Има право да донесува одлуки но во рамките на законот ништо повеќе и ништо помалку се освен тоа е искористување на службена положба и се одговара кривично( во нормална држава)
И според тебе што треба да се направи? Да се милува и стимулира таков начин на однесување. Алоооо, професорка е. На работа истото да ми се случи, ќе потпишам изјава за мобинг, на што следат неколку процедури. Ако продолжи, ќе следи отказ. А ти не си запознаена со однесувањето на тоа ,,дете".
Се може да се реши во рамките на законот да функционираше државата. Разграничи дека не велам да не биде казнет ученикот туку да бидат испочитувани законските процедури и права.
Законот вели дека педагошките мерки се изрекуваат постапно ученикот не може да биде отстранет од училиште дека на некој му прднало.
Па законски е. Што не е законски? Одговори барем. Не си ти единствена студентка по право во државава. Зад тоа има куп правници кои сметаат дека нема недоследности во самата постапка.
Ти стварно веруваш дека детево не било опоменато досега? И дека во наставнички совет, директор и итн.не ги знаат процедурите за бркање од школо? Ако истово дете во школо и удреше бокс на професорката,какви се тогаш процедурите?!
Како знаеш? Беше присутна во класот, знаеш што претходно правел? Јас не сум чула до сега некој да е избркан поради само еден инцидент, нормално ако не се работи за некој тежок прекршок. Освен ако не си видовита, не можеш да говориш што точно се случувало и што довело до крајната одлука. Тргни од себе, дали би ти било сеедно некој на тој начин да те навредува пред целиот клас и дали би сакала да бидеш соочена повторно со него. А детето може слободно да продолжи во друго школо, нема забрана да се едуцира.
Јас си стојам зад се кажано до сега. Ако ученикот и удри бокс на професорката ќе му се изрече педагошка мерка постапно која и да е на ред следната. Професорката може да поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда доколку ја има во спротивно прекршочна, ако ученикот е малолетен родителот ќе плати глоба.
Ама се тоа си е регулирано во законот и се може да се реши по тој законски пат, ова што го направило училиштето е кривично дело и во нормална држава одговорните ќе си поднесеа оставки од морални причини а ќе имаше и отпочнато постапка против нив
Значи детето да остане на настава, да и дадат отказ на професорката. Ова ми е исто како во некои земји, те силуваат и после ти идеш во затвор, затоа што те силувале. Одлуката е арна, не ми се арни размислувањата за одбрана на такво однесување.
Треба професорка да земе да си го тужи ученикот и во граѓанска постапка да докаже дека и е нарушен угледот и соодветно на тоа со нова тужба за оштета да го добие и тоа. А за незаконското работење на одговорните лица во училиштето обвинителството треба да покрене постапка по допрен глас или по пријава поднесена на ученикот или неговиот законски застапник доколку е малолетен.
Тие во училиштето не се глупи, ги знаат законите и си одат по процедури, сигурно нас на јавноста нема да ни објаснуваат се детално. Избркано е и тоа е тоа, конечно една правилна одлука во државава да се донесе. Ставете се на местото на професорката.
Значи во законот за средно образование наставниците не се заштитени од насилни ученици?! Инаку јавно гласање од сите професори и членови во наставнички совет за исклучување,одат по претходните процедурални опомени. Секој кој работи во школо ова го знае. Ти тврдиш без да знаеш дека училиштето не ги почитувале.