Јас бев во иста ситуација. Зголемен вратен набор може ама и не мора да значи дека бебето има некаква аномалија, најчесто даунов синдром. Јас на прв скрининг имав вредности на граница, на втор веќе над граница и ме извадија од памет па правев дури тогаш пренатален. Испадна се во ред со пренаталниот и со бебе кое сега е здраво право и има скоро 2 месеци Кај мене испадна скрос друга причина за зголемениот вратен набор, ама да не ти праам стресови џабе штом е пренаталниот во ред уживај во бременоста и опушти се
Wow , многу ти благодарам што се надоврза и што ми пиша затоа што од никој не слушнав вакво искуство кај нас во МК... И кај мене беше гранично во 12та недела кога ме гледаше Др. што ми ја води бременоста, а сега на втор скрининг доста над нормалата... Дури и магнет на бебето му правев бидејќи се плашеа да не е нешто структурно...Побудалена сум веќе еден месец, секој ден сум на мисла дали да правам амнио или не.... Не би ме извадила од памет доколку ми споделиш каква беше кај тебе разврската бидејќи верувај ми се изнаслушав од најлошо до тоа дека може да е само кожа....
Инаку, сега закажав за Нифти Про. Одбрав пакет за со матични клетки, ако некој го интересира и планира во брзо време. Имаат промоција. 2900 евра е Нифти + 30 години за матични клетки, и плус промоција уште 30 дополнителни. Значи 60 години за матични клетки. Зимаат крв од папочна врвка плус ткиво.
Не не, тоа беше Панорама на Геномикс. Сеа закажав за го понеделник за Нифти Про во Гинекаликс. И ми кажаа за пакетот за со матични плус, дека и тоа секако планирав. Со тој пакет, доаѓа поефтино. Затоа и кажувам, ако некој планира за тест и матични клетки, баш е добра понудата.
И мене ме тераа магнет да правам и амнио. Т.е една докторка беше за други против. Јас бев доста ретка ситуација па матичната се консултиташе за мене со Данева од ГАК и со докторки од Бугарија и Англија. Иако пренаталниот беше ок Данева инсистираше на амнио бидејќи претходно ми рече да направам и тест за парво вирус и испаднав позитивна! Таа инсистираше на амнио за да се видело дали вирусот е пренесен на бебето. Вирусот ако е пренесен на бебето може да му направи отоци и да заврши кобно, во ретки случаеви да биде опасно и за мајката. Ама може а не мора да значи, може и да си го има вирусот и никакви последици да има! Битното е , кога веќе бебето ќе се роди никаква опасност ни последици нема од тој вирус, како настинка да поминало. Јас се решив да не правам амнио и да верувам дека ние нема да сме у тие ретки случаи затоа што и да правев и да го имаше вирусот сигурно немаше да абортирам во ваква ситуација. Одев на контрола секоја недела да го следат бебе да не недај боже има некој орган отечен и иако се беше во ред секоја контрола ми беше во грч и со страв што ќе ми кажат. Како и да е, помина се
Од срце ти благодарам за одговорот, верувај секоја информација ми е добредојдена, а во овој случај имаме и споделено искуство за наредни трудници кои недајбоже би се нашле во ваква ситуација да знаат дека не е се црно и бело. Да сте здрави и живи со бебушка и само убавини посакувам за секоја од нас.
Девојки, дали сте задоволни од пренаталниот тест во Авицена? Јас се мислам за Систина или Авицена, а и разликата во цена не е мала.
Во Ферти, кај матичната, поблиску е до канцеларијата на Панорама. Ама нема врска тоа кај и да правиш, дури те боцкаат претставникот од Панорама си е во собата со тебе, и си ги пакува после одма примероците и си ги зима.
И јас правев Панорама, ме боцнаа на 12+4 бидејќи не сум од скопје така одговараше, за точно 8 дена имав резултати без никаков проблем со фетална фракција од 6%.
Денес и мене ми се јавија од Панорама дека немало доволно а се боцкав во 12 недела и 2 дена. Вработенава е толку непријатна, ми рече буквално 'не е до нас резултатот до вас е', бог да чува ме интересира дали правеше нифти после тоа и дали имаше доволно фетална фракција?
Јас го правев veragene, задоволна сум но најискрено од тоа што го презентираат од се што е опфатено очекував малку поопширни резултати. Но фала му на бога се беше ок во резултатите па не сакав да навлагам за повеќе.
Тие што правеле Veragene во авицена, колку недели бевте кога правевте? На страната им пишува дека може да се прави уште од 10та недела ама се плашам да не нема доволно днк, а многу сум нестрплива. Ако го правам во 12та тек во 14та недела ќе добијам резултати.