кога 400 души следиме предавање, па затоа следиме без камери.
Да си се надоврзам Секое постапување спротивно на точка 3.2. алинеја 1, 2, 3, 4 и 5 може да резултира со поведување и изречување на педагошки мерки во постапката утврдена во Правилнкот за педагошки мерки против ученикот, како и на други постапки пред надлежните органи.