За мене почесно место има Френк Барон! Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=mCO0RCad8NA http://www.youtube.com/watch?v=9LAZcBPAVQg
Ајде не се повторувам, ќе спомнам некои што не се спомнати. * Ште ве молам, Тропски горештини такозвани Tropical heat и legendary: Ник Слотер, со хавајските кошуљи, љубовџискиот став и gun-от у руци. * Тројкава од Сен Тропе (и Луи е тука од мушките). П.С: само што видов дека од '96та до 2008ма година се снимала серијава, занимљиво! * Мајкл Џи Фокс во `Лудиот град`, ма да и Пол и црнчето ми беа исто така смешни: Ај сега нешто од шпањолскиве ... * Палома и Диего - преубав пар, во мојот омилена шпанска серија, радо би ја гледала пак! Енергични, избувливи, море ги погодиле! и ко за на крај Миа Колучи и Руби! И најпопуларната изрека на Миа: Колку е тешко да се биде јас или que dificil e ser yo или како и да е!
Речиси сите што ги имате споменато,да не се повторувам,плус http://www.youtube.com/watch?v=9de1uaoAv7o http://www.youtube.com/watch?v=Vga4UZs6tpQ ова ми е најдобрата сцена,сите ми беа интересни ликови,сите ги сакав http://www.youtube.com/watch?v=7xrClnQw ... re=related Али колку е... луда Не можам д аја најдам сцената кога го гледа бебето,многу е слатко http://www.youtube.com/watch?v=LyK6MkNhAs8
Од шпанските има само два лика кои ми се издвојуваат и тие сум ги запамтила. Milagros 'Mili' ( Natalia Oreiro ) во Дивиот Ангел или Muñeca Brava. Kachorra со чорапот Es una descarada por ser la más hermosa No tiene casi nada pero le gusta la vida cara.. Chandler Bing - Friends! Сарказмот го засакав поради него иии да не се повторувам за Sheldon Cooper и Barney Stinson, да не беа овие два лика немаше да имаат гледаност How i meet your mother и The big beng theory!
Обично лошите улоги ги памтам, ама еве некои и добри.. Од оваа, имам трауми, тешки. Еве го, и кривиот патец, од Барајќи го тато. Врска немам кај глумела, ама фацава и ја памтам, и 100% била лоша. Девојчево, највеќе го памтам од Седмо небо. Рекс, бе Рекс. Конечно и го запамтив правото име. Маграритка од Барајќи го тато. Госпожа од Очајни Домаќинки. Пискалово од Иза. Ваљда беше од Анали, врска немам. Госпожата од Клон. И оваа врска неам која е, ама позната ми е. И овој неам поим кој е, ама гарант бил добар, и у некоја главна улога. Еве ја и точачево. Оваа била некоја лошотија, гарант. На врв на јазик ми е, ама.. Лоша била и оваа 100%. Тројцата мускетари од Врела крв. Абе и оваа глумеше у еден филм, синхронизиран, јаваше нешто коњ. И во главна улога беше. Еее па, незнам ни овие кои беа, ама ги знам. Е овој и во сон ќе го кажам. Кол од Волшебнички. И каде без овие двајца?
Мислам дека Law and order гледав само заради него каква улога, уф го обожавам... Vincent D'Onofriо или Detective Robert Goren Smarts and looks
Со оглед на тоа колку серии имам изгледано, сигурно има и многу актери што со нешто ми оставиле впечаток. Моментално ми текнува само на следниве, веројатно бидејќи одсекогаш ми биле the best. Бата Живоиновиќ, Небојша Глоговац и Никола Којо. Српски филм не е добар филм ако тие не глумат во него. Секоја им чест поштено. :up: Капа им симнувам. Посебно на Бата во улогата на "јаооооо црни Аранѓеле"-во "Среќни људи". Серијата уште 100 пати да ја има, упорно ќе си ја гледам! И Јелисавета Сабљиќ која секогаш успеала да ме насмее. Хрватите ретко кога ми се допаѓаат како глумат. Ама има и исклучоци. Како што е на пример Ванеса Радман. Исто така Ксенија Пајиќ. Кога на почеток почнаа да ги даваат хрватските серии, немаше серија без неа. Но, заслужено! Линда Бегоња. Има нешто во неа. Убава, шармантна и квалитетна актерка. Секаква улога и прилега и секогаш знае добро да си ја заврши работата. И како позитивен и како негативен лик. Сања Вејновиќ исто така е добра актерка. Уствари во "Ларин избор" не ми се допаѓа, ама тоа до ликот е. Многу ми е лигава. Ама затоа во "Гордоста на Раткаеви" вистинска дама беше и жена на место! Си се држи Сањчето. Шпанските сега Цезар и Фернандо гледам веќе се спомнати, па нема да ги коментирам, само ќе кажам дека и мене ми имаат оставено впечаток. Mario Cimarro, ах едно време колешка ми беше луда по него. Сега по друг се манијачи. На времето и мене ми беше убав и секси. Наталиа Ореиро исто така ќе ја споменам. Во памет ми е по оние нејзините машкасти улоги кои баш и лежеа. А и како пејачка не е лоша! Барбара Мори ја знам само од серијата "Руби". И не ја сакам толку неа колко што го сакам ликот на Руби. Иако беше негативен лик многу голем впечаток ми остави, и искрено понекогаш посакувам да сум како неа. Башка актерката е многу убава. Црвената боја совршено и стои, како и на мене. Колку и да не ја сакам серијата "Љубов и казна", неможам да кажам дека Tomris Incer е лоша актерка. Баш напротив, совршено глуми! Е сега што ние со нашата синхронизација се укакавме па таа внукот си го вика Фнук, тоа е друго. Следен е Чарли Шин, и нема да објаснувам зошто и како, доволно е само 5 мин. да се погледа некој филм или серија со него. И за крај, и покрај тоа што не сум многу по филмови, морам да си го спомнам и Џорџ Клуни. Само ќе кажам дека човекот е срцка. И како остарува станува се поубав, посекси и попривлечен....
Dr. Addison Montgomery - Private practice / Grey's Anatomy I am in love with her ! Личност со прекрасен карактер.
Michael J. Fox as Mike Flaherty in Spin City and Neil patrick harris as Barney Stinson in How i met you mother
- Mike Flaherty Сеуште неможам да го прежалам што ја напушти серијата "Spin City" Прекрасен лик што никогаш нема да го заборавам! - Al Bundy (Married with children) - Rumpelstilstkin (Once upon a time) - Commander Taylor (Terra Nova) - Charlie (It's always sunny in Philadelphia) - Barney и Marshall (How i met your mother) - Sheldon Cooper (The big bang theory) - Crab man (My name is Earl) - Will & Grace (сите ми се незаборавни, откачени и смешни) ... Оф леле, мојава листа била големка, а сеуште не сум ни до пола со набројување. Ок, овие ми паднаа на памет во овој миг, а за тие што не сум ги вметнала, ќе напишам другпат.
Како бре ја заборавивте легендава?! Нема епизода од стол да не ме преврти! И да признаам не ја ценев многу како актерка ама овде...ме наежа! http://www.youtube.com/watch?v=IXhDCrpv ... re=related Дефинитивно мојот најомилен лик од ТВ серија.
James Ford-Sawyer ("Lost")-Josh Holloway Дефинитивно без него серијата немаше да биде она што беше. Цел хумор се вртеше околу него. Саркастичен, ироничен, но реален до срж. Навидум копиле на кое не му е гајле за никого, всушност зад целата таа маска се крие осетливо човече кое се би сторило да помогне некому ако може. И би се жртвувал себеси за оние кои му значат. Одличен смисол за хумор, харизматичен, духовит....И добро одиграна улога. Alex Mahone ("Prison break")-William Fichtner Настрана улогата на Wentworth Miller, веднаш штом се појави овој карактер ми го засени ликот на Мајкл во целост. Преинтелигентен, препаметен....и порочен. Најмил ми беше во сезоната кога е во затворот Сона во Панама......Ауууу како ја одигра улогата Немам коментар, ме остави без зборови. Од втората сезона па натаму серијата многу повеќе заради него ја гледав. Маестрален лик, целосно оформен, и феноменална глума од човеков, неверојатно го долови карактерот на Алекс.
Морам во потполност да се согласам. И јас го многу сакав Мајкл ама неговиот лик во четврта сезона според мене малку се упропасти. Додека Алекс си беше стандардно добар, мене пак особено во втората и четвртата сезона ми беше одличен. Многу интелигентен, шармантен а особено ми беше интересен неговиот карактер. Исто така и кога сакаше да се одмазди за смртта на неговиот син, кога го уби тој црнецот, дефинитивно најјак дел. За глумата нема потреба ни да зборувам, одлично одиграна улога. Се на се, Алекс Махоун лик за паметење .