1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Недолично однесување во училиште

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од edna_malecka, 30 декември 2020.

  1. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Училиштето правно гледано ја има прекршено постапката за отсранување од училиште, педагошките мерки се изрекуваат постапно а не се изрекува директно исклучување. УЧЕНИЦИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ПОДНЕСАТ ТУЖБА ПРОТИВ УЧИЛИШТЕТО И МОЖАТ ДА ПОБАРАТ ДА СЕ ВРАТАТ ВО УЧИЛИШТЕТО И ОШТЕТНО ПОБАРУВАЊЕ.
     
    На Srckata28, Kimberly11, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.405
    Допаѓања:
    81.618
    Пол:
    Женски
    Не ја слушнав снимката.
    Од искуство со поголемата ќерка,премногу ученици си земаа право да навредуваат наставници.
    И сето тоа поради задолжително средно.
    Никој не ни може ништо и ќе изиграваме Индијанци во школо.
    Апсолутно сум за исклучување.
    Сигурно не му било првпат.
     
    На Veta, Kitten, Celltica и 8 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ако е евидентирано несоодветно однесување од претходно, ако веќе им било намалено поведението, ако веќе работеле со нив психологот и педагогот во школото, ако Министерство е известено и веќе направило проценка... Тогаш да. Треба да ги исклучат.

    Ама нешто од ова ако фали, тогаш казните треба да се пренасочат кон надлежните.
    Почнувајќи од класната, па се до министерство.
     
    На Luciferka, theowndemon, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.720
    Има видео? Кај може да се види?
    Вака ми е, ко по обичај, праење муабет за нешто чуено, недочуено, ама битно став се има:)

    Темата е грешна- не е однесување во училиште, во онлајн училиште е. Уште еден од бенефитите на недостигот на физички и социјален контакт. :doh: Пуштен компјутер/мобилен, не е училиште:shake:
     
    На Kitten, Cosmi, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Има видео да.
    https://a1on.mk/macedonia/video-dva...-uchilishte-poradi-vulgarnost-na-onlajn-chas/
    Еве го. Го имаше и без заматена фаца и вртеше на интернет, но сепак навистина е невкусно и добро е што барем ликот тука го заматиле на професорката.

    Инаку слушнав дека не било првпат да прават проблеми овие ученици и се исклучени од училиште бидејќи досега имале многу проблеми правено, а ова било врвот на се и сите професори биле сложни за да се исклучат учениците.
     
    На Tinkerbell11, ElenaOfRivendell, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  6. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    2.560
    Пол:
    Женски
    И да им било прв пат, истава санкција треба да си ја сносат :) Па на мајките дома нека им се обраќаат вака. Невоспитани, без елементарна култура и домашно воспитување.
     
    На Jana06, Tinkerbell11, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Многу добро знам за каков профил на ученици се работи, па уште и кога слушнав од кое школо се јасно ми беше се, сигурно дека не им е првпат. 4 години ги гледав лично преку улица на мое школо и јака им душа на професорите таму... Во автобус коа се враќавме од школо ништо поарно не беше, ечеше автобусот од нивни пцовки, често знаеја и да се затепаат. За жал пречеста појава е ова во тоа училиште.
     
    На Veta, buba4e89, Tanjamm и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали му е прв пат ако до сега не му биле изречени сите педагошки мерки постапно до писмена опомена пред отстранување од училиште училиштето не смее да ги отстрани учениците.
    Но и во случај се да е регуларно до тука учениците имаат право да поднесат жалби прво до наставнички совет, а потоа и до управен одбор и во текот на целото на ЦЕЛОТО ТОА ВРЕМЕ УЧЕНИЦИТЕ ЈА ПОСЕТУВААТ НАСТАВАТА и не смее училиштето да му забрани бидејќи со таа постапка му го оневозможуваат нивното основно човеково право правото на образование.
     
    На sonuvana, Zavisnaodblago и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    И јас ги пцујам (у себе) и сега што? Некои стварно заслужуваат. Не се секогаш децата криви. Во средно посебно пола и повеќе од професорите се психопати умоболни и се иживуваат со децата. На сите треба психолошки тест да им се направи па после да можат да работат не кој стигне професор да биде.Зарем некое дете се има пожалено од некоја професорка што си ја знае работата и не го малтретира психички?
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.050
    Допаѓања:
    76.046
    Пол:
    Женски
    Ок, фала што ми постиравте линк.
    Денешниве деца не почитуваат ништо. Чест на исклучоци. За пцуење, не пцуеме сите. И некултура е да пцуеш или навредуваш некој што ти дава знаење. Многу грда ситуација ова, ама да им дале казна пред исклучување можеби ќе било подобро, вака одма по брза постапка можеби е премногу, ама добро сега, памет за друг пат, па да не ги пцујат наставниците во новото училиште (ако се презапишат)
     
    Последна измена: 1 јануари 2021
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.101
    Допаѓања:
    5.278
    Пол:
    Женски
    Професорката изгледа океј, ама дури и да не е “океј”(што е работа на училиштето каков кадар вработува), професорот претставува авторитет, а тој уличарски речник, не треба ни пред другар да се употребува, а не пак на професор. Да, секакви професори има, и јас сум ги имала, ама на крај памет не ми дошло, онакви зборови да упатам кон нив, ниту кој некој друг. Врв на некултура, и домашно невоспитание.
     
    На noteforself, Jana06, Anie93 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Кој е вашиот став во врска со оваа случка?

    Во врска со случката, жал ми е дека ова е форма на хумор кај децата, ама секогаш има такви деца. Во сите генерации, во сите класови. Не е ова оправдување, туку само слика колку е нормализирано и ако би се бркале сите такви деца требало да имаме до сега по неколку училишта за избркани и проблематични деца.

    Како и да е, јас не мислам дека треба децата да се исклучени од настава. Кога видов дека ги избркале, очи ролав. Не. Нема да научат дека ова е грешно туку ќе бидат "ѕвезди" во новото училиште, башка веќе ќе има непријатен однос од страна на вработените ( наставници и администрација) гледајќи ја историјата на детето. То не дава можност да се реши проблемот кој настанал туку напротив, го продлабочва.

    Но, општо бркање, не седи добро со мене сем во екстремни случаеви каде друго дисциплинирање не помогнало со ученикот ( пр. Повторен булинг, насилство, постојано отсуство и сл). Ама секогаш, секогаш мора прво да се увиди како можи да се попрај ситуацијата за детето да ја разбери и да проба да се смени. Ако сите обиди се сулудни и има штета врз другите ученици, да, можи да се отстрани од училиштето. Од таму, ова гласањето на советот одма да го исклучат мислам дека беше да се задоволи пошироката јавност. Скроз непотребно. Шо е полошо се става наставникот како поважен од ученикот зошто во многу училишта на булис му се дава поќе шанси. Не велам дека не треба да му се дава, јас вервам дека треба да се работи со нив и ќе има напредок. Ама дефинитивно и тука требаше да им се дај шанса и да се има обид за дисциплицирање. Ова е поќе за задоволство на его и/ли имиџ. И не е продуктивно. И во ново училиште детето пак ќе биди то шо е зошто никој не се потрудил да работи со него туку решил да го казни.

    Дали мислите дека голема улога игра домашното воспитување?

    Да. Дури ми иди да речам "нормално". Децата се слика на родителот. Дури и родителот да е најдоброто суштество, пак детето е негова слика. Има многу фактори кои сметаме дека се океј, а уствари не се океј па тоа се влијае на детето. Ова зборам кога семејството не гледа проблем со себе и смета дека ете, е идеално. Башка, доколку семејството не е функционално, мислам и дека не треба да одам во детали дека "проблемот" иди од таму. И јас не би го ни рекла проблем зошто многу врсници, скоро сите, со кои сум учела го одраснаа ваквото однесување. Сосем нормално. Тинејџери се, немој да имате премногу високи очекувања од нив во поглед не- лош хумор и темперамент.

    Колку и да го учиме детето да биди на одреден начин, исто така мора да сме рол модел за тој одреден начин на однесување.

    Како би постапиле да сте професор, родител?

    Да бев професор, најверојатно ќе го остаев да се искажи. И после ќе имав разговор со сите за некои теми како почит и ментално здравје. Не само со него туку буквално со сите чим доврши. Ако мајтапот продолжи би ги пуштила кај психологот во училиште чисто оти часот има одредени цели кои мора да се исполнат ( нели ако е физички, не знам како сега работи психологот ко ќе е онлајн) за да можи да збора со детето за неговото однесување и да разбери кај е грешката. Со пристап кој нема да напрај да е дефанзивен и уште повеќе да има проблематично однесување.

    Да бев родител, нормално дека ќе бев разочарана. Сакам да го пораснам детето способно да расудува добро од лошо и да не смета дека лошото прај добра шега. Ама сем да зборам со него и да работам на неговото однесување - нема шо друго.

    Дали вие како родител внимавате како вашето дете се однесува, изразува?

    Не сум родител ама ќе зборам од аспект на сестра на тинејџер. 15 има. Значи моментално секој збор му е "да ми јајш од курот" и низа други безобразни бисери. И не беше таков ама пубертетот си го напрај своето, буквално земјотрес за семејството е. И кога треси, шо викат моите "зелени" ние дома се ... Смејме. Да. Во моментот сите седиме и се надоврзваме и солзи ни течат. Као последната година животот ми го има продолжено.

    И кога е се смирено, навечер пиеме кафе/ какао заедно, и збораме за рандом теми. Тие рандом теми се суптилно теми за неговото однесување. Без да сети ние збораме за прифатливо однесување и слично. И темата со учениците ја зборавме со него и зошто не е прифатлива. И да, можи да расуди добро од лошо однесување.

    И зошто сметам дека овај пристап е прифатлив? Прво, зошто не е дефанзивен и можиме да збораме со него. Ако детето стани дефанзивно нема да ве слуша, и има големи шанси да ги прај работите за инает. Второ, директно неговото однесување не се става на тапет и од таму учи низ туѓи искуства и се одделва себеси од тој некој ( во случај децата на тв) и можи понеемотивно да пристапи на темата. Трето, ако одма го искараш го заинатваш. Ако го искараш генерално го заинатваш. И после за инает ќе прај. И ако доволно долго прај нешто за инает - се оформува лоша навика.

    И така.

    Ај сега да читам другите шо сте пишале пошто секогаш сакам прво да напишам, после да читам.

    Едит.

    Ова не е во ред:
    Исто така ова не е во ред:
    Родителот мора да го научи детето да можи да разликува прифатливо од неприфатливо однесување, а не да се брани или обвинува по секоја цена зошто тоа влијае на, после, пораснат возрасен.

    Влијанието на семејството и на околината е огромно. Не можи да се очекува дека секој ќе успее. Особено проблемите со дете во пубертет се непредвидливи и ако мислите дека со строга осуда ќе се попрај нешто, па и строги казни и насилство - стварно, се лажите и жал ми е. И многу често ваков став и практика се извор на проблематично однесување.

    И шо е поголем проблем од хормонален ученик, е наставник од кои се жалат учениците. Бар во мое време и во време на брат ми, ова не се зема сериозно оти е наставник. И уште најважно, многу почесто се заќутваат учениците дали како жртви на наставници или родители ама се бркаат ако ученик навреди наставник. За другото мање битно, уште во некое конкретно училиште нема добиено на медиумска јавност за да му е гајле.
     
    Последна измена: 1 јануари 2021
    На sonuvana, Someonespecial, Zavisnaodblago и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека не им е прв пат, затоа што кај нас училиштата секогаш биле претолерантни кон недолично однесување и булинг. И од страна на ученици и од страна на професори.

    И тоа е проблемот. Тешко дека децава ќе се осмелат вака да се обраќаат од прва. Им го игнорирале однесувањето со месеци, може и години, наместо да реагирале на време. И сега прв пат реагирале со најстрога мерка.

    Мојот став е дека ништо не решиле. Сега истото ќе го прават, само во друго училиште. Крајно време е да профункционира нешто во образованието и професорот да може да испрати ученик кај психолог, каде ќе се работи со детето. Не само ради реда.

    Мерката е соодветна, зошто децава се ептен отидени со однесувањево. Ама како што реков, проблемот го гледам во тоа што треба да работат ова да се спречи и воопшто да не се случува.

    Најголема улога. Тоа е главната причина. Не мора родителите да кажуваат пцовки дома, ама очигледно го игнорирале или одобрувале однесувањето на нивните деца. Сигурно и претходно имало поплаки од нив. Ама наместо да разговараат со детето и да превземат нешто, кај нас стандард е фаќање врски и заканување кон професорите за да не реагираат.

    Кога би функционирало се нормално, би го испратила кај психолог при прво недолично однесување.

    Не сум родител. Не знам, најверојатно би разговарала со детето за да му објаснам колку е дебилно таквото однесување. Во секој случај, не би одела по него да го вадам од проблемите. Би сакала да го научам дека за секое однесување има последици.
     
    На edna_malecka и mode-kristina им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Ова во претходниот пост не го допишав, сега ми текна.

    Тоа што ќе ги избркаат нема нешто многу да реши, можеби еден краток период децата ќе бидат претпазливи да не направат некоја глупост, ама после пак по старо зашто знаеме какви ученици учат во тоа и слични училишта.И не го кажувам ова како да нешто не е во ред со нив, туку друго сакам да кажам, нив кој ги воспитал? Од небо ли паднало воспитувањето? Ете, тоа што го идеализирате од минатото изгледа и не е баш за восхит зашто се гледа какви луѓе излегле од тогаш за да воспитуваат нови генерации.Дури би рекла дека поголем број деца на тие генерации се невоспитани отколку културни.И не се ни работи само за пцуење, се случуваат насилства и други посериозни работи, ама бесот доаѓа од некаде, пак има извор, не е туку така.

    Сум за казни, ама прво доаѓа правилен однос кон децата и воспоставување на ред каде што ќе се знае што е прифатливо, а што не, а потоа на крај казна.
    Затоа што училиштата се воспитно-образовни институции, не само образовни, а реалноста е дека 90% не успеваат да го реализираат тоа воспитно и на крај удри по децата, по кој друг ако не по нив, иако факт е дека тие деца носат товар уште од најмали години и не ни знаат за подобро и разумно однесување, а во средно веќе е прекасно.И не ни можеш да очекуваш да има ред, ако веќе долг период - како сериозна институција - не се ни трудиш да го воспоставиш.

    И би била скроз за тоа што ги избркале, ама да знаев дека училиштата си ја вршат работата како што треба, ама покрај фактот што знам што сѐ се случува во тие средни, ова е искрено само површно и без резултати на долг рок.
     
    На Zavisnaodblago, edna_malecka и mode-kristina им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Шо значи то 'Кога слушнав од кое школо се јасно ми беше се'?
    Ова е чиста предрасуда.

    Стопанско учев.
    Исто 'ослозгласено' во Битола.
    Одлична бев, и пристојна со професорите, башка, си се дружела со деца од послабо школо да видиш какви примери има? Од какви семејства доаѓаат? Знаеш за сиромаштијата која им е секојдневие на пола од нив? Знаеш за тоа дека пола од класот мој учеа и работеа паралелно, оти мораа?

    И не, не беа воопшто полоши од претходното средно во кое учев, кое важи за пофино... каде од булинг не можев глава да кренам, каде имаше безобразлук до сто и една и назад.

    Полни сте со предрасуди!

    Нема лоши деца.
    Има неспособни возрасни, кои не знаат да им помогнат.
    Има неодговорни надлежни, кои ги боли курот за се' освен за платата на први.
     
    На sonuvana, Ugly Duckling, noteforself и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Птт има стварно некои невоспитани деца преовладуваат машки па беснеат ама и не мора да значи јас у медицинско учев ко животињи се понашаа некои а ќе си речеш едно од најјаките средни у земјава
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Сегде има 'невоспитани' деца.
    Во сите школи.
    Затоа постојат инстанци кои се надлежни за санирање на проблеми.
    Затоа има психолози и педагози и дефектолози во школите, затоа има социјални служби.

    Цел систем има поставено, кој е таму за да им помогне на децата.
    Ама никој не им помага.

    Реков веќе: Платата на први, и кој ве ебаа!
    То само прат.
     
    На sonuvana, noteforself, Nane2356 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Не се тоа предрасуди, реалност е.Или подобро кажано, некои предрасуди постојат со причина.Пошто со дрим сме генерација, ќе напишам и јас од моја гледна точка, работите горе долу се такви, кога ќе дојде време за запишување во средно, се знае кој каде ќе иде, и после тоа лесно можевме да заклучиме, од едно гледање што се вика.Нема секаде ист процент на невоспитани деца, како што викаш.
    Пишав и горе, родителите и училиштата се тие што утнале во процесот и треба да си преземат голем дел од одговорноста, децата се нивни производ.
     
    На buba4e89, Dream-Girl, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Точно се согласувам со тебе дека не треба одма да кажеме сите ученици во школото се лоши ( но не можеме и да ги побиеме фактите дека во техничките и сл училишта се запишуваат претежно ученици со слаб успех на кои не им е дојдено до учење дојдени се онака колку да земат диплома)
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Абе не ми кажвај како е.
    Учев во такво школо.
    Како фамилија бевме цел клас.
    Не се делевме ни по пол, ни по вера, ни по убедувања, ни по ништо.
    Никаде на друго место не сум се чувствувала поприфатена.
    Тие што се најугнетени, највеќе имаат разбирање.

    Сеа... имаше и во нашиот клас 'леви деца'... Ама, како што реков, има секаде... во секое школо.
    Две средни школи сменав. Знам за шо зборам.
    Во претходното беше секој против секој.
    Препичвања и навреди.
     
    На noteforself, Tinkerbell11, Kimberly11 и 3 други им се допаѓа ова.