Ве молам за инфо каде може да се направи верифи или хармони тест и колку коштаат...имам инфо само за нифти па би сакала околу цените некој ако знае да ми пише
Здраво. Тестот се прави од 10та гестациска недела па се до крај на бременост. Цената на основната опција на тестот е 635€, а на комплетната опција е 740€. Испитувањето се прави во Калифорнија и резултат добивате за 5 работни дена , ова ти е инфо за верифи подетално не знам бидејки правев нифти
Кога сум пишала "уште малце" навистина не мислев на толку малце После две ипол недели од постов се породив Важно се е во ред! 8ми месец го газиме
Во Грција цената е од 350 до 490 евра, поефтиниот е со испитувања на помалку аномалии, а поскапиот е со испитување на сите аномалии.
Јас живеам во Грција. Во било кој град може да се прави, потоа го праќаат примерокот надвор од Грција, не знам точно каде.
Претставништвото е Солун и Атина, а застапници има скоро во секој град кои соработуваат со нив и ги испраќаат примероците од крв.
Пишав и на страната на фб ,се јавив и на агентката исто ми кажаа и на двете места , но бидна , за второ дете ке гледаме подобра варијвнта здравје Боже
Verifi supplement handout - првата опција за тестирање, која вклучува -т21, т18, т13, полови анеуплоидии, МХ- Тарнеров синдром, ХХХ, ХХУ и ХУУ по цена од 28.500 денари Целото тестирање се прави од 7-10ml венска крв од раката на мајката, со точност од 99,99% и во CLIA и CAP акредитирана и сертифицирана лабораторија (Verinata Health), во Калифорнија. Резултатите ги добивате за 5 работни денови. Здраво девојки, што мислите за цената и тестот? Пропуштам ли некое друго важно испитување доколку го одберам Верифи за оваа цена? Благодарам за искуствата.
Еве што се испитува со комплетното Нифти на пример, па спореди што не вклучува овој пакет на Верифај. Занемари ги штиклирањата отстрана, тие ми се кога го споредував со Панорама тестот. Покрај Трисомии 21, 18, 13, се испитува за уште 92 други генетски аномалии. Кога размислувавме кој да го одбереме, се решивме за комплетен пакет, еднаш се прави.
Verify e najevtin vo Zan Mitrev. Najgolemiot paket e 36.000,00 denari, dodeka preku agent e 740 evra. Za 7.000 denari koi sega moze ti se cinat deka se mnogu jas se odluciv na celosniot paket za da spijam mirno.
Јас правев Хармони,денес ми се јавија,супер се резултатите ,а и тие беа љубезни.На три рати може да платите
Јас ги споредувам verifi тој најголемиот пакет кој е 590 евра и nifty кој е 670 евра. Знае ли некоја од вас зашто би го одбрала поскапиов? Ми изгледа дека исто испитуваат