Кој тест го правеше? Мислам дека второто боцкање без пари ќе е,имаше членки споделуваа тука искуства.
Девојки здраво. Правев нифти тест во гинекаликс во 10-та недела на кој покажа делеција на хромозом. Од гинекаликс ми понудија да направам уште еден тест со амнио синтеза во 18та недела со што парите за второто испитување ќе ми бидат вратени преку нивното осигурување. Ова беше во август месец. Керка ми има веќе 4 месеци. Прашањето ми е дали некоја имала слично искуство и дали добила рефундација на пари или да не се надевам залудно Од канцеларија не добивам никаков конкретен одговор
Потпишав. Ама ми беше кажано дека во рок од 2 месеци сила ќе имам поврат,а поминаа 9 месеци и уште ништо па затоа прашувам.
Звониш во канцеларија ти викаат да се консултирам со колегите, звониш на Мики чекај да се јавам во ординација и така во круг )
Искуства со гинекаликс за нифти? Дали сте задоволни? и за колку дена ги даваат рез? Би правела утре, се мислам за таму, па дали до следната недела би биле готови?
Хелоуу женски. Ме интересира ако може некој да сподели која цена е сега нифти тестот, која недела се прави и што опфаќа од испитувања? Дали јас сама си бирам пакет или еден е во прашање? После колку време стигаат резултати? И што е разликата со тој Панорама? Исто така дали правите и приска или само некој од овие тестови? Препорачано ми е да го направам со оглед на тоа што претходно имав два спонтани, сега сум пак бремена околу 7ипол недели и се е во ред. Со срце сме со се. Претходно еден missed и blighted ovum имав, не бев покриена со никаква терапија. Благодарам за одговорите