Законот е многу јасен и прецизен и ова што го направило училиштето е кривично дело искористување на службена положба и уште неколку други кривични дела. Од морале аспект дали така треба да е или не во моментов е друга тема бидејќи постоечкиот закон го кажува тоа. А заради тоа што не се водиме по законот сме во ова дереџе како држава.
Со оглед на тоа какви тинејџери има од мочка правени време е да се воведе малку строг режим во училиштата. Тоа што е пубертетлија не му дава право да се однесува како што ќе му текне. Настрана овој случај, има многу пропусти во однос ученик - наставник/професор. Не велам дека нема ни искомплексирани од страна на тие што ја водат наставата ама претераност имало и ќе има за жал. Мора строгост, ова е дива лига, не е битно дали му бил вклучен или исклучен микрофонот, почит бре. Прво ќе ја префрлам вината на домашното воспитување, потоа на учениците кои не внимаваат на бон тон па после некој друг им е крив а потоа и на поставеноста на професорите кон учениците. Додека одев на училиште имаше такви професори кои си ја вршеа работата, уште од старт кажуваа правила, кој не слуша казнување, а имаше и такви кои не се замараа, гледаа само да предават лекцијата и да си излезат, полов орган ги заболе дали ќе научат нешто, битно ќе си земат плата. Да не должам, уште од првиот кикс на некој ученик треба да се испрати кај социјолог или педагог ако воопшто и тие си ја знаат работата и да постапуваат според правилата.
Во онлине настава нема време од октомври да направи толку глупости и да поминат сите жалбени рокови по секоја педагошка мерка. Случајов плачи за суд и обвинителство за конечно училиштата да не се понашаат како да се бог и да работат спротивно на закон .
Какви немирни и некултурни деца постојат, нема да се изненадам и 10 дена да му се доволни за сите овие работи.
Но не е доволно време за останатите административни работи училиштето за да изрече педагошки мерки а реално нема ни време за такви глупости. Коментарот ти е правно гледано неиздржан.
Да запознаета сум, ако имаш некоја нејаснотија во врска со правилникот слободно можеш да ми се обратиш ќе ти помогнам.
Нема тоа врска која година е педагошките мерки важат само за тековната учебна година и не се пренесуваат за следната.
Види вака, прво заврши го факултетот на кој си бруцош и вчера си се запишала,па после давај правни мислења. А второ, твоите мислења во овој случај (одбрана на детето)се мотивирани од твое искуство,бидејќи по твое кажување и ти си била самата багабонтка во средно. Браниш неодбранливо. Време да се врати достоинството на наставниците. Да не може секое дете без домашна култура да навредува наставник,да го гаѓа со креда ,да го пцуе,да му се внесува во фаца. Законот под итно да се смени и да нема задолжително средно.
Дали законот треба да се менува или не е сосема друга работа, ние сега зборуваме за позитивните законски прописи во државата по кој на ученикот му е ускратено човеково право на образование. А училиштето има сторено неколку кривични дела по законот за средно образование, ученикот ако е паметен сега вода од очи има да му извади на училиштето.
Браво!! И јас сум била исфрустрирана за оценки безброј пати, па никогаш не би употребила такви погрдни зборови. Ама кај детето криво, па и правило имало да го тужи школото. Јас да сум, во ниедно школо не би го примила. Децава овие генерации ги преминуваат границите на нормално и примерно однесување. Јас да бев професорката од видеото, ќе го тужев ученикот за лична навреда. Ама како стојат "законите" кај нас, ако е син на некој политичар, газда, така ќе помине. Шо можеме ние обичните смртници..
Тука излегува и нешто друго кој го објавил ученикот што кажал, тоа што се случува на часот не смее да се шири по интернет, ученикот има и тука основ за тужба.
Да.. ученикот може да врши психичка и физичка тортура врз професорот, ама оти се дешава на час, не смее никој ништо да направи?
Професорката може да покрене приватна тужба и да го докажи тоа. Но тоа што без негова согласност е излезено на интернет може ученикот да тужи и дебели пари да земи.
Кај гледаш основ за тужба? Ученикот упатил пцовка а кој знае дали му е прв пат вакво однесување. Соученикот снимал за јебен тик ток. Кој треба да биде жртвата овде? Професорката која предавала и добила навреди и пцовки или ученикот кој се однесувал недолично? Како ги измислувате овие ""закони" бе? За време на предавање однесувај се како што доликува, вон настава ако сакаш крши глава.
Ако сметаш дека на законите нешто му фали и треба промена слободно обрати се во МОН, а според позитивните законски прописи ученикот е жртва и може дебело да си наплати за тоа