1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Недоразбирање со брат

Дискусија во 'Дете' започната од sentimental, 29 август 2010.

  1. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Женски
    Имам постар брат 5 год.ама исто ко да не е постар,со паметот сме тука дури јас малце го надминувам :lol: интересно што секогаш нашите недоразбрања сме ги решавале вербално никогаш не сум била удрена или повлечена за коса како што сум гледала што им прават браќата на моите другарки.Знаеме да се изнавреѓаме па дури и со смеење битно и двајцата го држиме инатот ама брзо забораваме..ептен сме интересни.. :D
     
  2. Greenny

    Greenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    39
    Многу често има недоразбирање помеѓу мене и брат ми...тој е постар од мене 3 години ама стварно некогаш претерува, вчера баш се расправавме за глупости и сеуште не зборуваме :)
     
  3. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Имам брат 4год. помал од мене редовно се расправаме и тепаме :D ..Ама ипак све ми дирај али брата не за нјега убијем :^)
     
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Несогласувања со помал брат? Абе да имаш и сестра и брат мора да имаш несогласувања. И не е до годините ви ГАРАНТИРАМ. ЈАс си имам брат на иста возраст ( близнак) и пак не се согласуваме во доста работи. На пример околу излегување в чаршија, враќање дома, мене ми се смачило, тој сака уште еден сат да поседиме со другарите, или обратно, а еден сатот на вечер, кај да се враќам сама по темни улици ???? После несогласувања околу компјутер, време на читање на иса книга, еј а за јадење( особено ручек) што да имаме леле мајчице моја , мора барем два пати неделно за тоа да се дискутира. Спас да се навикнете на него/неа, подобро е што ги имаме, да ги немаме сигурно би ни фалело друштво , и покрај што имам несогласувања со него не би го замислила животот без него. И на крај за утеха

    http://www.demotivacija.mk/bratot-e...-17255.html :) ;)
     
  5. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    имам брат поголем една година..порано многу се каравме,тепавме сега некако поретко околку компјутерот најчесто знаеме да избувниме да се расправаме.Да не беше тој сигурно би ми било досдано да сум сама :)
     
  6. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Кога бев помала мн ме нервираше брат ми, а јас него па можам да замислам, најмногу, до душа и само за тоа, се каравме за телевизија, еднаш дури и го гризнав вистински. Никогаш не ми вратил затоа што беше/е многу поголем од мене. Последна кавга, ако може да се каже беше пред 1-2 години кога му фрлив некоја ќеса без да прашам, мене ми личеше на ѓубре ама не било, и беше лут ама му ја вратив (од канта ја извадив |( ) и му се извинив и одма омекна :wasntme: Сега веќе не се караме големи сме многу и двајцата за тоа.
     
  7. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Имам постар брат 2 години. Ретко се караме али не се тепаме.
    Лани летото се скаравме за глупост |(
    Зашто не сум отишла да ја зеам дипломата на негов другар.. И цел распуст бевме скарани :o !
     
  8. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Ехх јас и братми се караме и тоа многу.не сме многу разлика околу 2 години е по мал тој.Али И сега јас имам 18 години,а тој 16 се караме и некогаш и до тепање доаѓа.Кога беф помала си мислев ајде нека нарасни можеби ке созрее малце поинаку ке размислува ама џабе сум се надевала :worried:
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Имам постар брат и мојот однос со него одамна е отиден мнооогу подалеку од недоразбирање, тоа е едно тешко лицемерче што му нема рамен. Кога најмногу требаше да се покаже како брат, како потпора, заштита, поддршка, тогаш тој беше првиот кој ми зари нож в грб. Имам на др места пишувано каква мивкица излезе за едни пари, а што е најтрагично, кога беше во една тешка каша, дада му ги даде сите пари што ги заштеди за одмор, па мене ли да ми го земеш залакот кој ми припаѓа ѓубре едно, па кај ќе ти оди таа душа? А кога ќе се потрошат парите бате? А кога ќе гоиспиеш и прокоцкаш и твоето и од твојата дадичка? Тогаш пак се враќаме на добрата теси која те брани и те вади од секоја можна ситуација во која се имаш најдено и која си ја убедува снаата да не те остави. Ама веќе реприза нема. Јас сум арна додека сум арна, кога ќе ме налутиш, веќе не постоиш за мене. Ама најмногу е мамица крива за се, таа секогаш синчето го ставаше пред мене и така и татко ми го научи. Ама ако, се се врти и баш ќе видиме каде ќе се сврти
     
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Брат ми е 5 години помал од мене.... знаеме да се скараме а може и ќотек да падне :D :D но тоа трае 15-20 минути после сме пак ок... Иако понекогаш знае да ме извади од такт го сакам и би умрела ако нешто НЕДАЈ БОЖЕ му се случи....
     
  11. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Јас имам брат 6 години постар од мене порано многу се тепавме но јас памала но поинатлива :D и сега знаеме понекогаш да се скараме но не толку често инаку многу си го сакам брат ми и многу ми е жал што оваа година ке оди на студии и нема да го гледам секој ден :(
     
  12. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    3.419
    Јас и брат ми сме две години разлика.
    Порано не поминуваше ден да не се караме,тепаме... Сега сме во ОК односи,пак има кавги ( за небитни ситници и одма ги решаваме за разлика од порано ). Јас сум постарата,па често и совети ми бара. :)
    Абе срце на дадичка... Си го сакам највише на светов ! :l:
     
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Имам брат 5 ипол години помал од мене. И нема смирување брзо. Не се поднесуваме, мала караница и секој завршува со барем една модрица или гребаница. Ненормално се караме.Највеќе го сакам коа спие и кога ме слуша, коа ке се облече убаво... Само тогаш му викам срценце на дада или фраерче на дада иначе никад... Едвај чекам да потпорасне да свати некои работи |(
     
  14. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Јас имам брат помал 4 години од мене.Порано тешки ќотеци паѓаа. :D
    Сега се смиривме малку,се расправаме се’ уште,ама лутината не ни трае долго.Сега малку тешко ни е.Јас заминувам на факултет,тој почна средно во друг град.Некако ептен почна да ми фали ;(

    Еден совет до тие што браќата постојано нешто им досадуваат.Кога ќе почне да зборува,да ви кине нерви-игнор златен .Има така да си изеде живци,може и до солзи да дојде.Ова од лично искуство ви кажувам.Посебно кај помали браќа функционира :D
     
  15. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јас имам брат близнак, порано многу се сакавме, ептен значи, сега не сакаме да се видиме, тој е влезен во пубертет покасно и си прави филмови ама тоа е ..