Па зошто служат педагозите во училиштата??? Во моето училиште во кое одев педагозите само си пиеа кафиња и пушеа цигари по канцелари и само за ахаха ихихи беа ,додека на пример во мојот клас имаше деликвенти од дисфункционални семејства што ги закачаа и ги малтетираа другите , на професорите ич уво не им чуеше бидејќи со родителите им беа пријатели !! Еден деликвент од мојот клас постојано ми кубаше влакна од косава и се смееше и никој не му можеше ништо,а јас до ден денес се борам со губењето на косата.. на професорките им збореа мрсни работи пред сите , гнасотиии Јас ја подржувам оваа одлука што ги истерале од школо,и таквите дечишта треба да одат во поправни домови а не да тормозат соученици и професори кои што се немоќни !
Кај мене во основно, еден ученик кој беше од сиромашно и дисфункционално семејство, мастурбираше под клупа, се жалевме на класен, детето одеше и кај психологот на школото. Џабе, пак си продолжи со старата песна. И за други проблеми имавме пријавувано, дури претседателот на класот одеше и кај директорот на школото. НИШТО НЕ СЕ СМЕНИ! Имаше и булинг, тепачки секој втор ден, децава ништо паметно не кажуваа освен пцовки. И сега баш ми е мило што ги имаат исфрлено учениците од школо. Да останеа, сите ќе мислат дека е нормално да пцуеш професор и дека никој, ништо не ти може. Барем нешто се менува во образованието, мош пополека, ама има промени, кон подобро. Па што сме ние должни, да ги трпиме сите нивни пцовки и навреди?
Јас се согласувам дека треба да се работи со вакви ученици со цел да се подобрат, но во никој случај не треба да останат неказнети. Секој мора да си сноси последици за своите постапки, без разлика колку некој сака да ги оправда/разбери, инаку ќе продолжат на глава да се качуваат бидејќи знаат дека нема казна и онака. Ниту другите ученици ниту професорите не се должни да бидат тероризирани од вакви багабонти, без разлика дали ним им било тешко дома или биле разгалени до немајкаде, никој не е виновен за ситуацијата што ги натерала така да се однесуваат освен оние кои ги направиле такви (родителите најчесто). Во овој случај сосема океј казна е ова, не им е одземено правото на образование, едноставно од тоа конкретно училиште се избркани, ќе се запишат во друго без грижи. Не можам да сфатам како некои ги бранат, ем намерно е правено ова како прво и како второ сигурно не е прв пат, многу од нас се соочувале со вакви трујачи во образованието и знаеме како е.
Vo red, navistina postapile mnogu losho i vo red e da snosat posledici. No shto so tie profesori koi navreduvaat uchenici? Koj niv da gi kazni? Dodeka idev vo sredno, bev svedok na situacija kade shto profesor navredi uchenik. Zoshto nikoj ne se zaprasuhva i za obratnata situacija?
А да се отвори посебна тема за ова? Гледам има интерес, ама некако мене лично како друга тематика ми е ова од конкретнава тема.
После сите натегања и дискусии дали училиштето го има прекршено законот. Конечно случајот доби разврска и по претставка на ученикот до ДПИ ученикот е вратен во училиштето а против училиштето дополнително ќе бидат превземени санкции.
Јас искрено мислам дека претераа со отпишување. Не направија нешто толку сериозно. Најмногу требаше поведението да им се намали.