Здраво од мене. Јас бев во иста ситуација, и по консултации со доктори и со претставници од лаборатории што ги нудат тестовите, се одлучив и го направив Нифти Про тестот. Ми беше само препорачано да го направам во 15та недела, или 8 недели по прекин на срце од второто ембрионче. Резултатите беа во ред. Поздрав и со лесно.
Искуства со Veragene? Гледам најширока палета имаат. Му имаат лажно позитивни/негативни резултати дадено на некој?
Јас го правев и сум презадоволна од се пристап, опфатеност на тестот, објаснување, стигнување на резултати во точен даден интервал на изработка. Еве ме до сега 22недела фала богу се е во ред и на втор скрининг кај Димчев беше многу задоволен од се. Нека каже некој повеќе што веќе се има породено а го има правено тестот.
Да се самореплицирам зошто ужасна нервоза ме дрма. Некој скоро што правел нифти, кога му јавиле резултати?
Мила, денес ми јавија резултати. После 10 дена. Се надевам и тебе. Се на се, задоволна од Гинекаликс.