1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нееднаквост на мускулите

Дискусија во 'Фитнес' започната од snegulka55555, 23 ноември 2020.

  1. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.262
    Не паничи. Хипертрофиран мускул нема врска со искривување на кичма. Сколиозата е многу болна, има оток, тешко движење... Далеку си од такви болести.
     
  2. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Нееднаквост на мускулите е многу нормална појава, нема човек кој ја нема. Се должи примарно на анатомската градба на човекот , исто толку влијание има и генетската. Не е правило, но пример деснаците секогаш имаат поразвиени мускули на десната надлактица, бидејќи креваат тежина или спортот со кој се бават замавот им е со таа рака, просто кажано доминантните движења ги прават со доминантната рака, кај леваците си оди истото тоа соодветно. Кај нозете исто секој човек има поразвиена нога, десна и лева, доста често во бодибилдингот особено се забележува при изведување на тежински тренинг леваците да покажат поголема сила и издржливост во десната нога, деснаците во левата но пак ќе кажам не е правило. Диспропорцијата не е нешто загрижувачки освен доколку не станува збор за сериозно искривување на рбетот. Едноставно тоа е нашата природа. Можеш да работиш на изедначување на лева група мускули наспроти десна, но дека ќе ги доведеш до перфекција, тоа е тешко речиси невозможно зошто секој мускул не совладува иста тежина, отпор за исто време, и нема иста сила како истиот мускул на спортивната страна. Најдобро се корегира со тежински тренинг во теретана, а предуслов е да си се прифатиш таква каква што си, зошто сите луѓе сме со нееднаквост, совршенство кај човек, не постои.
     
    На eliesaab, Angie1432, AAKG и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.014
    Допаѓања:
    4.712
    Пол:
    Женски
    јас бев еднаш на преглед на стапала, и докторката ми рече дека сите муслуки од десна страна ми се поцврсти од левата идека повеке тежина ставам на десната нога, ми даде совет до очнам повеќе левата страна да ја користам,да тргнувам со лева нога, кога носам терет да го распоредам потешкото на лева страна, по скали да тргнувам со лева ного, демек да почне мозокот да примаповеке информации за оваа страна и повеке да ја зацврсне.незнам дали еточно, пробај
     
  4. snegulka55555

    snegulka55555 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    78
    Moze da mi pratis vezbi za zacvrstuvanje samo na levata strana od r'betot?
    A dali vezbite pomagaat za zacvrstuvanje samo od ednata strana od r'betot?
     
  5. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Би сакала , но навистина не можам, само сум фитнес интузијаст и поради тоа што немам лиценца за фитнес инструктор, ниту пак сум здравствен работник, не би се осудувала да ти помагам околу ваков проблем. Би те советувала да се консултираш со стручно лице, бидејќи со ниеден мускул не смее да се "eкспериментира" , особено не со 'рбетните мускули со оглед дека го фиксираат самиот 'рбет во кој се наоѓа и 'рбетниот мозок, бидејќи погрешно изведување на вежбите или пак, нивно погрешно повторување, би можело само да доведе до компликации.
     
    На snegulka55555 му/ѝ се допаѓа ова.