Јас со скрининг чекање и се ми дојде скоро 13 недела, иначе можеш на пола од 10 недела да си направиш резултат ти е од 7 до 10дена. Мене ми стигнаа на 8ден бидејќи 7ден беше недела и не работат па се јавија одма во понеделникот. Само јас прво би направила ехо скрининг па после би отишла да се боцкам ова е мој совет. Со лесно и со среќа
А зашто прво ехо скрининг? Чисто ме интересира, зашто јас секако сум решена да правам пренатален, резултатите како и да е би ги добила после скринингот..
Не знам, јас имам позитивно искуство со нив од претходната бременост, ама сега е сменет персоналот што е тука и многу непријатно ми е второво искуство. Сега се мислам дали да го повторувам тестот кај нив или да правам во Авицена или BioSafe.
Se javiv vo Genomiks za Panorama imale 3 paketi, so ogled deka iam 36 god mi go predlozi 2 i 3ot paket (40 000 i 45 700den). Vo USA gi prakjale za izrabotka i se cekalo do 10 rab denovi odnosno 2 nedeli.
A zasto neprijatno iskustvo so Genomiks ? Za niv se mislam..skrining imam vo sistina na 13+3 i sega mi e na misla dali ke bide kasno dokolku cekam 13+4 nedela da go napravam testov..
Ради односот на вработените што се сега. Кога отидов да се боцкам прво ме обвинија дека ги лажам дека втор пат го правам тестот и не сакаа да ми го одобрат попустот бидејќи наводно не сум излегувала во базата на Натера, па дури и ме убедуваа дека сум правела некој друг тест во претходната бременост. Ме најдоа по презиме кога видоа дека сум упорна и дека точно знам кој тест сум го правела. После прилично лошо ме боцна таа сестрата од Ferty, никогаш не ми останала таква модрица, едвај ми ја погоди вената. И после две недели ми се јавија да ми кажат дека немало доволно фетална ДНК за да се направи тестот и кога ги прашав како е можно во 12 недела да нема, ми рекоа епа тоа не е до нас до вас е, има пациентки со 10-15% фетална ДНК во 10та недела, пошто нели нема да се вознемириш ако те споредат со друг. И исто така ги прашав дали е проблем што примам клексани, ми рекоа дека не е, за сега да ми кажат дека можно е тоа да било проблемот па да паузирам еден ден пред да се боцкам пак. Прилично не знаат како да се постават и како треба да разговараат со пациент кој плаќа 700+ евра. Тестот е добар, нема муабет тука затоа и го правам втор пат ама односот мора малку да си го оправат.
Да се надоврзам само дека и на колешка истото и се случи со вената. Сестрата и ја утнала. Имаше огромна модрица на раката. А колешкава има преубави вени дури таа искоментирала: не знам како можев ваква вена да утнам. Да, се случува на секого ама дека го прочитав и од тебе очигледно е дека сестрата не баш знае да боцка. Иначе немаше забелешки за тестот и навреме и беа доставени резултатите.
Во Ферти ме избоцка и на двете раце сестрата, и не успеа вена да ми погоди. За на крај да ме боцне женава претставник на Панорама тестот. Ама мислам зависи која сестра ќе ти се погоди. Ме има и другата боцкано, топ си беше.
За во Гинекаликс? Ми рекоа дека до шест рати може, ако не сум грешка. Ама дефинитивно рекоа дека може на рати.
Ti blagodaram mnogu na detalen odgovor, nego jas sum razbrala pogresno, Fertiklinik mi go nudat za Panorama test od kaj dokt.Lazarevski sestra Anita mi go posoci. Sega nemam info za Fertiklinik moze nekoja od devojkive ke kaze iskystvo. Na site neka ni bide so lesno i rezultatite da bidat deka nosime zdravo bebce