Недопирливите (Intouchables) [2011]

Дискусија во 'Филмови' започната од boomsleng, 27 ноември 2012.

  1. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    653
    Филмот заслужува да биде гледан под хитно, еден од најдобрите филмови годинава кои ги гледав и дефинитивно со еден збор со кој би можел да го опишам е ремек дело
    Еден од најсериозните филмови за оскар од англиско неговорно подрачје и дефинитивно мој фаворит, исто како што ми беше фаворит германскиот филм Животите на другите во 2006 година.
    Филмот е снимен брз база на вистински настан што му дава уште поголема вредност и квалитет.
    Ја раскажува приказната за две личности кои се запознаваат на чуден необичен начин, едниот е богат инвалид на кој му е потребен некој кој ќе биде постојано со него и покрај него, додека другиот е сиромашен црнец дојден од Сенегал кој живее со неговата тетка и нејзиното многубројно семејство и на кого му е очајно потребна работа. Откако пробно ќе биде ангажиран за работа - нега и грижа на богатиот инвалид, помеѓу нив се раѓа искрено пријателство, црнецот од корен му го менува животот на богатиот инвалид во позитивна смисла......
    Филм кој вреди да го погледнете без одложување, нема воопшто да згрешите.
    Улогите во филмот ги толкуваат Фрасоа Клузет, Омар Су, двајцата актери се феноменални
    Режијата е на Olivier Nakache, Eric Toledano
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На elimkd и joelle им се допаѓа ова.
  2. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    прекрасен филм, навистина уживав додека го гледав нормално пролеав и по некоја солза, убава приказна со длабоко значење што денес е реткост. го препорачувам за душевна рекреација.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Savannah

    Savannah Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    го иаам глеано и филмот не ми се свиѓа
     
  4. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    кај можам да го гледам,линк нешто?
     
  5. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно добро филмче. Обично сум скептична кон француски филмови, но овој ептен ме изненади. Не очекував волку добар филм, со една интересна и потресна приказна. Едноставно треба да се погледне, филмов буди ептен длабоки чувства :)
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.916
    Допаѓања:
    48.052
    Пол:
    Женски
    Најдобар фрнацуски филм, интересна приказна која допира до сечие срце, во филмот опишано е пријателство меѓу два сосема различни светови
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.203
    Пол:
    Женски
    Само од овој филм може да се научи повеќе отколку од стотици други. Вистинска мотивациона приказна од животот која се надевам дека на многу луѓе им го отворила умот и ги променила. Ако бараш човек и ќе најдеш човек. Не постои општествено правило што одредува помеѓу кои личности ќе се развие пријателство, таква врска се оформува независно од норми и стеги, но штета што мнозинството се уште не сфаќа.
     
    На boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.