Да бев професор ќе прашав дали им се допаѓа начинот на моето предавање, ако не им се допаѓа, да ми напишат на ливче што треба да променам за да не дојде до ова. Да бев родител, првин ќе се запрашав каде потфрлив, а потоа ќе му објаснев дека воопшто не е во ред да се пцуе. Ни дома, ни на училиште, ни на улица. Сега дали училиштето ги направило сите процедури што требаше да ги направи, не знам, ама дека треба да има некакви санкции за нив, знам. Ќе беше добро и наставниците што малтретираат ученици да имаа такви казни. Во врска со тоа за кое училиште се работи, мислам дека секаде има секакви луѓе. Еве јас учев во едно од најдобрите средни училишта, па сè се толерираше. Ни професори, ни ученици. Не секој е за професор.
Луциферка мене правен аспект не ме интересира. Што ако ти беше на нејзино место, ќе размислуваше за право? Ако тој се дрзнува така на професор да се обраќа, можам да замислам која тортура ја дава и на своите соученици. Не секој треба да има пристап до образование, така се зачувува вредноста на истото и има моќ.
Треба да се каже јавно, да не нагаѓаме без веза сите. Само што немаме истражувачко новинарство, ниту пак надлежните (од било која област) во државава, не чуле за транспаретност.
Лелееее сегрегација бе! Се читаш шо пишиш?? И жените едно време, не толку далечно, немале право на образование оти не требало.
Исто како што пишала безименка.Секаде има ама не е исто 1 дете на 20 и 1 на 5.Ме разбираш. Па не значи секогаш, ама гледај во праса како е, во основни школи е обично така. И пак по петти пат и јас ќе кажам, не ги стигматизирам децата, доволно се стигматизирни, ама мора реално да збориме како е за да се знае како треба да се делува и дека треба вработениот кадар во основно да го остави кафето и да посвети внимание на децата.
Педагошките мерки се следниве. 1 усна опомена од класен раководител 2 Писмена опомена од класен раководител. 3 писмена Опомена од наставнички совет. 4 Писмена опомена од Директор. 5 опомена пред отстранување од наставнички совет. 6 одстранување од наставнички совет.
Е то ме интересира. Сигурно во еден ден, овој процес не поминал. Леле плачи за тужба случајов! Ах ко не сум адвокат! Про боно ќе ги застапував на суд!
Што мешаш Вајлд. Зарем треба да се остават такви деца на настава. Во текот на моето учење, се справував со секакви тортури. Guess what? Ништо не се превзема. А јас останав со куп белези и фобии поради такви што требале да бидат заштитени со право.
Така е и јас претходно тоа го нагласив педагошките мерки одат постапно, и на секоја мерка имаш право на жалба 15 дена па дури вратат одговор после втора жалба до управен одбор. Се дури не истечат роковите за една мерка не може да се изрече друга.
Нема врска колку учи или не учи со тоа дали е воспитано или не е. Но факт е дека има училишта кај кои покрај слабиот успех имаат и слабо поведение. Кај конкретниот случај и слични родителите треба да си го решат проблемот со своите распекмезени деца,кои сметаат дека се им се може,па и да навредуваат наставници. Јас тука го гледам проблемот. Од мали од прво одд.учителката не чини,ти мајка знаеш се,после наставниците се будали,ти знаеш се,не ги учат на почит кон наставник,после во средно како да имаат почитување кога нивното нАјзлатно дете е најпаметно ,некоја си професорка ќе го "малтретира".па ќе си земат право да спроведуваат вербално насилство. Па уште ќе ги жалиме што го исфрлиле од редовно школо. Е не, ќе го чешлаат. За насилни битанги не е редовно образование. Нека си пцуе дома по родителите,и нека заврши вонредно школо. Или нека го научат сега како треба да се однесува во училиште со професори. @WildMk Каква тужба жити се? Ај не си правете филмови. Овој е сигурно 1000 пати опоменат до сега. А родителите викнати 100 пати во школо. Па не се идиоти во школиве,многу убаво ги знаат процедурите,а особено кога имаат долгогодишно искуство со проблематични деца.
Знаеш дали постапиле по процедури, НЕ! Ниту едно училиште не брка ученик поради само еден инцидент. Се оди на педагог, се оди кај директор, се повикуваат родители. Ако нема фид бек, кои други процедури сакаш да бидат запазени. Којзнае што друго правел, за ова да биде капак.
Гарантирам дека не биле сите сите постапки запазени, знам многу случаи каде што се одело директно на исклучување на само еден инцидент а деца на моќни родители никој не ги пипа што и да направат.
Гарантирам дека не биле запазени постапките поради тоа што се изживуваат и излегуваат на интернет работи за кои немаат грб родителите да го заштитат детето, за разлика од многуте случаи каде што мама и тато се моќни и не се објавува ништо и случајот се крие под тепих.
Сите овие редоследно се изрекуваат во зависност од тежината на извршеното дело од страна на ученикот. Во овој случај си заслужи мерка бр.6. И повторно ќе си го кажам мојот став средно НЕ треба да биде задолжително.