1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Незадоволства од мајстори, доставувачи, продавачи...

Дискусија во 'Дом' започната од Captain-Omni, 5 мај 2014.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Од досегашното искуство со македонски продавници за мебел, бела техника, домаќински апарати, всушност, сите продавачи во сите области, може да се каже дека имам едно од десет добри искуства. Останатите девет е каење што некому сум дал пари, бидејќи не сум добил услуга за тоа што сум платил.

    Последното е шпоретот кој го купив, а кој ми го продадоа без кабел. Кога се јавив, ми рекоа дека сите шпорети се продавале без кабел, па дури и мутав ме направија како тоа не сум знаел. Епа извинете што секој ден не купувам шпорети за по дома. :fubar:

    После тоа морав да си купам кабел и да викнам мајстор, а откако тој дојде и нормално, ми наплати, констатираше дека шпоретот е расипан, па се јавив во продавницата откај што го купив, за да го рекламирам, а таму ме убедуваа дека лош мајстор сум нашол и дека требало да ги викнам нив. Е супер, беспари советување ми дадоа, фала им за тоа. :swear:

    На крај, дојдоа едни шабани два дена покасно откако закажавме датум, за да констатираат дека шпоретот е расипан и да го земат со нив за да ми донесат нов. Сега си седам со куп дадени пари, без шпорет и без живци. :@

    Раскажете ни за вашите искуства и ги молам администраторите да дозволат пцовки и да го смениме насловот во (+18) за да можам да им ги испратам сите клетви на сите шупци кои радостите во купување нови нешта за дома ми ги претвориле во нервоза и очај.
     
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Браво за темава. Затоа што скоцкувам стан од нула, буквално уште во тек на градба, на темава можам книга да напишам :rock: Јас искрено немам некое големо негативноо искуство, односно да ме зезнале до крај за сите пари, но тук таму ќе те подзафркнат без да си свесен.

    Прво јас бав прва другарка со мајсторите што ја правеа зградава. Значи не надзори или архитекти, туку мајстори тие што требаше плочки да лепат, санитарии да ставаат, корекции да прават, да ми најдат уште некоја плочка, или да ми направат корекции на моларајот и слично. Е тие и денес на улица ко ќе се сретнеме здраво си викаме. Имав тел. број од секој од нив па чичко овој, оној. Па едно чудо кока коли, води и блакца имаат од мене испиено. Ден кога требаше нешто да се корегира јас си одседував работно време на објект.Така ти е тоа што ќе правиш.
    Кога почнавме со опремување собирав препораки од повеќе столари. Им звонев на телефон ко ненормална. Толку на дечко ми му се немам јавувано. Ако нешто мразам е да ме влечкаат со денови и јас ко млада невеста да чекам. И на секој еден со напомена ако мислиш да ме влечкаш денес утре задутре ич не почнувај. Подобро речими, имам многу нарачки ќе биде за 30 дена и јас си чекам, на 31 веќе имаме проблем. Пари многу унапред не сум давала, само на проверени луѓе, т.е наши.
    Стварно ел.уреди се без кабел и јас бев запрепастена. И тоа никој не ти го кажува во мојов случај во нептун. И као сите цуцкаат па како бре девојче незнаеше. Инаку јас си викнав мајстории да ми ги наместат и ги извадија од кутиите и ми викат дај каблите да поврземе и јас молам :o па трк да купиме да не доаѓаат пак.
    Генерално мој впечаток е дека кога купуваш ел.уреди во денешто време е мачка во вреќа или што би се рекло како ќе ти се трефне.
    Конкретно микро купив и дур се правеше кујната помина периодот за дирекна замена, нели. И го уклучуваме после не работи т.е дува ладно. Ајде во видео дата, будала ме правеа, демек јас незнам. И јас им викам епа дај запишетеме на некој курс за ракување со микро. Па тој зема полн со себе, стави чаша вода внатре у стилу сега ќе видиш и оп, ладна. Ееееј не работела. па сервис, нешто до инсталацијата било. Па паметните од нептун не ми дале целосна гаранција (листот со фискалната да, ама требало и некое тефтерче) па трк таму, па креваат раменици, мене ми пукна филм ко ги построив ко мали деца тие некои шефчиња таму, и го најдоа тефтерчето.
    Втора ситуација клима од нептун. Треба да дојдат на монтирање, јас слободен ден од работа земен. И се јавуваат монтерите нема да стигнат за денес, молам. Пак во нептун и пак иста песна, па за чудо стигнаа и поставија.
    Имав ситуација и оштетен мебел од југоекспорт ми доставија. Па се натегавме на телефон, као еве со огромен попуст, а јас несакав си ги сакав парите назад. Неможело според нив, а според мене закон има во кој стои дека ако ми достават оштетен производ имам право да си ги барам парите и си ги барам инаку ќе ве пријавам во пазарен испекторат. И се убедивме ми ја вратија цела сума, а парчето мебел уште истиот ден си го земаа. Мора човек да е упорен со живци ортоми, и да знае на што да се повика како аргумент.
     
    На Freyja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kelebeim***

    kelebeim*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.335
    Пол:
    Женски
    Те читам, како јас да сум во ситуација. Истите раб и мене ми се случија: не со Нептун не со Југоекспорт абе со се.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Познати ми се тие далавери на балканските трговци и незнам што да кажам за тоа, освен дека е непријатна реалност.
    Но, можам да ви напишам едно мое искуство од Канада и како тоа се функционира.
    Не дека ги нема и тука но постои начин како да се заштитите.

    Постои телефонски број од асоцијацијата за заштита на потрошувачи која е задолжена за сите купупродажни зделки до одредена сума.(над одредена сума судот е надлежен ама тоа се веке комерцјални зделки и увоз извоз).

    Конкретно што се случува и како тоа се функционира...
    -Купувате производ со кредитна картичка за да може да си плакате на кредит и до 36 месеца без камата обично.
    -На документите од кредитната картичка се наоѓа бројот телефонски на асоцијацијата или пак може да го пронајдете на сајт.
    -не сте задоволн со производот или пак производот не функционира и сакате да говратите а сте претходно одбиени од продавачот на лице место
    -се јавувате на бројот и давате ваши лични информации и секако број на сметка со образложение за производот
    -за три дена парите асоцијацијата ги повлекла од сметката на продавачот и легнале на вашата сметка
    -продавачот е известен за тоа и добива законски рок од 15 дена да си ја подигне робата со претходно закажан термин со вас од кај вас дома(секако ако се работи за потешки артикли како што е белата техника)
    -идете на сајт на фирмата (анонимно) и на продавачот(кој што на сметката мора законски со име да фигурира) и го праите лом за да прочитаат другите а и газдите на фирмата што се случува со потенцијалните купци и каков е односот на неговите вработени кон бизнисот(пошто никој тука не купуе ништо од продавници со сомнителен бонитет-се се тоа мулти национални корпорации кои се колат мегу себе за екстра профит)
    За споредба само...пред неколку години кога решив да си купам гитара(пошто морав да ја пробам неколку дена а законскиот рок за вракање е 30 дена, пред да се одлучам за вистинската си пробував преку 20 гитари дома по два три дена и ги вракав.)
    Хав а најс деј...тенкју.8)
     
    На eliesaab и irenna им се допаѓа ова.
  5. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Најчесто сум претпразлива при ангажирање на мајстор за санација на некоја работа во домот( се распрашувам,се обидувам да најдам инфо по форуми) и бидејќи ми се случи непријатна ситуација сакам да ја споделам со вас.
    По препорака од фригошоп ангажирав водоводџија за да залепи трака како опшивка на када во бања (bison-sealant strip) сметајки за подобро решение од силикон. Како резултат добив изгребана када, незалепена трака, катастрофа решени ќошови и наплатена услуга. По завршента работа од нивна страна требаше јас да проучувам како се лепи, да ја загревам лентата за да ја поправам работата.
    Сметам дека мајсторите беа непрофесионални и не ја завршија работата како што треба и се понашаа како никој да не им може ништо.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Имам само едно негативно искуство. Требаше да набавиме комода. Јас сакав од фирма да порачаме, а овој мојов запна преку некој што го познавал. Нормално, парите дадени, а комодата не е целосна. А тој никаде го нема.