1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Незаборав (Forget Me Not) [2009]

Дискусија во 'Филмови' започната од Mishela, 24 август 2011.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ова е типичен ''хорор'' филм со духови, само доколку го гледате прв пат, потоа со секое наредно гледање добивате чувство како да чудовиштата се марионети и се прашувате зошто всушност сте се исплашиле.

    Главните улоги ги имаат Carly Schroeder (Сенди) и Cody Linley (Илај).

    Приказната датира од детството на сите тие деца (кои веќе во филмот се пораснати), се случува несреќа со мало девојче - сираче, од ''проста причина'' што децата почнуваат да играат една баш недетска игра на гробишта и така да кажам духот на тоа девојче (Енџела) ги прогонува и им враќа мило за драго.
    Да напоменам дека не е баш за луѓе со слабо срце - има некои сцени кои се навистина потресувачки, не би зборувала за нив, бидејќи и мене ми беа така малку језиви.
    И морам да кажам дека ич не ми се допадна крајот, дури и ми беше малку нејасен, ама тоа беше сигурно дека ич не пробав да се внесам во филмот и да ја видам суштината, како и да е, просечно филмче е. :)

    Дали го имате гледано филмов, кои се вашите впечатоци, пофалби, критики и тако даље ...
    :)
     
  2. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Го изгледав денеска, баш затоа што видов дека си ја отворила темава :rofl: Добар беше, убаво почна, ама не бев воодушевена од крајот. Добра замисла, ама лоша реализација. Друго очекував. :)
    Се на се, добар, просечен хорор. И да, не ме уплашија духовите/чудовиштата/фантомите.. што и да беа.