Kako gi sreduvate konfliktnite situacii so vasiot pomal brat Jas iskreno voopsto ne se spravuvam kako sto treba a baska i voopsto ne mi odi od raka Sovet [mod-kirilica:rsoqw6iu][/mod-kirilica:rsoqw6iu]
nedorazbiranje so brat... И јас имам помал брат.Караниците ни се секојдневие,ама пак ако не се искараме барем еднаш досадно и празно ни е. Мој совет:кога ќе те провоцира напрај си се на три и пол.Исто ко да не е тука.После некое време ќе му се здосади.Е сега ако те малтретира многу кажувај го на родителите неколку пати со ред и после ќе престане кога ќе види дека твоите го караат и дека не му си играчка ти тој да ти наредува или да те малтретира. За да си ги подобриш односите со него прави му муабет за нешто што знаеш дека го интересира.Земи го некогаш и прошетајте се,гледајте филм заедно.Најдете нешто што ви е интересно и на двајцата и дружете се.
nedorazbiranje so brat... и јас имам братче мало сега го фаќа пубертет па затоа на ден по 10 пати се караме и се смируваме, кога ме нервира го викам ѓубренце мало, а кога е умен е фраерче на дада за секоја ситница знае да се заинати и да урла по дома, ама јас морам тактички да играм некогаш со убави зборови некогаш со уцени а може и по некој шамар да летне има една слаба точка, многу е емотивен и жаловит па тоа го користам како последна карта
Јас имам брат 3 години помал од мене . Порасна па сега не можам со шамар 2 да го решам . Сега има секој своја соба и гледам кога ме закача да го игнорирам - му се здосадува така .
Јас имам 2ипол години помал брат од мене и тешко ни оде ...нема ден да не се скараме...ама сетотоа поминува..лута 5мин и после како ништо да не е било....Секогаш му попуштам ...се ај да не се караме... пробај да го игнорираш...ке му здосаде и ке те оставе на мира...или пак пробај на добра убав начин...Ако е разберен добро е..ама ако е како мојот дома ..ма какви убави зборови ништо не помага...
оф леле проблем ,и јас имам брат кој е помал од мене 1год и 9 мецеси теле мрсно нишо да не се разбирало од збор си праи шо сака како сака ,али коа и да му треба совет било шо знае да дое и да цвика али мене коа ми треба нешо као шо вика он еееееее дади треба да заслужиш така да ја мислам дека сеа му се такви годинитеее па коа ке порасне уше малцеее ке биде се ок...на моменти се сакаме на моменти се тепаме на моменти да можеме ке се убиеме хахаха тоа е тоа ..
и јас имам брат три години помал од мене.Сега е баш во пуберитетот.Се скаравме пред една недела и уште не зборуваме.Не можам да го поднесам неговото однесување ,ми вика "Ако дечко ти оде по газо,јас нема" многу ме навреди
Јас сум помала од брат ми 3 години и јас го замарав, но не повеќе. Мал совет од мене. Фала Богу со брат ми во добри односи сме и тоа се реши од како почна он да ми кажува некои информации плус, што би можеле да ми помогнат за понатаму. Корисни совети. Така да можете да почнете и вие така да му кажувате некои корисни работи, кои стварно можеле да му помогнат за во животот. Ми кажува и доживеани работи, но ми ги кажува исто како совети. Баш ми е интересно да дознавам нешто плус. Почесто разговараме за музиката, потоа ми кажува ете и добри места за излегување, значи се' што би можело да ме интересира, а вие најдобро знаете што би ги интересирало вашите братчиња.
Јас имам поголем брат. е сега ова поголем е реалтивно оти поголем е само година и и пол. е со него сме од до и то исклучиво зависно од неговото расположение. срека сум јас по релакс инаку ке летаат пердуви. претежно го оставам да се испука па после правиме муабет..инаку тешко на комшиите ко вика, посебно ко ќе стигне бесен од некаде, а си ја има сестра му да и се издуши ама н.м. баш си го сакам братчето ми нервозно
хахаха јасс имам брат една година поголем од менее....скоро секој ден сее караме а некогаш и летаат шамарчињаа..но брзо поминуваа
Имам пет години помал брат и се караме многу често.Карактерите воопшто не ни се совпаѓаат.Јас сум нежна,емоционална,жаловита,кршлива...додека тој е чиста спротивност од мене:крут,неемоционален.Јас ќе сакам да го гушнам,да бидеме барем малку поблиски,а тој само ќе ми рече оди таму не ми досадувај 90% од времето се препираме,караме,дури понекогаш се навредуваме ,додека тие 10% се навистина едно големо чудо.Кога мислиш дека конечно сме започнале убав разговор,наеднаш се се` враќа по старо. Но иако не покажува знам дека ме сака и го сакам
се карам и се тепам скоро секој ден привилегија ни стана но за него се би направила и пак си го сакам највеќе
јас имам братче помало 3 години од мене се караме, си помагаме, се случува да се испонавредиме па да не зборуваме, дури и по некое ударче да летне ама сепак јас сум попустилва и понезна од него, па некако се разбираме и нормално си се сакаме знам дека тој ме сака колку јас него немозам да си го замислам зивотот без брат ми
И јас имам помал брат, многу ме нервира, секогаш зборува нешто без врска, и демек тоа треба да биде смешно, а кога јас правам фаца... , тој-многу си злобна, многу си ова, многу си она... -.- 3 месеци игнор, после убаво го истепав, и не му зборував, откако престана да биде pain in the ass сега е многу подобро.
Јас имам брат 6 години поголем од мене. Само го карам (вербално), да не речам го поучувам за некои работи Сме се карале порано како помали, ама ако ме удрил си јадел од мама прачки Си се сакаме ние без разлика на се, јас сум му слаба точка п.с. пресреќна сум шо си имам брат
Оф леле секој ден се карам со брат ми и сестра ми кои се 4 години помали од мене многу си ги сакам но понекогаш ми иди да ги задавам најчесто се караме за компјутерот кој да седни прв и апсолутно за се едноставно не знаеме да не се караме не сме како другите се да си кажуваме меѓусебно да комуницираме да си ги кажуваме најголемите тајни .............. Секогаш се караме се навредуваме а толку многу сакам да имам убав однос со двајцата но некако не успева различни карактери сме Но сепак без нив не би можела да си го замислам животот многу си ги сакам Морав да си пишам и за сестра ми Темава може да се преименува во Недоразбирања со брат / сестра
Имам брат постар од мене 4-5 години. Порано воопшто не се согласувавме и се каравме за се‘ и сешто, ама последниве неколку години ситуацијата е стабилизирана и кавгите се сведени на минимум. Како се справуваме со недоразбирањата? Не се справуваме Едноставно ќе помине време, ќе ни помине лутината на двајцата и крај приче.