Денес ми стасаа резултатите од Qualified 180, точно 5 работни дена од кога ми зедоа крв. Фетална фракција 6% а дента пред тестот примов клексан. Се е уредно сега наредна недела сум на прв скриниг.
А за Нифти Про од Гинекаликс колку чекавте? Се боцкав претходниот понеделник, веќе 8ми работен ден помина од тогаш. Дека ми е трето боцкање, и повеќе од месец дена се маткам, стварно не можам веќе да чекам... До сега мислев ќе има резултати.
Off lele ti epten se iznaceka so rezultative i epten tise izdolgovlece.I jas minatata sreda se bocnav panorama pa se nadevam do petok kemi pratat rezultati
Денес добив резултати на маил и тоа доста брзо. Дури и ми беше страв да ги отворам, ама во маилот ми имаа напишано дека се во ред, па ми олесна. Колку шо видов и јас, ок се, фала на Господ. Во однос на полот, на последниот преглед кај приватен доктор на 4Д, ми рече "Аа изгледа машко ќе имаш." Се чудев како виде кога е рано во 13та недела. Денес во резултатот, пиши женско Мене искрено ми беше сеедно, само да е здраво и живо. Еве ако некоја знае повеќе детали околу резултатите, слободно нека ѕирни и ми потврди дека се ок. Ви посакувам на сите добри резултати
Се е супер, се е низок ризик. Преку крв е најточно. И во 12 та недела е повеќе претпоставка отколку точно на ехо. Затоа и многу грешат и после на втор скрининг им потврдуваат пол обратно од 12та. Така да опушти се сега и уживај, си носиш мала лепотица.
Фала ти многу А, за полот..хаха не требаше да му кажам на мажот ми дека така ми рече докторот, си се надеваше на машко и денес се изненади и јас исто гледав алишта за машко бебе Ајде, нека се роди здраво и живо, па второто машко
Дај боже господ кај сите да дава барем по едно, па што сака нека биде. И маж ми сакаше повеќе машко и девојче носам, ама ние побаравме да не ни кажуваат на ехо. Пошо правевме нифти и си пукавме балонче, а мене сеедно ми беше само да е се во ред.
Леле шубо Така е, амин, само здрави, живи и сегде нека даде Бог. Лесна бременост и тебе и гали си ја убавицата П.С. А, која недела си?
15+3 сум. Уживам во втор триместар после многу тежок прв. Од мачнини, гадење и повраќање. Живнав хахах.
Ее 1 недела си пред мене јас 14+3 Исто и јас со такви симптоми освен шо не повраќав. Се надевам дека се ќе биде добро до крајот.
Devojki konsultacija edna. Utre se bockam vo Ferrtyclinic za testov Panorama na Genomiks, so ogled deka tuka citav na forumov Kleksan podobro e da ne se bocne 24h, dali nekoja go prasala Jani dali e rizicno dokolku 1 den se izbegne? Jas se bockam 20 30h 21h obicno, i se mislam eve sto da pravam.. ako ne utre posle davanje krv odma vo 9h da se bocnam. Valjda ne e rizicno, inace sum 10+5 utre.
Денеска конечно, после месец ипол боцкања и чекање, добив резултати од пренаталниот. Супер резултати, и женско е бебенцето. Пофални зборови за Нифти Про - Гинекаликс. Изолирана фетална фракција многу поголем процент во споредба со Панорама... А сите тестови на две недели точно ги правев. Ама најверојатно така се погоди, изолиран случај кај мене. Ви посакувам на сите убави резултати.