Тоа што не учат, не значи дека се лоши. Ни еден од мојот клас, никогаш, не бил безобразен со професор. Ни еднаш. За разлика од другоно школо, каде колективно се договараа да ја изнервираат и расплачат наставничката по математика оти беше нова и не знаеше како да се носи кутрата.
Мене ми се допаѓа начинот на кој се справиле со проблематичните деца. Не верувам дека одлуката за бркање била донесена поради само еден изолиран инцидент. Не го знаеме целиот историјат. Но, штом некој се дрзнува така да се обраќа на професор, сигурно правел и други неприфатливи дела. Сведок сум на спротивни постапки, односно огромна толеранција према ученици кои си земаат за право да го држат целото одделение во заложништво, со насилство, вербални напади, сексуални чинови и тоа кај најмладите. Но, поради ,,врски" се толерираат. На професорот му се врзани рацете, затоа што директорот на некој начин е поврзан со родителот. Кога би се пристапило пристрасно на проблематиката, децата би се чувствувале побезбедни и посреќни во самата училница. Воспитувањето доаѓа од дома, уште од најмала возраст. Не можеш да смениш дете кое е научено на еден начин на живот. Единствено може да се врши едукација од морален и етички аспект. Воопшто немам емпатија према проблематични ученици, без разлика која и да е причината за нивното однесување, затоа што родителите нивни, односно нивната акција, ја дава реакцијата на своите деца. Има институции со чија помош може да се промени однесувањето на детето доколку претставува опасност за околината. Но, најчесто родителите не се воопшто свесни дека детето има проблем, а преку него и целиот клас. Да си директор на училиште е една висока и тешка титула, која не секој може да ја понесе со гордост и да ја оправда нејзината тежина. Најчесто се поставуваат партиски пиони, кои вршеле некаква должност према нив, а не квалитетен кадар кој умее да е носител на својата функција. Впрочем, како и во секоја државна институција. Доколку се смени начинот на избор, односно да се постават директори и педагози според точно определени и јасни правила, тогаш самата институција би била квалитетна во секој поглед. Така да, нулта толеранција за било какво несоодветно однесување.
И да се согласиме дека сите тие ученици, се производ на општеството, и во тоа општество остануваат, во или вон ,,училиште,, со или без, ,диплома,. Освен ако не ги пратите на пуст остров , на Змиски ваљда, пошто мк друг остров нема. Се согласувам со @theowndemon иначе, како и вообичаено. И со @WildMk ама не и кажувајте
@WildMk Во право си, ама до некаде. Слични вакви глупости имаше и во моето средно, а важело и уште важи како едно од најдобрите. Ама факт е дека во тие средни 90% од учениците се запишуваат за да не учат, а изгледа и нивните дома воопшто не се замараат за образованието на нивните деца.
Ти да работиш цел ден на нива и да те видам колку ќе имаш време за учење. Леле бе луѓе. Дете кое не учи, не е еднакво на лошо дете. Не е поставка по дифолт. И сите псуеме. Кој не опсул никогаш нека дигне два прста. На страна тоа... санкции мора да има за ова што се случило, оти правила на однесување има во школото. И се знае што е пристојно, а што не. Ама од искуството што го имам и како ученик, и како родеител на ученик, јас ви тврдам дека надлежните не работат по правилници и закони. Се е со шеми, прескакуљици и врски. Се'!
Секоја чест за твоите соученици ( но поголем дел од тие што не учат се да не кажам тормози кои не ги оставаат и тие што сакаат да учат да научат нешто) Еве јас ќе ти кажам средно учев Правен техничар и имаше секаков свет од нормални ученици кои учат и имаат почит кон професор, нормални не учат но имаат почит кон професор, ненормални учат но се изживуваат врз професор, ненормални не учат а само се изживуваат.
Од моето искуство работеа. Ама не е ни битно тоа. Пак важи истото: Дете кое не учи и има слаб успех, не значи дека е лошо и невоспитано. Може да е најмирното и најкултурното од сите. Исто како што може дете кое е со одличен успех, да биде најбезобразното и најнекултурното, посебно, ако има татко директор... или не знам што. Како што спомнав претходно, на децата им треба помош, од родители и надлежни кои се на работни места специфицирани за работа со проблематични случаи. Не работат со децата! Колкумина знаете што се проблематични, а се на психолошко советување? Не можи право казна да следи, без да се обиде општеството да им помогне.
Никој не рече дека е. Значи тоа е проблемот. Дете кое од основно е со став дека образованието е непотребно и се запишува да заврши средно ради реда, какви родители може да има? Очигледно и нивните родители имаат ист или сличен став. И така несериозно и се однесуваат према училиштето, а родителите тоа го одобруваат. Па тоа и јас го пишав. Игнорирале се до тој момент и затоа првата казна стигнала да биде најголемата казна - бркање.
Ти пред колку години имаш завршено? Прво не е скроз исто времето тогаш и сега. Второ, не можеш да избришеш каде најмногу се случуваат инциденти, тепачки, насилства и слично.Еве, можам да кажам дека секаде е исто за некој да не се навреди, ама факт е каде одат деца кои во основно биле најбесни и најмалку учеле и каде им продолжува традицијата.Не е ништо спорно тоа ниту зачудувачко, подобро да знаеме каде е полошо и школите да вложат повеќе во воспоставување правилен ред и повеќе да работат со тие ученици, отколку да се преправаме дека секаде има невоспитани деца.
Од кого очекуваш ти да им пружи помош педагози, психолози, социјално. Не бре мила тоа така не оди овде овде сите се партиски војничина( без разлика на партија) кои чекаат на 1 плата.
Што е битно кога учев? Ситуацијата е иста. Слаби ученици, одлични ученици, пристојни ученици, непристојни ученици.. од секогаш имало, и ќе има. И по петти пат: Дете кое има слаб успех, не значи дека е проблематично дете, кога е поведението во прашање.
Секаде ги има. Ама во некои школи се застапени во многу, многу поголем процент. И тоа е беше поентата на членките.
Да се разбереме: Не сум против санкции. Санкции мора да има. Ама мора претходно да се истрошат сите системски можности за да се реши проблемот. Вака само 'ги фрламе на улица'. Во иднина ќе бидат уште полоши. Пошто ќе ги научи светот, дека никој не е надлежен да ти помогне, туку сите се тука само за да те казнат. Во какви личности ќе порансат? Со причина до 18 се рачунаат за малолетни децата. Тогаш најмногу може да се делува на нивниот развој и на нивното моделирање. На 30-40 никој не може да те смени. Кога ќе излезат од клупите, треба да бидат продуктивни граѓани, а за тоа, драги мои... треба работа. Се разбира дека нема на сите деца да може да им се помогне. Но да не ги осудуваме на пропаст, пред да се обидеме да им помогнеме ... како општество.
Ти си правен застапник на Angie1432, остави таа нека се изјасни, оти според таа тоа што го пиша не се вклопува во твојот одговор.
Само што го изгледав видеото, претходно имав само прочитано. И те како, неговото однесување е за бркање. Жал ми е за професорката, навистина. Зошто мора да е задолжително средното образование, ако на некој не му се допаѓа, не мора да учи. Наместо клас исполнет со проблематични деца, ќе има клас со ученици желни за образование и квалитетна настава.
Не си во право зависи дали претходно му биле изрекувани педагошки мерки постапно што не верувам, мислам дека училиштето си дало право што го нема.
Потребно е да е задолжително баш за тоа. Затоа што немаме елементарна култура и образование. Само треба да биде функционално. Не се замара школото, не се замараат родителите. Децата се ко пуштени од ланец, оставени сами на себе. И ете ги резултатите.
Не е за бркање, ако е прв пат. Ако веќе се поминати сите процедури и два пати веќе му е намалено поведението, тогаш да